Дискусијава отиде со пребрзо темпо, каснам малце ама на неколку етапи ќе одговорам на сите прашања, како што си е редот. За денес само ова:
2. Воу што да сварам бе? Едноклеточен еволуирал во повеќеклеточен?
Ајде едноклеточниот организам кој е во експериментот е КВАСЕЦ. ВО кој повеќе клеточен организам еволуирал?
Колку гени има квасецот, а колку гени има новодобиениот БЕЗИМЕН ПОВЕЌЕКЛЕТОЧЕН ОР ГАНИЗАМ?
Не е проблемот во варењето на информацијата и експериментот, туку ВО НЕГОВАТА УПОТРЕБЛИВОСТ КАКО ДОКАЗ ЗА ЕВОЛУЦИЈАТА ПОМЕЃУ ВИДОВИТЕ. АМАН.
Ти негираше дека е можна еволуција од едноклеточен во повеќеклеточен организам. Експериментот е доказ дека си погрешил. Ништо повеќе! Моите цели се далеку поскромни отколку да ти го надокнадам она што си го пропуштил да го научиш досега, или да ти го разјаснам се' она што погрешно си го научил. Јас само ти докажав дека твоите забелешки за некои делови од ТЕ се без основа. Толку!
Црвеното: едноклеточниот квасец еволуирал во некој повеќеклеточен организам кој сеуште нема име. Ако мислиш дека моменталната безименост е некој силен аргумент против овој експеримент, тогаш да ти ги решам маките: еве, по втор пат у мојот живот ќе бидам кум и тој нов организам ќе го наречам
Miki1976, званично. Се надевам ќе еволуира во нешто помалку тврдоглав организам.
Еднклеточниот квасец има 6.607 гени. Бројот на гени во новиот повеќеклеточен организам не е испитуван. Кога ќе го одредат, ветувам дека ти ќе бидеш првиот што ќе го известам. Пред да почнеш со она „ама додека не се види дека се разликуваат гените, не може да се тврди со 100% точност дека тоа е нов вид“, да знаеш дека и пред да биде измислена генетиката постоеле јасни показатели што е тоа нов вид.
Основа на Теоријата на еволуција е можноста за разгранување од еден вид во два или повеќе нови. Едноклеточен организам е еден вид, повеќеклеточен организам е дибидус различен вид. Експериментот на Ретклиф е доказ за овој еден важен чекор во еволуцијата.
...
Како бе шоек не е проблем да се напраи за повисоки форми. Што зборуваш бе ти. Кога ќе излезе првиот научен експеримент дека од твојот КВАСЕЦ настанал ГУШТЕР, или соодветно нешто, тогаш ќе ја прифатам Теоријата на Еволуцијата 100%, засега не.
Ти до пред некој ден не прифаќаше дека е можна еволуција од едноклеточен во повеќеклеточен организам, ама сакал-нејќел и тоа го прифати. Сега само треба да ти се разјасни како од повеќеклеточен квасец се добива гуштер.
Добро е, има напредок, има шанси да биде нешто од тебе. Ќе работам на случајов...
4. Ти генерализираш само што не си свесен. ШТО ДА ТИ ОСПОРАМ???? ШТО ПОВЕЌЕ.
ПРЕТПОСТАВЕНИ ПРИРОДНИ УСЛОВИ - САМИОТ СТАРТ ФАЛШ. Тоа ти замислувај си бранче и слични работи.
НЕ Е РАБОТАТА ДА ЗАМИСЛУВАМ - ТОА НЕ Е ЕГЗАКТЕН ЕКСПЕРИМЕНТ.
Мислиш дека во лабораторија може да се симулирата сите каузални односи на даден момент на планетата Земја. Дај не заебаај жити се. Еволуцијата е неточна или малку веројатна од аспект на МАТЕМАТИКА, ФИЗИКА и се она што нуди егзактност. Прифати го тоа, па после ќе одиме и понатака.
Не мораш да замислуваш бранче - оди до првата бара и види си со свои очи, без замислување.
Во лабораторија не мора да се симулираат сите каузални односи, туку само оние што се потребни за експериментот да успее. Во конкретниот случај: квасец, вода, шеќер, ветар (за бранчиња), температура во широк распон од 18 до 50 степени. И да погрешиш нешто малку во рецептот, пак исто ќе излезе. Не ми веруваш? Прашај ја баба ти (мајка ти). Мерките (колку брашно, вода,
квасец,...) никогаш не и' се егзактно исти, ама сигурен сум питата секогаш добро и' испаѓа.