Авто новости

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Глупа работа Фас 11 октомври ја уништија со минимум 1000 вбработени(y),на Распашковски не му дадоа да ги прави новите градски автобуси :pos:а ега фабрика ќе правеле :tapp:и 100 души ќе вработеле:tapp::tapp:
Македонска работа :гомце::гомце::гомце:
 
S

Shellshock nam67

Гостин

Тјунерите од ABT се погрижиле за фејслифтираната Audi A4, па сега можете да ја добиете со малку „дотерани“ бензински и дизел мотори!
Естетските додатоци кои ABT ги нуди за фејслифтираната Ауди А4 се дискретни и на прв момент неприметливи, но она што сигурно ќе го приметите се тјунираните мотори, кои со нивната моќност навистина ќе ве изненадат. Дволитарскиот турбо бензинец е засилен од 211 на 275 коњски сили, а три литарскиот V6 бензинец со компресор кој се нуди во Audi S4 е засилен за импресивни 102 коњски сили – од 333 на 435!
Со оваа доработка, Audi S4 забрзува до 100 километри на час за 4.8 секунди, и ќе оди до 282 километри на час.
3-литарскиот турбодизел агрегат е исто така доработен, сега наместо 245 коњски сили и 500 Nm нуди 282 коњски сили и 560 Nm вртежен момент.


 
S

Shellshock nam67

Гостин

Пред само еден час беа промовирани моделите на Кинескиот бренд Great Wall во Македонија, кои со ниските цени, Европскиот дизајн и 5-годишната гаранција ќе се борат да ги освојат купувачите!
На самиот почеток, во понудата се наоѓаат три модели – и тоа малиот градски компакт Voleex, товарното возило Steed и SUV моделот наречен Hover. Иако кај нас постојат одредени стереотипи и предрасуди во однос на Кинеските возила, импортерот на овие возила за Македонија – Толту, кој веќе го знаеме како увозник на Subaru – најавува агресивно пласирање на овие возила на нашиот пазар, кој ќе го оправдаат со поволните цени и 5-годишната гаранција која е ограничена на 150.000 километри.
Цените се навистина конкурентни – малиот урбан компакт Voleex се продава исклучиво со највисокото ниво на опрема и чини 8200 евра, а ќе се нуди со 1.5 литарски бензински агрегат со моќност од 97 коњски сили. Со овој мотор, малиот Voleex забрзува до 100 километри на час за 11.1 секунда а има максимална брзина од 175 километри на час, додека потрошувачката според фабричките податоци е 7.3 литри на 100 изминати километри.
Товарниот SUV – Steed – Ќе се нуди со 2.4 литарски бензински или 2.0 литарски дизелски агрегат, и цените се движат од 13.550 евра за 2.4 литарскиот бензински агрегат со 127 коњски сили и погон на две тркала, до 16.700 евра за дволитарскиот дизел со 143 коњски сили и погон на сите четири тркала. И кај овој модел опремата е навистина богата. Интересно е да се напомене дека ова возило е хомологирано како товарно возило, и може да се врати платениот ДДВ.
На крај останува теренецот Hover, кој ако изберете бензински агрегат има погон на две тркала и чини 15.930 евра, а ако изберете дизел ќе дојде со 127-коњскиот дизелски агрегат и ќе ве чини 16.950 евра, нормално со многу опрема.









 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Како за Кинези, убав изглед, и цената им ОК. Слушнав со опрема биле до заби со ДВД плеери внатре со 7инчи екрани, темпомати. Сепак тешко би се одлучил да го купам додека не поминат барем 5години на пазаров моторите, да видам издржливост. Euro nCap краш тест и слично. Добар почеток.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Како за Кинези, убав изглед, и цената им ОК. Слушнав со опрема биле до заби со ДВД плеери внатре со 7инчи екрани, темпомати. Сепак тешко би се одлучил да го купам додека не поминат барем 5години на пазаров моторите, да видам издржливост. Euro nCap краш тест и слично. Добар почеток.
i jas da ti kazam pravo sum so istiot um, mada fabrikata im e bugarija dileri ce ima vo makedonija so obezbeden servis plus so vikas oprema ova ona full se cenata e prifatliva samo potrosnjava kako da vozis zastava 101 :)
na oko vaka ne se losi izgledaat kako korejci :)
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Вчера го видов малиот волекс, однадвор и внатре е стварно симпатичен, наликува на јарисот нов ... богата опрема имаат стварно ама сепак има предрасуди што верувам дека се оправдани, плус потрошња 7 и кусур ако е од производителот, тогаш 9-10 ќе лапа градска што е многу за мало количе
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Вчера го видов малиот волекс, однадвор и внатре е стварно симпатичен, наликува на јарисот нов ... богата опрема имаат стварно ама сепак има предрасуди што верувам дека се оправдани, плус потрошња 7 и кусур ако е од производителот, тогаш 9-10 ќе лапа градска што е многу за мало количе
toa ti vikam kako zastava 101 moja e i da go zemis kolicevo kako lamja e :) nenasitno
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
абе ај кинески коли ли стигнаа да праат, уште малце кинески воздух ке почнат да продаваат па ке поцркаме од воспаление на плуќа
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
оваа година треба да излезе се збореше дека ке се произведува во застава ама изгледа нема ништо од тоа да биде останува само за индиски и бразилски пазар штета
еве и видео одличен дизајн
http://www.youtube.com/watch?v=_5nUzGgp7EU
VEHICLE SVEHICLE SUMMARY
Name: 2012 New Palio
Model:
Car Body Type: Hatchback
Segment: B+ Segment
Warranty: NA
ENGINE SPECIFICATIONS
Displacement: 1108cc, 4 cyl
Engine Type: Petrol
Maximum Power: 75 Bhp @ 4000 rpm
Maximum Torque: 190 Nm @ 1750 rpm
DIMENSIONS
Length: 4030 mm
Width: 1687 mm
Height: 1490 mm
OTHER SPECIFICATIONS
Seating Capacity: 5
Tyre Size: 0
Suspension: NA
Steering: Power
Brakes: Front Disk, Rear Drum
Gears: 5 Manual
Ground Clearance: 170.00 mm
Kerb Weight: 980.00 kgs.
Fuel Tank: 47.00
 

Attachments

L

Lu

Гостин
Ијааа овој сивиот СУВ е копија од напред на Пежо 4007 ... а и кинезите се познати по тоа дека апла копираат од другите автомобили.
А тоа црното малото од напред симпатично изгледа ... али јас не би купила кинеско возило, сепак сеуште се нови на пазарот и треба да помине одреден период за да се види како ќе се покажат.
А од тоа што сум гледала краш тестови на овие кинескиве коли ... ептем се небезбедни, партали се прават.
А и цената според мене им е висока.

Баш гледав на ова ракометов ги скапаа од рекламирање, на сред утакмица многу често одеше доле на екранот реклама за овие Great Wall.

Многу се намножија кинески брендови во МК, до пред некоја година немаше ниеден кинески бренд, а сега се 3 ми се чини: Lifan, Chery и еве сега најново Great Wall.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.830
Поени од реакции
2.922
супер количе и ѕверски,но доволно ми е за ваков модел со класичен мотор 2.0 или 2.5 турбо дизел со пиезо-вбризгувач;):)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
точно е се слагам..ама колку памтам Санос не се ни пријави на тендер.. а тендер мора да има, неможеше у 4 очи да се договори тоа.. Најголемиот кривец е Распашковски,лоповиште прва лига е, а криви се и од владата..тука мислам дека суетите на поединци ја заебаа работата (како и секогаш). И баш ми е криво за Санос (n)
kako бе не се пријави... и реклами идеа на телевизија со молба до граѓаните да го натераат граоначалникот да го прифати понуденото и да и помогне на македонската компанија и индустрија да преживее и опстои. рекламата беше дека не бараат финансиска помош туку само да се реализира понудата и дека гарантираа за квалитет барем 5 пати поголем од кинескиот на јутонг... ама ништо од тоа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom