Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Охрид е сликано.Кај старата автобуска.Позади куќиве има 2 новоизградени згради.(n)
Е има згради, а во зградите Петревски има станови. Како и да е не само што не се заштитуват ваквите објекти туку од прекрасни стари маала се прават стамбени блокови. Ова важи за овој дел на Охрид а важи и за Дебар Мало во Скопје.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.178
Поени од реакции
18.251
Охрид, Струга каде е сликано?
Освен тоа се работи за приватни куќи, за кои најчесто сопствениците одвојуват средства за реновирање. Е сега она шро може да се направи е овие куќи со специјални програми за подршка да добијат некакви субвеницији од државата и да се заштита со закон.
Во 2007-ма почна проект за реставрација на Широк Сокак со средства од Министерство за култура на Република Македонија.Еве ја и веста.

МАКЕДОНИЈА​




04.05.2007, 17:54
Ќе се реновираат фасадите на стари куќи на Широк сокак

Ќе се потрудиме архитектурата да остане онаква каква што била, вели Зоран Николовски
БИТОЛА - Продолжува реставрацијата и конзервацијата на фасадите на Широк сокак. Оваа година Министерството за култура одобри средства за три објекти на третиот дел од најопеаната улица на Балканот. ,,Добивме по милион и пол денари за секој објект на кој годинава ќе работиме. Тоа е делот од Камен мост до Офицерскиот дом. Ќе се потрудиме, како и во претходните фази од реставрацијата, архитектурата да остане онаква каква што била“, вели Зоран Николовски, директор на Заводот и музеј - Битола.
Е сега да имаше малку рационално размислување кај дечките во владата, ако веќе работеа на архитектура (а не обнова на патишта, болници, железница) дел од средствата за Скопје 2014 ќе ги распределеа за обнова на ваквите стари објекти во скоро секој град во Македонија.

Пример, гимназијата Свети Климент Охридски во Охрид реновирана во автентичен изглед.Изградена е во 1908 година по пример на француска зграда во неокласицизам.​
Спортската сала е реновирана во времето на Георгиев(ски), а во исто време е креиран и проектот за обнова на зградата која после е обновена со средства на Општина Охрид.​
Слика од 30-те година на ХХ век
Денешниот изглед
Вакви згради имаме стотици низ Македонија за обнова.​
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Денешниот изглед
Вакви згради имаме стотици низ Македонија за обнова.​
Камо среќа да имаше стотици вакви згради како гимназијата .. преубав објект нема што.. пред едно 3-4 години на одмор у Охрид една вечер ќор пијан после журка низ град незнам што ми текна сакав да ја видам зградава..:pos: и така без компас и со малце памет успеав некако да ја најдам.. на разденување :pos:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.178
Поени од реакции
18.251
Камо среќа да имаше стотици вакви згради како гимназијата .. преубав објект нема што.. пред едно 3-4 години на одмор у Охрид една вечер ќор пијан после журка низ град незнам што ми текна сакав да ја видам зградава..:pos: и така без компас и со малце памет успеав некако да ја најдам.. на разденување :pos:
Aj, aj не се ваѓај си седнал на клупите пред гимназија за трезнење не ми кажви сега вака така, то е праксата таму :pos:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Aj, aj не се ваѓај си седнал на клупите пред гимназија за трезнење не ми кажви сега вака така, то е праксата таму :pos:
Па ја седнав да ..ама да се одморам :D Дур ја најдов се отрезнив , од што бев ѓон забегав у погрешна насока и се скинав од пешачење после за да се вратам назад :icon_mrgr:
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
цитро или некој шо е у тек со ова дали стварно ќе се гради зграда таму кај шо требаше црквата !?!?!?! 0.о и ако им е план дали премногу се сите против? или слабо ?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.178
Поени од реакции
18.251
цитро или некој шо е у тек со ова дали стварно ќе се гради зграда таму кај шо требаше црквата !?!?!?! 0.о и ако им е план дали премногу се сите против? или слабо ?
ДА! Побарај на build.mk
И една добра колумна од Венко Андоновски во Нова Македонија ...
Неопечалбари

Патриотизмот почнува со срцето, но завршува со стомакот. Тоа владетелите треба да го сфатат, иако е болно. Очигледно, имаат погрешни, површни и популистички советници. Премиерот треба во четири очи да ги чуе токму оние што веќе ги имаат спакувано куферите за странство. Треба во очи да му кажат зошто. Наместо да се глупираат со евтини и наместени популистички средби со граѓаните, луѓето од власта треба да се соочат со нашите неопечалбари

Писма до душевадникот
Петре М. Андреевски своевремено напиша еден одличен роман под наслов „Последните селани“. Литературната критика го одбележа како литературен настан, но никој не ја виде неговата пророчка метафорична димензија. Пишувајќи за тоа дека македонското село целосно се испусти, и дека децата од селото побрзаа да заминат во главниот град, Петре, без да сака (барем јас така верувам), параболично допре и една друга тема: никогаш немало поголем егзодус на Македонците од Македонија, отколку во последниве десет години.

Македонците се иселувале со векови наназад, си ја барале среќата во други, поразвиени средини, работеле привремено во странство, но никогаш не дошле до ситуацијата во која сега се наоѓаат: буквално во паника да бегаат од Македонија, како да се спасуваат. Темата е позната и од битовата драма, која цути меѓу двете светски војни од минатиот век: „Печалбари“ на Панов, на пример, е само врв на уметничкото обликување на темата – македонска дијаспора. Но позната е и од стварноста – за Куманово, на пример, се знае дека е град речиси иселен во Авганистан и други атрактивни дестинации.

Нашата власт, иако формално расположена да ги задржи сите умствени капацитети, кои заслужуваат да се вградат во нејзиниот градителски дух, кога-тогаш ќе мора да се соочи со фактот дека сé повеќе млади си ја бараат иднината надвор од Македонија. Значи, имаме појава на неопечалбари. Еднаш, во една колумна, веќе пребројав дека од мојата улица СЕКОЈА ВТОРА куќа има печалбар (и мојот брат е иселеник). И никој нема намера да се врати назад. Кога тие луѓе доаѓаат на ВИЗИТА, од разговорите со нив, разбирам само една работа: велат дека не наоѓаат ниту една разумна причина да се вратат во Македонија. Камоли да инвестираат во неа!

Значи, она што Петре го напиша за миграцијата село – град, сега се претвора во нешто на повисок степен: Македонија е селото, а Европа и САД се градот. Нема млад човек што не копнее да живее во Европа. Малку помагаат изградбите на споменици од националната историја, кампањите за охрабрување за почнување со приватен бизнис, политичко-маркетиншко-патриотската злоупотреба на спортските успеси на нашите спортисти за поткревање на некаковси национален дух. Патриотизмот почнува со срцето, но завршува со стомакот. Тоа владетелите треба да го сфатат, иако е болно. Очигледно, имаат погрешни, површни и популистички советници, кои веднаш треба да се пензионираат, за да не направат поголеми штети од оние што веќе ги направија. Премиерот треба во четири очи да ги чуе токму оние што веќе ги имаат спакувано куферите за странство. Треба во очи да му кажат зошто. Наместо да се глупираат со евтини и наместени популистички средби со граѓаните, луѓето од власта треба да се соочат со нашите неопечалбари. Да ги прашаат: зошто и покрај сите олеснувања во образованието (денес секој е веќе магистер и доктор на науки), и покрај сите кампањи за охрабрување на приватната иницијатива, и покрај кампањите за многудетно семејство, најголемиот дел од младата популација иднината си ја гледа во странство? Некогашниот егзодус на Македонците од Егејска Македонија во споредба со ова сегашно иселување (за кое сите молчат мудро и безобразно) наскоро ќе изгледа како – нешто природно!

Работам со студенти, им предавам и знам: едвај чекаат да си ја земат дипломата и да јурнат кон некоја дестинација во Европа. И самиот, на свои 47 години, етаблиран, признаен и буџетски платен во оваа држава, имам готов, подготвен, спакуван куфер. Немам дестинација, бидејќи светот не бара македонисти. Би си заминал утре, да можам. Ама не можам.

Зошто би си заминал, еве, јас?

Затоа што:

1. треба секогаш да фаќам врски за она што легално ми припаѓа;
2. платен сум како најнизок службеник, а она што го давам како резултат е секогаш на највисокото мое можно ниво;
3. не гледам перспектива за моите деца, освен ако не станат политичари.
И секој млад човек што се иселува ги има истите причини, со тоа што најчесто е плус и невработен.
Една од грешките што оваа власт ги направи (покрај некои позитивни резултати за кои треба да и се оддаде должното признание) е и „предозирањето“ на населението со образование од највисоките степени (магистер, доктор на науки). Дисперзираните студии се големо промашување. Стануваме земја во која пумпаш на бензиска пумпа веќе има докторат. Но тоа за светот не значи ама баш ништо. За нас уште помалку. Каде ќе најдат работа тие луѓе? Кај нас нема работа, во светот ги гледаат како „втора класа“, затоа што ако избегале од дома како доктори на науки, сигурно имале сериозна причина за тоа. Освен тоа, Европа веќе има доволно невработени. Еден мој колега, универзитетски професор, проба една година во странство – бидејќи не го примија на Универзитет, разнесуваше пици. И сепак се врати дома.
Така, како што кај Петре М. Андреевски нема кој да ги закопа последните селани, наскоро ќе нема кој да ги закопа и последните Македонци од Македонија. Преломот е меѓу мојата генерација и нашите деца.
Ние, родителите, остануваме, тие си одат сé повеќе. Излегува дека сме држава што не може на новородените да им обезбеди живот во нивната семејна, дневна соба, Татковината. Зошто? Одговорот е лесен – го потценивме средното училиште, иако најразвиените држави во светот се потпираат токму на средношколското образование. Тоа е класата-мотор што ги движи тие држави напред. Ние немаме работни места за средношколците. И, за да го забошотиме тоа, од нив правиме магистри и доктори на науки. Ама и со тие квалификации – повторно за нив нема работа. Затоа се иселуваат.

Еднаш, кога и да е, ова ќе стане видлив проблем. Тоа што Македонија е четврта во Европа во кошарка и петта во ракомет е само приватна патриотска температура. Но тоа нема да го запре бранот на иселување. Јас можам комотно и со полно срце да навивам за Македонија и од Холандија, Данска, Дубаи или од Америка. Јасно е: стратегиското маркетиншко насочување кон спортот (http://www.youtube.com/watch?v=1__GAtFztoU - грев да им е:mad: )е само политичка метафора (симболичка замена) за неопходната егзистенција. Факт е дека и понатаму Македонија останува без инвестиции, без некој поголем интерес кај големите светски економски сили, и факт е дека ние од петни жили се обидуваме да му покажеме на светот дека вредиме, ама преку она што ни е достапно – спорт, уметност, споменици, кои од плоштадот направија детска историска соба затрупана со минато. Сепак, вистината е дека остануваме едно големо печалбарско семејство во кое има помалку чинии и лажици одошто гладни усти, и од таа тажна ситуација чарето е – некој мора да си оди.

Тој што останува, пак, има силна грижа на совест. Одењето и останувањето значат само дека некого си избркал и си му го зел местото. А со туѓо парче леб во раката – тешко се живее. Стомакот се полни, но срцето останува празно. Жално, жално, жално. И ќе биде така, оти никој не се потресува околу тоа!

Авторот е универзитетски професор и писател

Автор: Венко Андоновски
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
цитро или некој шо е у тек со ова дали стварно ќе се гради зграда таму кај шо требаше црквата !?!?!?! 0.о и ако им е план дали премногу се сите против? или слабо ?
Да ќе има.. и тоа се знаеше,ако нема црква ќе има друг објект... е сега се води борба околу габаритот и димензиите на објектот..има шанси да се промени пошто предлогот во ДУП-от е лош..го затвора просторот и пешачкиот коридор од капијата према споменикот.. имаш неколку слики на предходните страница,две.
 
B

Borg_Drone

Гостин
http://marthinistirrednotshaken.blogspot.com/2012/02/blog-post.html?spref=fb

Еден интересен блог во врска со проектов и некогашно Скопје. Тој што живеел тука во тоа време, ќе го сфати. Другите... немате идеја.

Од цел текст, последниот дел и е на место, а особено слатко се насмеав на следново:
Па уште ќе ставале антички „ауфит“ на Владата и на ГТЦ. На ГТЦ еј?! Ај ако не и на Ослободителите пред влада опнете им Calvin Klein боксерица, Fubu широка хип хоперска панталона и Louis Vuitton чантуле у шмизл фазон преку лево раче! Цуцки!
:pos:
Ама во овој дел е и самата контрадикторна:

  1. Ова повеќе не е мое Скопје. Ова е Париз, Каиро, Прага, Карлови Вари, Атина. Жими таквото што го немам. Мижи Асан да ти баам!
Веќе една деценија не живеам во градот кој ме плукна како скоро готов производ и ме лансираше таму негде, во Европа. Полуготов производ по рецепт на Доктор Еткер, речиси. И веќе една деценија, дишам заедно со тој истиот град во кој израснав иако сме на 1000 километри еден од друг.
- Избегав од Скопје зошто сакам да живеам во Каиро, а не сакам да ми наликува Скопје на Каиро - рече полуготовиот производ на д-р Еткер, сакајќи да каже всушност: „кој ги ебе слатките од „Ванила“ кога можам да си јадам германски колачи со утринското млеко кое го цедел мојот германски дечко во WC“..............
 
М

Мартин`

Гостин

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Ах "нејзиното Скопје" .......- со семафоr у сред Радишани :D

"Девојче, абе денес немаше струја у Радишани, замисли! Нит семафор работи нит ништо!"

http://marthinistirrednotshaken.blogspot.com/2012/02/blog-post.html?spref=fb
хаха busted! не само тоа, од целиот текст ние треба да сфатиме дека она е скопска цура, јадела симитки у Чаир, искачала у хавана бла бла и сега леле каде е моето скопје!? Па иди будало у Чаир јади симитки уште е таму фурната, хавана уште постои и тн. и тн. е сега пошто има 10тина скулптури во самиот центар на градот (во радиус од 500 метри) и 3-4 објекти плус и сега ова не било нејзино Скопје. Патетичен текст.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Може многу пари се потрошија, може има доста други пририоритети сепак Скопје заличе на град со овие и ред други промени ..
Што ти е бе,боље слика за Скопје од ова нема..



Види што убаво беше.. а у позадина и сите џамии се гледаа..сега го скија погледот,феил..(n)
Чистина,празен простор..ливади колку сакаш..а сега (n)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom