Ај вака сега, да зборуваме со факти:
1. Да се фатиме за точна година ( а не во Југославија), да речеме 88ма, како најблиска од Југославија.
2. Просечна плата 116долари, извор:
http://sh.wikipedia.org/wiki/1988 (Заклучок татко ти и мајкати имале многу голема плата!)
3. Во Југославија било проблем (а сега е уште поголем) големиот број на необразовани луѓе. Факт - завод за статистика, ме мрзи да барам линк, најди и види колку од 30000невработени се со основно или помалку. Повеќе од 60%! Мизерија! Тука нема напредок, тука нема додадена вредност. Тие луѓе се неписмени и не можат да придонесат за развој на општеството. Значи од вкупниот број на невработени, 90% имаат само средно образование! Треба да се запрашаме зошто!!! Затоа што сме мрзлива нација. Не ни се учи. Не ни се работи. Сакаме на лото, на коцка и на политика да се збогатиме! Затоа што таква култура имаме! Дека некој треба да не вработи - ете затоа! Еве го линкот:
http://www.avrm.gov.mk/WBStorage/Files/p3stnaobrazovanie122011.pdf
4. 700+400 не е 12000, можеби си сакал да речеш 1200, но не е ни 1200 туку е 1100, и за тие пари ако не лажеш за цената на овцата, ме мрзи да проверувам си можел да купиш 12-14 овци.
5. Споредување со тоа колку овци можеш да купиш не е добро од многу причини. Кажи ми колку германски автомобили можеле да купат твоите со 1годишна плата, па ќе продолжиме со дискусија. Југословенските производи биле евтини заради пазарната политика. И сега македонските производи се нормално поевтини (но ем ги немаме многу, ем имаме отворено пазарно општество, па цените не можат да се држат многу ниско, освен кај земјоделски производи каде што извозот е строго контролиран).
6. Ако ја знаеш платата на твоите во Динари, за да не живееш во заблуда колку марки земале, еве ти од прилика курсна листа:
http://www.bsi.si/popup.asp?MapaId=581
7. GDP Capita Германија 1988: околу 16000 (има различни извори+-1000) curr. int. USD, GP Capita Yugoslavia 1988: околу 3600 (два пати повеќе од Бугарија).
http://www.google.com/publicdata/explore?ds=d5bncppjof8f9_&ctype=l&strail=false&bcs=d&nselm=h&met_y=ny_gdp_pcap_cd&scale_y=lin&ind_y=false&rdim=region&idim=country:SWE:ROM:BGR:ALBEU:MKD:SVN&ifdim=region&tstart=-313376400000&tend=1264546800000&hl=en&dl=en&q=gdp per capita sweden
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/1/11/Eastern_bloc_economies_GDP_1990.jpg
Значи, тогаш во Југославија ( а во МАкедонија секако дека полошо, оти сме биле најмалку развиена!!!) се заработувало 4.5пати помалку отколку во Германија. Денес, Германија 35700, ние 9700. Значи овој сооднос е 3.6. Извор:
https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/rankorder/2004rank.html
8. Запамти го ова добро - цената на недвижнините е единствена мерка за стандардот, културата и начинот на живеење во една држава. Во држава со отворени граници (во оние со затворени ова не важи). Ова важи и во рамките на една држава. Затоа е и таков стандардот кога ќе споредиш Берово-Скопје. Баш заради тоа. А цела Пелагонија (запамти го и ова!!!) вреди колку една фирма Facebook! (можеби и помалку).
Е сега општо - стандардот е малку подобар од 1988 споредено со Германија. Но се зависи со што ти го споредуваш. Проблемот што сега имаме впечаток дека живееме полошо не е во стандардот туку во културата:
1. Сите мислат дека треба да возат скапи германци, и им се подсмеваат на оние со французи (а тогаш биле пресреќни со 101).
2. Сите гледаат еден куп телевизија - тогаш работеле од утро до вечер (прво на работа, а потоа земјоделие, стока и слично)
3. Сите гледаат турски серии, и се занимаваат со политика, и со националистички чувства (тогаш сето ова било забрането, наместо ова правеле паметни работи)
4. Наместо да земат да работат и да направат да живееме подобро - на форуми и на телевизии раскажуваат како било некаде и како било поубаво.
5. Кога секој македонец (и јас и ти) ќе се разбуди и ќе си речи што денес ќе направам за да ми биде МЕНЕ поубаво, на моето семејство поубаво, на мојата фамилија, на мојот град и на мојата држава - е само тогаш ќе имаме прогрес. Јас секое утро го правам тоа. А ти? И да секој ден се расправам со секој ненормален службеник што не си ја врши работата. Знаеш зошто? Затоа што сакам да го натерам да разбери. Ако ние не работиме никој нема да ни сработи.Знам луѓе кои ништо не работат - и се жалаат дека немало работа. Работа има ! Колку сакаш! Но девизата веќе одамна е „ѓабе лежи, ама ѓабе не работи“.
6. Слушам на телевизија и читам по весници: Вода немало во Прилеп. А 2месеци пред тоа - во топ 10најуспешни фирми некое си казино.
7. Никој не работи - затоа сме на ова тереџе. Затоа што се радуваме на евтини популистички финти дека во ракомет сме биле 6ти во европа. Супер е тоа! Уште во економија да сме 6ти!
8. Секој од нас треба да свати дека единствено се живее од производство и од додадена вредност. Срамота е кога господ ни дал таква земја да увезуваме храна! Срамота е! И срамота е да имаме поразителен извоз. Мораме да работиме. Од утро до вечер. Друго нема - ако сакаме силна и успешна држава. Единствен начин да живееме како Германци е ДА РАБОТИМЕ КАКО ГЕРМАНЦИ. Се друго е сон. Сите изјави од типот „така се работи овде“ и „ова е македонија“ додека постојат и се вртат нема да мрдниме ни центиметар напред. Верувам дека ова ќе го прочитаат многу мина. Од нив се надевам дека 30% ќе се согласат со мене. Ако тие го пренесат на своите пријатели - и сите почнат да го применуваат - можеби еден ден нивните деца ќе им бидат благодарни.
Многу се запишав, а некој од политичариве може да го искористи истово за некој митинг
Ве поздравувам!