Дали до сега сте легнале со некој/а кој е зафатен/а?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThugProphet
  • Време на започнување Време на започнување
vo denesno vreme see mozno. ubavo bese kazano pogore ako mi se pogodi i ako osekam nesto sprema nego bi probala da vidam kako e zosto da ne no tuka ima nesto drugo moze da se sluci da im bide pogodeno i na dvete strani pa da nemozat da se razdelat da se sozdadat drugi problemi, pa bi rekla pred da se fpustame vo takva akcija treba prethodno da se razmisli i toa dobro.:place:

Шо има врска денешното време со муабетов??? Само дека повеќето луѓе се фрлиле на неморални работи, треба сите други да се придружиме во таа група? Добар изговор ако му се фаќа кривина некому.
Ватевр...сум одговорила веројатно, но да кажам пак за секој случај. Немам очи за други кога сум зафатена. Според тоа, тогаш нема шанси да ми се приближи некој, не па да ми направи нешто повеќе. Исто и обратно. Кога знам дека е некој зафатен, од старт ми се губи интерес за него. Не ми претставува предизвик личност која покрај мене има некоја друга или па скраја да е јас да сум таа другата:icon_lol:
А вие што сте го доживеале тоа или немате ништо против, размислувате некогаш малку повеќе и подалеку? Пример што ако вашиот партнер размислува како вас?:oops:
 
jas ne razmisluvam taka samo davam primer zatoa sto ima i takvi zeni i mazi koi sakaat da se zabavuvaat so mazeni i zeneti, sto ima tolku cudno.:pipi:
 
Сабиха, кога зборуваме за легнување со туѓи мажи се прашувам што има туѓиот маж повеќе што твојот го нема? Пак ќе потенцирам, зборуваме за легнување.
 
Не постојат двајца идентични луѓе, така да секогаш останатите ќе имаат безброј особини кој ние или оние околу нас ги немаат.
Прашањето неможе да биде понеадекватно поставено. Мажите не се составуваат фабрички на лента за призводство ниту пак се штампаат во печатница, па нејзиниот маж да има се што и останатите.
 
Прашањето беше конкретно за Сабиха, ама знаев дека некој ќе се јави да ми го објасни непостоењето на две иднетични единки на топкава наша (фала ти, колку поинаку изгледаат сега нештата!).
На темата, зборуваме за легнување во кревет (не на шини), чин за кој што претходно е битно дали те бива за таму или не и толку од особините.
Кога бираш сопруг за цел живот тоа претпоставува дека ти ги задоволил потребните критериуми и во поглед на особини и во поглед на легнување во кревет и ако сакаш да легнеш нешто друго е само твоја желба за промена, а не ново откритие за нечии особини што пленат или недостатоци на оној што бил твој избор.
И во случај кога си решил да легнеш друг/а биди курназ па кажи дека е тоа ради твој кеиф, а не дека со другиот си осознал што е тоа љубов. Не е фер пред "љубовта" на која си и кажал "да".
И најбитно, легни, ама не си ги преиспитувај постапките пред другите.
 
Дали е фер или не, не ни навлегував во тоа. Ти и велиш дека кога станува збор за легнување со некого, нема ништо кај другите мажи, што го имало кај нејзиниот?! Еве го твојот пост уште еднаш:
Сабиха, кога зборуваме за легнување со туѓи мажи се прашувам што има туѓиот маж повеќе што твојот го нема? Пак ќе потенцирам, зборуваме за легнување.
Е сега бидејќи зборуваме за секс, а не за лежење на шини, ти со цел памет и велиш дека тоа што веќе го нашла кај маж и, ќе го најде и кај останатите и нема ништо кај останатите што веќе го има кај маж и?! Ти озбилна си? o_O
Кога бираш сопруг за цел живот тоа претпоставува дека ти ги задоволил потребните критериуми и во поглед на особини и во поглед на легнување во кревет и ако сакаш да легнеш нешто друго е само твоја желба за промена, а не ново откритие за нечии особини што пленат или недостатоци на оној што бил твој избор.
Со претпоставки ништо неправиме. Што ако претпоставиме дека и нивниот брак бил производ на желба за промена? Желба да се исполнат очекувањата на околината? Желба да не се помине животот сам, а не производ на особини што пленат?

Затоа и не искоментирав ништо околу тоа, туку само за делот дека немала да најде ништо ново кај останатите мажи во сексот, што веќе не го нашла кај нејзиниот сопруг.
 
potpolno ve podrzuvam vo napisanoto seto toa e samo zelba za promena i spored mene nisto drugo.:cuc:
 
Доколку јас сум слободната тогаш не би ми претставувало проблем да излезам/легнам со некој кој е зафатен (сеа не мислам оженет) нормално доколку навистина ми се допаѓа или сум заљубена во него. Немам до сега легнато со некој зафатен, но во ситуација кога јас сум слободна не гледам причина зошто не би флертувала со некој кој е зафатен. Доколку тој сака да си ја изневерува девојката негов проблем, мене тоа не ме засега. Инаку кога јас сум зафатена не изневерувам, ни под разно. Сега ако помине некој топ тип нормално дека ќе му фрлиш поглед-два но ништо повеќе од тоа.:гик:
 
Прашањето беше конкретно за Сабиха, ама знаев дека некој ќе се јави да ми го објасни непостоењето на две иднетични единки на топкава наша (фала ти, колку поинаку изгледаат сега нештата!).
На темата, зборуваме за легнување во кревет (не на шини), чин за кој што претходно е битно дали те бива за таму или не и толку од особините.
Кога бираш сопруг за цел живот тоа претпоставува дека ти ги задоволил потребните критериуми и во поглед на особини и во поглед на легнување во кревет и ако сакаш да легнеш нешто друго е само твоја желба за промена, а не ново откритие за нечии особини што пленат или недостатоци на оној што бил твој избор.
И во случај кога си решил да легнеш друг/а биди курназ па кажи дека е тоа ради твој кеиф, а не дека со другиот си осознал што е тоа љубов. Не е фер пред "љубовта" на која си и кажал "да".
И најбитно, легни, ама не си ги преиспитувај постапките пред другите.

Па, ако си стапила во брак на 20, големи се шансите на 30 да имаш други критериуми за добар секс, љубов, и др. карактеистики кај партнерот.
Се подразбира, можно е да посакаш нешто друго, ако ова твоево, меѓувремено те разочарало.
 
А може да посакам друго и неразочарана или можам да измислам дека ме разочарале да си го "покријам г`зот".
По логикава менување критериуми од 20 на 30 години, исто важи и за 30 до 40 години, па фино ќе си се предомислуваме на секои 5 години и пак ќе бидеме во право и безгрешни.
Кој му е крив на партнерот кога не може да ни ги следи чекорите!?
 
Грешка :)
Луѓето многу повеќе се разликуваат на 20-30, него на 30-40. Во периодот од 30-50 години човекот е сконцентриран на материјалните добра и одржувањето и растењето на децата, до 30 повеќе е заинтересиран за сопствените лични и интимни контакти.
Човек (било маж или жена) на 35-40 години речиси цела енергија ја вложува на професионално поле, за разлика од тие на 25, кои тогаш одлучуваат што сакаат од својот живот (пред се на интимен и семеен план).
 
Доколку јас сум слободната тогаш не би ми претставувало проблем да излезам/легнам со некој кој е зафатен (сеа не мислам оженет) нормално доколку навистина ми се допаѓа или сум заљубена во него. Немам до сега легнато со некој зафатен, но во ситуација кога јас сум слободна не гледам причина зошто не би флертувала со некој кој е зафатен. Доколку тој сака да си ја изневерува девојката негов проблем, мене тоа не ме засега. Инаку кога јас сум зафатена не изневерувам, ни под разно. Сега ако помине некој топ тип нормално дека ќе му фрлиш поглед-два но ништо повеќе од тоа.:гик:

Ради таквите како тебе пати светов.
 
Ради таквите како тебе пати светов.

Зошто ради таквите како мене пати светот? :cautious:Поради тоа што сум искрена и кажав како би постапила во некоја ситуација без да се правам ангелче и да велам дека неее :noze: јас со него не би излегла јас можам претерано да го сакам него но ете бидејќи дечкото имал во моментот врска јас нема ништо да преземам. Немој ти се молам со лицемерие. Ретки се тие, би рекла дека и не постојат, кои би иделе против себе си. Ако сакаш нешто/некого зошто би се жртвувала за некого кого не го познаваш? Ти сигурно не би презела ништо доколку дечкото во кого си заљубена има женска која ти воопшто и не ја познаваш? Ќе седиш и ќе чекаш тој да раскине со неа па можеби тогаш да те примети тебе? Да да сигурно. Јас не велам дека треба да го фатиш за гуша и да го однесеш во кревет, но ако е очигледно дека има хемија меѓу вас, а тој е волен да си ја изневерува девојката што има мене да ми биде гајле за тоа. Јас сум си слободна, мене се ми е дозволено, а можеби и ќе излезе нешто од тоа.
Ај вака јас да те прашам тебе нешто- сакаш да кажеш дека еве некој тебе ти се допаѓа/заљубена си во него нема ништо да направиш? Не мислам одма да легнеш со него туку нешто некој потег, поглед, бакнеж, нешто...ништо не би направила само затоа што има женска?

А инаку светот пати поради таквите кои се прават светици и дека на мравка не газат а позади гроб ти копаат не пати поради искрените. Кога сите би биле искрени и би кажале како навистина би поистапиле во некоја ситуација, верувај светов би бил многу подобар
 
Не поради тоа што си искрена, туку поради тоа што си таква каква што си и не си сама. Секако пола ти се простува за искреноста. Поради тоа си за степен подобра од тие што не признаваат, а се исти. И не знам што е чудно да се разбере дека некои луѓе едноставно не се загледуваат по зафатени. Еве јас те разбирам тебе, па разбери ме и ти мене. Шубаво така, си се разбираме, си простуваме и светот веднаш станува поубаво место за живеење. Мх, мх, мх!:love:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom