Ја има ли некој рекламата за оние соковите на растворање на оној дебелиот како го викаа... Имаше убава музика на некаков жичен инструмент, нешто јужноамеричко.... А и женските беа убави, имаше една подзапотена во кратки пантолончиња кај што става плодови во кошница... Оние соковите бе, уни-незнамкако, во пластични шишиња. Зоре Темелковски го викаа дебелиот, се напраи миљонер продавајќи ни шурупчиња...
Слабо можат да се најдат рекламите по јутјуб..Еј де, тоа! Ама рекламата....
Vitanes ekstra majonez
vitaminka prilep dalecna 1991 godina
Абе колку за толку и јас знам да пребарувам по ЈуТјуб, ако сум постара генерација... Претпоставив дека некој од дискутантите работи во некоја од телевизиите па има пристап до постари материјали. И тие што се поставени на ЈуТјуб, некој ги поставувал.Слабо можат да се најдат рекламите по јутјуб..
Кога ќе видам подобро 90% од рекламиве ти си ги ставил, мене вчера ми се виде како секој втор јузер да става реклами... Нема везе моја грешка... ТИ ја направи темава за К-15!Пер, нема други реклами од тоа време на интернетов. Само овие ги најдов јас. Барав колку што можам и само овие ми испаѓаа...
Што ти е бе..ја на таа реклама гасев цел телевизор од штекер.. срам ми бешеА имаше и една, побајаги стара, за Партнер цигари, кај што дечко и девојка, бизнис луѓе пред деловен центар , почнуваат страсно да се љубат, а во позадина некаква си шлагер музика идеше. Едвај чекав да пуштат реклами.