Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Marso

Io sono INTERISTA!
Член од
22 јануари 2006
Мислења
1.456
Поени од реакции
311
Мота ако заминува. ќе замине летоска, не верувам сега да направи ваква глупост.
За тие што не прочитале на темава и не знаат, он има откупна клаузула од 10м евра па сега неговиот агент тоа го користи ко уцена за да му дадат нов договор а тимот не брза, знааат дека има проблеми со повреди, знаат дека летово ќе пуни 30 години и полека ќе влезе во периодот од кариерата кога ќе има стагнации и дигресии па не сакаат да се врзат за него ко што се пример врзани за Мунтари па во ситуација кога ќе се поебе, да не сака никој да го купи, а ќе цеди буџет за џабе.

Јас лично немам ништо против летоска да замине, ама сега не, не верувам да се одлучи во моментов да оди во ПСЖ зашто сепак има сеуште за играње и во Италија и во Европа, тежината на овие две натпреварувања е неспоредлива со француското првенство и куповите таму. Ако ПСЖ понудат 10м евра, понудата по автоматизам е прифатена па он треба да пресече, ако веќе сака да оди таму, ваљда е доволно паметен тоа да го направи тек летоска а не сега, не е ваљда глуп на ваков начин да му сврти грб на Интер а и самата одлука сега да замине е штетна и за него, покрај тоа што е штетна и за Интер.

Инаку Куцка не може да го покрие него соодветно, не е таков профил на фудбалер, ќе треба да се крстиме на Поли во една ваква ситуација, а знаејќи го Раниери, Занети ќе игра таму. :eek:
Ако си замине замена треба да му биде Гуарин... батали ги Поли/Моли, немаат они техника како него..
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.766
Гуарин наводно бил блиску до Јуве, не е ни битно, Гуарин нема да има право на настап во ЛШ, затоа, нема апсолутно никаква логика сега да се продава Мота. Ја одам на тоа дека напнуваат сега за нов договор и ја тераат онаа веќе видена игра на агентите.
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
Гуарин наводно бил блиску до Јуве, не е ни битно, Гуарин нема да има право на настап во ЛШ, затоа, нема апсолутно никаква логика сега да се продава Мота. Ја одам на тоа дека напнуваат сега за нов договор и ја тераат онаа веќе видена игра на агентите.
Abre ke go donesat Sahin od RealM.ako si ode Mota so tolku sekiracii ;)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.766
Сахин е фантастичен играч и ептен би бил среќен ако во блиска иднина заигра за Интер, уште од лани го иам зборено на темава дур играше за Дортмунд, но сезонава се повреди и нема ич играно за Реал, мислам само еднаш настапи а може и за ова сум грешка така да глупо би било и ова да се деси, да си отиде Мота а Сахин да дојде, башка неадаптиран на италијанскиот фудбал.

Не бе, не си иде Мота, не смее. :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Абе Син со таа ЛШ, ко демек ќе ја освоиме :) И Форлан немаше право, па еве поминавме...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.766
Не дека ќе ја освоиме, ама едно е нашиот став друго е нивниот :)
Во секој случај ептен несериозно би било Мота сега да го продадат, еве нека се тргне ЛШ на страна, пак, како и да ја вртиме тоа ќе ги ослабне, деликатен е многу овој дел од годината за да се продаде ваков играч и да се носи негова алтернатива која допрва треба да ја докажува својата вредност во тимот.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Ако не ни е целта да ја освоиме, тогаш зошто учествуваме?

Не знам зошто не запнат по Сахин и покрај тоа што Мота би останал. Засилување големо во среден ред, поголем креативец од Мота е каде-каде, малку ќе му треба адаптација, ама ќе го биде. Да не зборам дека може и ЛШ да игра, пуна капа. Башка, го зимаме на позајмица, на лето ќе го исплатиме некои си 10-тина милиони, и онака со Реал си го имаме на ти го дај ми го.

Уствари, Реал ни се еден вид на Џенова/Парма тимови, за калење на играчи. Ќе се испукаат они, ќе потрошат големи пари на некој играч, и после ние им го лапаме преполовено.

Кај и да е Роналдо е наш. ;)
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
Па еве и шпекулациите ако се точни мурињо ќе си оди на лето,во реал ќе дојде нов тренер со нови филозофии сите играчи ко сахин,каљехон,марсело и така натаму ќе бидат испродадени а тоа значи дека штом има распродажба во реал морати ги отвара очите и опа ќе дојде некој кај нас.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.490
Поени од реакции
114.492
Абе двомеч е тоа ништо не се знае. Може да се деси пенал за нас и црвен за противникот, тепаме 0-1 на пример и после дома катанаџо. Фудбал е, топката е тркалезна, иако сме далеку од тим што може да освои ЛШ сепак ништо не се знае.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.766
Aбе после двомечот со Барса во 2009, од фазата по групи, и тогаш шансите беа убер мали според нашите размислувања, ама ја одам по логиката на Мурињо таа година, шансите сега за сега се 10%, со секој пласман понатаму се зголемуваат се до онаа 50ка во финалето.
Во секој случај, ако им е наклонета ждрепката, можат до полуфинале, ко и лани што можеа ... ама Лео, јебига.
За пласман во финале или евентуално освојување, ќе треба премногу среќа, нешто што во секој случај теорија нема да се деси со Ранко наш. :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom