АВБ можеби знае некои финеси за играва, ама очигледно греши во фундаментални работи.
1. Ако тимот не можи да постигни гол од поголема далечина од 5 метри (пенал од 11 метри не го рачунам овде за удар), тогаш не е крив играч како поединец, бил тоа Малуда или Босингва или кој и да сакате да го кривите.
2. Ако тимот е очајно поставен при нафрлања од прекин на игра на противникот, исто не е крив играч како поединец, исто така, ни блиску Малуда или Босингва.
Точно е дека Малуда и Босингва се лоши вечерва, исто како и цела останата средина и напад на Челзи. Налет тоа, Малуда е крилен играч, бил, е и секогаш и ќе биди. Тоа шо Челзи сака да го користи централно во играта „пимплај до 25 метри од голот на противникот и врати назад пошто понапред не можи, а од 25 метри нема играч кој воопшто ќе ја шутира топката толку силно за таа да отиде до голот“ е друга работа, и ако Малуда е крив за тоа шо игра, АВБ и неговите помошници имаат дупла кривица.
И пак не е ништо страшно ова прво полувреме конкретно, страшното е шо АВБ како да не гледа шо прај. Буквално исто ко Анчелоти лани, разликата е шо Манчестер Сити е ниво погоре од лани во секој поглед и шо на Тотенхем му тргна, па Челзи не е втор, туку четврт и со забрзано темпо граби кон петтото место.
--- надополнето: 31 јануари 2012 во 21:47 ---
Додека за Синкел, секоја чест, вистински професионалец, и пример за крилата на Челзи, освен Стариџ.
Единствен вистински крилен играч кој Челзи моментално го има во ростер е Малуда. И можеби Мата, шо го знам, не знам многу шо играл во Шпанија ама во Челзи не игра баш крилно од ко е дојден.
Но сепак, да оставиме АВБ да измисли топла вода, потопла од досега измислената.