Охрид, Струга каде е сликано?
Освен тоа се работи за приватни куќи, за кои најчесто сопствениците одвојуват средства за реновирање. Е сега она шро може да се направи е овие куќи со специјални програми за подршка да добијат некакви субвеницији од државата и да се заштита со закон.
Во 2007-ма почна проект за реставрација на Широк Сокак со средства од Министерство за култура на Република Македонија.Еве ја и веста.
МАКЕДОНИЈА
04.05.2007, 17:54
Ќе се реновираат фасадите на стари куќи на Широк сокак
Ќе се потрудиме архитектурата да остане онаква каква што била, вели Зоран Николовски
БИТОЛА - Продолжува реставрацијата и конзервацијата на фасадите на Широк сокак. Оваа година Министерството за култура одобри средства за три објекти на третиот дел од најопеаната улица на Балканот. ,,Добивме по милион и пол денари за секој објект на кој годинава ќе работиме. Тоа е делот од Камен мост до Офицерскиот дом. Ќе се потрудиме, како и во претходните фази од реставрацијата, архитектурата да остане онаква каква што била“, вели Зоран Николовски, директор на Заводот и музеј - Битола.
Е сега да имаше малку рационално размислување кај дечките во владата, ако веќе работеа на архитектура (а не обнова на патишта, болници, железница) дел од средствата за Скопје 2014 ќе ги распределеа за обнова на ваквите стари објекти во скоро секој град во Македонија.
Пример, гимназијата Свети Климент Охридски во Охрид реновирана во автентичен изглед.Изградена е во 1908 година по пример на француска зграда во неокласицизам.
Спортската сала е реновирана во времето на Георгиев(ски), а во исто време е креиран и проектот за обнова на зградата која после е обновена со средства на Општина Охрид.
Слика од 30-те година на ХХ век
Денешниот изглед
Вакви згради имаме стотици низ Македонија за обнова.