Европско првенство Србија 2012 - генерална дискусија

Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Колку само ќотек изедоа нашите на сите утакмици :place:.
Столе откритие на ЕП :cuc: , него највеќе и го жалам, бидејќи на секој натпревар битка водеше со противничките играчи.
Во вториот круг го гледавме правото издание од Кирица, честитки и за рекордот што го надмина.
Торко ова де Борко :D, го нема нема и оддеднаш кинески ѕид ќе постави пред неговиот гол :свиркам:. И останатите исто изиграа супер, да не ги набројувам сега сите до еден.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
37
Поени од реакции
18
ne be... ne mozam da se pomiram sto ne vlegovme u polufinale... sansa na decenijata... za samo eden bod... u p.m.
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
АЈде сега една анкета за да видиме колкумина мислат дека под хитно Лино треба да ја преземе репрезентацијата.
Немој со Шунде :facepalm: да не пратат во квалификациите и во баражот. Април е блиску, а 2 месеци се краток период.
Може и петиција да испратиме до РФМ.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Значи да резимираме:
Пред првенствово сите бевме задоволни со пласман во втора фаза.
Прво дојде тој нерешен резултат против Шведска и во кој се вадевме од 3 негатива, ама на крај имавме и напад за победа (ко без шут мислам дека остана тој напад, ама сепак го иамвме). Тука почнаа сите големи познавачи на ракометот да фрлаат со кмења и да го бркаат со вили и мотики Кире, како тао он повеќе не вредел, како тоа не го бивало (како човекот да несмее една лоша утакмица да изигра).
Потоа дојдоа Швабите и најмило ми е за нив што на крај останаа позади нас. Цело време бркаа резултат, за да на крај некако чудно да успеат да ја свртата работава во нивна полза. Во прво полувреме малку и судиите беа повеќе на нивна страна, ама што е тука е, второто и ние паднавме некако со играта и на крај изгубивме.
Потоа дојде Чешка на чело со нивниот сакан селектор кој на почетокот на ЕП кажа дека сме биле најголемите аутсајдери на ова ЕП: И така тргна машинеријата да растура, малку по малку зголемувавме предност. Борко почна ко несалам да брани, Кире, Мојсо и Миркуловски распалуваа од сите страни и фино лепо Јиха и компанија ги пративме да си ги спремаат куферите и пут путујем да си ја пеат додека се враќаат.
Дојде и втората фаза и беше јасно дека што и да направат понатаму ќе биде само плус.
Првата утакмица и веќе најпозната беше со Данска. Колку само дерење, викање, пцуење, радување и што ли уште немаше за тие 60 минути. Водевме еден период, имавме и 6 гола предност, малку паднавме и на полувреме отидовме со +4. Дојде второ полувреме, не фати таа криза, што секогаш не фаќа, а репрезентација како Данска и тоа како знае да го искористи. Хансен почна да распалува од сите страни, се што шутна влезе (имав дежа ву од Шпанците и Наваро во кошарка), јес да во тие негови шутеви и Шундо многу му помогна со оглед на тоа дека незнаеше тајм-аут да викне да смири работа малку или да залепи некој играч за Хансен. Како и да е сеодлепиа малку Данциве, за да ги стасаме на крај и да имаме напад за победа. И тогаш дојде тој фамозен шут на Кире, се одбранија Данците и успеаа за 4 секунди да ни направат контра и да ни го дадат голот кој за нив може да значи и титула. Што и да е, ќе жалиме за тој примен гол засекогаш, бидејќи знаеме и свесни сме дека можевме повеќе, ама во таа утакмица и среќата беше многу далеку од нас.
Дојде на ред и Полска, екипа која веќе одамна си има кошмари од нас и незнае каде и е крајот од Кире и компанија. И повторно супер игра, неверојатна партија на Борко, во напад бевме одлични во првото полувреме, во второ малку запревме поради тој фластер на Кире, ама на крај сепак некако среќата беше на наша страна и успеавме да остане кошмар за Пољаците.
Дојде на ред и Србија, која со оглед на тоа дека беше сигурно прва во групата, третото коло го играше растеретено, а нас ни требаше победа. Се правеа тие математики како до полуфинале и денот тргна супер со победата на Полска над Германија, ама тогаш дојде потешкиот дел и скандинавксиот дуел Шведкса - Данска. Сите се надевавме на победа на Шведска иако длабоко знаевме дека е тоа научна фантастика да се случи. И исто како на Евровозија twelve points from Sweden go to.......Danmark:mad: :tapp: . И таа дојде нашиот дуел со Србите, каде веќе некако од предвреме да се знаеше дека ќе тепаме, иако пак беше тесно на моменти, сепак фино лепо и поштено си тепавме, си отидовме на 3та позиција во групата и во борба за 5то место.
Со Словенија за 5то место, некако еуфоријата веќе како да згасна, дали сите сфативме дека можевме многу повеќе на ова ЕП, па ова ни дојде некако малку (ненаситни створења сме), дали беше нешто друго во прашање не се знае, ама сепак добро тргнавме и со Словенците се одлепивме, за потоа да не стасаат па дури и да поведат. Со шпанските говеда од судии на нивна страна и пенали и исклучувања во нивна корист успеавме да се вратиме во утакмицава.
Потоа дојде шутот на Мојсо на пола минута до крај, промашувањето и пак како и секогаш да стравуваме за победата до последен момент. Ама фала богу ние имаме мајстор на голот. Борко одбрани шут од 6 метри (уште не ми е јасно како и тука не им досудија пенал на Словенциве), за огормна радост на сите страни и за втор пат во 5 месеци да пречекуваме наши спортисти од некое првенство.
Се на се, можеме да бидеме задоволни со тоа што го постигнавме досега, иако останува мислењето дека ако не беше тој гол на Данците, вчера они ќе играа против Словенија, а ние ќе бевме тие што ќе играат со Шпанија. Ама сепак, задоволни и со ова, во 5 месеци доживавме спортски радости какви што сме немале од времете на Кометал Ѓорче Петров.
Сите на чело со Кире заслужуваат секакви честитки. Добивме и нови млади играчи (Стоилов и Манасков) кои ќе треба да ја носат репрезентацијата понатаму.
И несмее да не се спомне страшниот тандем кој коментираше. Ников - Магдинчев и нивните лопти, финти, фластер, влегувања на втор пикер, дека ТРЕБА нешто да се направи :)
Имаме и квалификации за ОИ, нешто што до пред некоја година не ни можевме да го сонуваме.
А јас се распишав на долго и на широко, а дојде време да се спремаме за пречек. Се гледаме на плоштад Македонци, треба на момциве да им се покаже што се направија овие 2 недели за нас.
И за крај само уште ова:
 
Член од
21 август 2011
Мислења
246
Поени од реакции
97
Да не знае некој кога репрезентацијата на Мкд ќе игра во БТ? :)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Кире и Борко во вестите на Сител од 19:00 часот.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Имавме кондиција само за 40 минути добра игра и затоа на полувреме скоро секогаш водевме (или секогаш) а во 45 минута обавезно не стигнуваа па до крај се играше брканица да сочуваме водство или уште полошо да бркаме резултат. Да имавме кондиција за 60 минути ќе игравме не во полуфинале него во финале зашто технички и како тим сме убедливо најдобри. Штета што менталитетот ни е таков ако некој не те брка да тренираш не тренираш. Кондиција се набива многу лесно и сам, само треба неколку месеци да не забушаваш со трчање.

Бразил у фудбал да има кондиција да игра само 60 мин сите утакмици со тимови како Германија ќе ги губи на крај а тоа нас и ни се случи, ги тепавме сите славјански земји а загубивме од сите германски ради неспособноста да се изигра во исто темпо 60 мин.

Честитки за петтото место и памет за друг пат да се земе ментален и обавезно кондиционен тренер за да не жалиме и друг пат за испуштена шанса..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom