РЕТРО: Македонски реклами од 1995-та

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.737
Ми текна на првата рекламата за осигурување, снимена на зградата на Дос(денешно Кјуби) типот со каблите се вплеткува и го пецка струја, одеше нешто вака; Оппп полека полека дали ти е животот осигуран,дали ти е станот осигуран итн итн.
Леле од кога ја барам рекламава...
Дајте бе некој нека ја најде for fuck sake. Најбољи македонска реклама :icon_lol:
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ми текна на првата рекламата за осигурување, снимена на зградата на Дос(денешно Кјуби) типот со каблите се вплеткува и го пецка струја, одеше нешто вака; Оппп полека полека дали ти е животот осигуран,дали ти е станот осигуран итн итн.
Рекламата беше за Вардар осигурување?Пошто памтам една за вардар осигурување беше со еден тип со бркови и со трегери.
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
После Таска Балабанова (мислам) и еден дедо коа учат англиски и као иде вака рекламата - Shall we go to the disco tonight?
No, let's watch the cricket match :)

А се сеќава некој на рекламата со детето кога купуваше мастики мислам беа, и му побара фискална да продавачот а овој немаше и му вика "е ништо од бизнисот". После неколку години детево пак се враќа ама овојпат бара да плати преку кредитна картичка, продавачов пак нема и детево пак вика ништо од бизнисот :)
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.594
Поени од реакции
11.470
Не е македонска ама е ретро што ме потсеќа на убав период, ако сакате бришете...
 
Член од
21 јануари 2016
Мислења
13
Поени од реакции
4
Не е многу стара, ама ја има ли некој рекламата шо правеа имитација на Пријатели (Friends) каде Зоран Љутков беше Чендлер или Рос?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.515
Имаше една реклама за Gloss сретствата за чистење и имаше песничка
Глооос за сите жени е спас,
Глоос мие садови, емаил, мебел, штоф...

Паметам во рекламата цело време имаше како чистат со сунгерче

Не знам точно од која година беше ама како малав секогаш кога се бањав си ја потпевнував песната и имитирав тоа чистењето. Рекламата од денешна гледна точка ми е безвезе ама во детство не знам зошто ми била интересна. Никаде не можам таа реклама да ја најдам.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154

Во реклама глуми Бранко(почина пред неколку години) ја има на интернет на некое клипче за ретро реклами од таму ја знам и ја мал сум за да сум ја видел на телевизија.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.515
Во реклама глуми Бранко(почина пред неколку години) ја има на интернет на некое клипче за ретро реклами од таму ја знам и ја мал сум за да сум ја видел на телевизија.
Јас сум 90-та година роден и сум го фатил од таа година краток период. Ја знам од телевизија ја имам гледано на МТВ. Често одеше на некој преноси во живо, знам одеше на паузите за реклами на некој пренос.

Оваа што е верзијата со К15 е со истата песна но сепак не е таа за која јас знам.[DOUBLEPOST=1508351258][/DOUBLEPOST]
Некој ја спомна погоре за Глос. Колку време не ми текнуваше текстот на песната! Браво!
Исто и рекламата за Треска беше јака!

И уште една реклама од 90тите што ми текнува беше една за Осигурување Македонија мислам. Со едно нацртано човече. Оп оп оп и животот не ти е осигуран, сега знаеш каде да се осигураш во Ад осигурување Македонија! :D
Таа за осигурување беше за најака реклама и редовно одеше на локалните кога даваа филмови.

Еден знам беше качен на зграда и колку што се сеќавам ќе паднеше за малку и му викаат Оп оп полека и животот не ти е осигуран..
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
Јас сум 90-та година роден и сум го фатил од таа година краток период. Ја знам од телевизија ја имам гледано на МТВ. Често одеше на некој преноси во живо, знам одеше на паузите за реклами на некој пренос.

Оваа што е верзијата со К15 е со истата песна но сепак не е таа за која јас знам.
Да де оваа на К-15 е за мажи а другата за жени.Јас сум '99 така да сигурно сум ја видел негде на интернет а не на ТВ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom