Значи да резимираме:
Пред првенствово сите бевме задоволни со пласман во втора фаза.
Прво дојде тој нерешен резултат против
Шведска и во кој се вадевме од 3 негатива, ама на крај имавме и напад за победа (ко без шут мислам дека остана тој напад, ама сепак го иамвме). Тука почнаа сите големи познавачи на ракометот да фрлаат со кмења и да го бркаат со вили и мотики Кире, како тао он повеќе не вредел, како тоа не го бивало (како човекот да несмее една лоша утакмица да изигра).
Потоа дојдоа
Швабите и најмило ми е за нив што на крај останаа позади нас. Цело време бркаа резултат, за да на крај некако чудно да успеат да ја свртата работава во нивна полза. Во прво полувреме малку и судиите беа повеќе на нивна страна, ама што е тука е, второто и ние паднавме некако со играта и на крај изгубивме.
Потоа дојде
Чешка на чело со нивниот сакан селектор кој на почетокот на ЕП кажа дека сме биле најголемите аутсајдери на ова ЕП: И така тргна машинеријата да растура, малку по малку зголемувавме предност. Борко почна ко несалам да брани, Кире, Мојсо и Миркуловски распалуваа од сите страни и фино лепо Јиха и компанија ги пративме да си ги спремаат куферите и пут путујем да си ја пеат додека се враќаат.
Дојде и втората фаза и беше јасно дека што и да направат понатаму ќе биде само плус.
Првата утакмица и веќе најпозната беше со
Данска. Колку само дерење, викање, пцуење, радување и што ли уште немаше за тие 60 минути. Водевме еден период, имавме и 6 гола предност, малку паднавме и на полувреме отидовме со +4. Дојде второ полувреме, не фати таа криза, што секогаш не фаќа, а репрезентација како Данска и тоа како знае да го искористи. Хансен почна да распалува од сите страни, се што шутна влезе (имав дежа ву од Шпанците и Наваро во кошарка), јес да во тие негови шутеви и Шундо многу му помогна со оглед на тоа дека незнаеше тајм-аут да викне да смири работа малку или да залепи некој играч за Хансен. Како и да е сеодлепиа малку Данциве, за да ги стасаме на крај и да имаме напад за победа. И тогаш дојде тој фамозен шут на Кире, се одбранија Данците и успеаа за 4 секунди да ни направат контра и да ни го дадат голот кој за нив може да значи и титула. Што и да е, ќе жалиме за тој примен гол засекогаш, бидејќи знаеме и свесни сме дека можевме повеќе, ама во таа утакмица и среќата беше многу далеку од нас.
Дојде на ред и
Полска, екипа која веќе одамна си има кошмари од нас и незнае каде и е крајот од Кире и компанија. И повторно супер игра, неверојатна партија на Борко, во напад бевме одлични во првото полувреме, во второ малку запревме поради тој фластер на Кире, ама на крај сепак некако среќата беше на наша страна и успеавме да остане кошмар за Пољаците.
Дојде на ред и
Србија, која со оглед на тоа дека беше сигурно прва во групата, третото коло го играше растеретено, а нас ни требаше победа. Се правеа тие математики како до полуфинале и денот тргна супер со победата на Полска над Германија, ама тогаш дојде потешкиот дел и скандинавксиот дуел Шведкса - Данска. Сите се надевавме на победа на Шведска иако длабоко знаевме дека е тоа научна фантастика да се случи. И исто како на Евровозија twelve points from Sweden go to.......Danmark
. И таа дојде нашиот дуел со Србите, каде веќе некако од предвреме да се знаеше дека ќе тепаме, иако пак беше тесно на моменти, сепак фино лепо и поштено си тепавме, си отидовме на 3та позиција во групата и во борба за 5то место.
Со
Словенија за 5то место, некако еуфоријата веќе како да згасна, дали сите сфативме дека можевме многу повеќе на ова ЕП, па ова ни дојде некако малку (ненаситни створења сме), дали беше нешто друго во прашање не се знае, ама сепак добро тргнавме и со Словенците се одлепивме, за потоа да не стасаат па дури и да поведат. Со шпанските говеда од судии на нивна страна и пенали и исклучувања во нивна корист успеавме да се вратиме во утакмицава.
Потоа дојде шутот на Мојсо на пола минута до крај, промашувањето и пак како и секогаш да стравуваме за победата до последен момент. Ама фала богу ние имаме мајстор на голот. Борко одбрани шут од 6 метри (уште не ми е јасно како и тука не им досудија пенал на Словенциве), за огормна радост на сите страни и за втор пат во 5 месеци да пречекуваме наши спортисти од некое првенство.
Се на се, можеме да бидеме задоволни со тоа што го постигнавме досега, иако останува мислењето дека ако не беше тој гол на Данците, вчера они ќе играа против Словенија, а ние ќе бевме тие што ќе играат со Шпанија. Ама сепак, задоволни и со ова, во 5 месеци доживавме спортски радости какви што сме немале од времете на Кометал Ѓорче Петров.
Сите на чело со Кире заслужуваат секакви честитки. Добивме и нови млади играчи (Стоилов и Манасков) кои ќе треба да ја носат репрезентацијата понатаму.
И несмее да не се спомне страшниот тандем кој коментираше. Ников - Магдинчев и нивните лопти, финти, фластер, влегувања на втор пикер, дека ТРЕБА нешто да се направи
Имаме и квалификации за ОИ, нешто што до пред некоја година не ни можевме да го сонуваме.
А јас се распишав на долго и на широко, а дојде време да се спремаме за пречек. Се гледаме на плоштад Македонци, треба на момциве да им се покаже што се направија овие 2 недели за нас.
И за крај само уште ова: