целев кон тоа дека и покрај толкава палета на филмови и можност за запознавање на филмот и неговата суштина(генерално и поединечно) сепак сеуште филмските манијаци од форумот некако како не доволно го вкусуваат филмот, не целосно и вистински и можеби затоа најчесто се врзуваат за мејнстримот и сл..општо земено на мкд дефинитивно и фали вкус за се, ама кога сме кај филмот, ете тоа претерано бомбардирање на нашите тв канали со брзи и лесни филмчиња(не само содржински, туку и визуелно, кинематографија и све остало) не ни остава простор да се вљубиме во вистинските вредности на таа уметност и да го третираме филмот како уметност..да се решиш да гледаш филм е исто што и да се напиеш кафе, нема ништо посебно во тој момент, а и зошто да има кога си земал да гледаш некаков булшит..а и кога се работи за нешто повистинско, традицијата на „пиење кафе“ се повторува, едноставно така си се програмирал јбг! не зн, мило ми е што не сум се претопил во масата и што гледам 1 добар филм месечно наместо 5, 10, 20 лоши..но нема веќе да се мешам во вкусот, еве уште еднаш ќе потенцирам дека навистина немав таква намера да подучувам некого,да изигрувам кретенче и да наметнувам нешто мое, секој си се држи до својот вкус и нема зошто да обрне внимание на некој што има спротивен од неговиот