Мислам пак ќе забега дискусијава во некои смешни граници.
Мислам дека би требало да се покажат аргументи против креационизмот, и да се укаже дека е далеку од веројатна и можна хипотеза. Истото тоа и со ТЕ.
Проблемот е кога ќе се изнајде аргумент за неточноста, или многу мала веројатност дека нештото било токму такво како што се опишува, веднаш се оди на ставот дека онаа другата хипотеза е точна. Тотален фејл.
Јас лично, упорно се обидувам да укажам на нелогичности, претпоставени работи или мали веројатности како сакаш наречи ги, во ТЕ, од аспект на некои далеку поегзактни науки.
Моето професионално знаење ме води да тоа го правам од аспект на информатика, математика, физика и се тоа испреплетено со најбитниот факт во моментов за еден куп работи економскиот аспект.
А тука многу работи се против сето ова, или укажуваат на многу мала веројатност дека се случиле тие работи со параметри и методи кои се денес познати.
Обичен пример е кога се прави тест за можен Даунов синдром на дете во утроба. Бројката од 1 во 10 000, така нели ја објаснуваат докторите за да полесно ја разбере соговорникот нели, се смета за многу мала и ја занемаруваат и и велат на мајката нема проблем никаков. И нормално е дека мајката ќе го прифати тоа и ќе си го роди бебето. Значи малата веројатност не "влијаела" врз породот.
Е сега истото тоа го правиме со далеку помала веројатност од степен 173, само во обратна насока, ја прифаќаме таа една единствена можност.
Зошто е тоа така?
Јас велам д апочекаме да ја зголемиме таа веорјатност, со еден куп други докази. Некој вели не бе сигурно било така!?!?!
Кај примерот со мајката 9 999 мајки ќе кажат батали бе нема шанси тоа ете го моето дете живо и здраво, 1 мајка ќе каже 100% е точно кај мене имаше проблем.
Значи ова е веројатност базирана врз основа на огромен број примероци и претпоставени факти (зборувам за овој пример бидејќи ми е многу јасно како функционира алгоритмот за пресметка на ова у позадина) за Дауновиот синдром и неговата зачестеност во светски рамки. Но за истото тоа имаш ДОКАЗИ непосредни. Случки од животот.
Оваа веројатност на таа 1 мајка не и значи ништо. За неа е 100%. Уништен и е животот. Веројатноста требало да биде некаков вид помош во одлуката дали ќе прифати да го роди бебето или не. Ако луѓето размислуваат како во случајот со абиогенезата ќе требаше да врие од абортуси.
За настанокот на животот ја имаш само претпоставената веројатност 1 во 10 на 173 случаи.
Нас ни останува дали ќе ја прифатиме или не. Ова е друг тип на пресметка на веројатност, каде сите параметри се претпоставени, и повторно е ужасно мала. Како ќе доаѓаат научни сознанија веројатно рангот ќе се намалува.
На крајот ќе се сведеме на реченицата ЧУДА СЕ СЛУЧУВААТ, односно МАЛИ ВЕРОЈАТНОСТИ.
И јас ја прифаќам таа реченица.
Кај мене се појавува потреба од дискусија или укажување кога некој ќе го тврди спротивно ДЕКА СЕТО ОВА ГОРЕ Е ФАКТ И ТОА ЕГЗАКТЕН. И уште повеќе ќе се обиде со еден куп работи да го докаже истото. Не бива така.
Имаже убав збор Дибек кажано ПЛАУСИБЛЕ.
Ако знаеме колкава е веројатноста да имало надворешна интилигентна интервенција во развојот на животот на земјата, од аспект на псотоење на други интилигентни форми ширум универзумов, тогаш можеме и неа слободно да ја прифатиме како можна без разлика колкав и е рангот на веројатност. Денешната физика вели дека рангот -143 е границата. Се под тоа не го третира како значајно. Значи кога веќе сме прифатиле ранг -173 отгаш можеме да прифатиме било кој ранг помал од -143, па и овој дека имало интилигентна вонземска интервенција.
Но енкој ќе каже и тоа е дел од еволуцијата. Јас прашувам ДАЛИ?
Дали клонирањето ќе биде еволуција?
Сум наведувал и едноставни факти зашто е сеуште само хипотеза ТЕ, и зошто постои скептичност, како што и многумина од вас се свесни, но сите очекуваат (очекуваме) развој на тоа поле и подетално објаснување на еволуцијата. Се сложувам.
Дали еволуцијата помеѓу видовите и абиогенезата се
неточни или сеуште немаме капацитет да ги докажеме во целост тие теории и нивната точност е сосема друга работа.
Јас искрено верувам дека е вторава солуција и дека навистина немаме капацитет во дадениов момент и дека за извесно време ќе се сменат нештата, но потајно посакувам да се случи првото.
--- надополнето: 9 февруари 2012 во 10:51 ---
Чорба, зошто гледам ги избегна моите прашања и реплицираше само таму каде што можеш да поентираш ќе те прашам пак. Зошто судијата (протестант бил!) донел одлука дека креационизмот не е наука а еволуцијата е, ако само лудите дарвинисти веруваат дека ТЕ е наука а "сите нормални, кои не носат догматични очила знаат дека не е"?
Зошто Бехе, кој е ГОЛЕМ АВТОРИТЕТ во науката според тебе, признал дека ИД не е наука и дека не постои ниеден научно-поткрепен доказ за креационизмот?
Frankie дали Интилигентен Дизајн е исто што и Вештачка Интилигенција, и зошто не?
Чисто ме интересира твое мислење, а и на многу други тука, по ова прашање.