Нека и е честито на Хрватска влез во ЕУ.Реално 44% излезност има од 4.5 милиони гласачи вклучувајќи ја целата дијаспора.А во дијаспората излезноста беше никаква некој си 1-3 % вклучувајќи ја и Босна што значи дека во самата Хрватска преку 50% излегле на референдум.Башка ЕУ е во тешка состојба.Многу луѓе не знаат за што да гласаат.Од една страна знаат дека ЕУ реално може многу да им помогне,но од друга не веруваат дека ЕУ ќе трае уште многу.
Честитки за оваа одлука,конечно излегоа од балкансково мочуриште.ЕУ во моментов не е најсјана опција,но е многу подобра од другата.
Ако кажеа не кредитниот рејтинг одма ќе им опаднеше на џанк.Во ваква состојба во која се наоѓаат моментално тоа е куршум во чело за нивната економија.
Ако кажеа не,остануваат во групатана на Македонија,Србија,БиХ........Па подобро последен и најбеден во ЕУ него успешен во друштво на овие "држави".
Ако кажеа не следен пат влегување во ЕУ во случај да се премислат на св. Никад.Заедно со Србија тогаш.Е тек тоа ќе биде страшен удар за Хрватска.Плус не и се кажува така лесно не на Европа.Ќе ти го памтат тие тоа,ако ти треба некоја помош од нив заеби(како се не и помагаа на Грција да избегне банкрот,да не беа членки на ЕУ и еврозоната немаше никој со прст да мрдне за нив).Веќе те множат со 0 ако им кажеш не.Плус Хрватска е последна што влегува на овој начин во ЕУ.Сите следни треба прво да поминат на референдум во секоја од членките(што уствари ни го затвара влезотр во ЕУ на нас за сва времена).
Направија премногу за таа ЕУ.........најмногу од сите што влегле во ЕУ во последниве 10 години и тек сега да кажат не,нема смисла.
Сега се во многу појака позиција во однос на Србија.Со нив се тужат,можат до колку сакаат да ја уценуваат за да им плати одштета со влезот во ЕУ.
Сеуште не се толку развиени и сеуште можат да влечат повеќе пари од ЕУ него што ќе даваат.
Моментално највлијателна членка на ЕУ во моментов е Германија.Германија можеби никогаш во својата историја не била вака силна.Германија па е најголем сојузник и поддржувач на Хрватска.Да испуштиш ваква прилика кога твојот најголем сојузник е на врвот е краен дебилизам.
Сега најголем проблем ќе им е границата.Имаат огромна граница со БиХ и Србија и огромна морска граница.Како гранична членка на ЕУ ќе мора херметички да ја затворат границата за да влезат во шенген зоната,а тоа ќе чини многу.Јака крајбрежна стража ќе треба да направат,да зголемат бројот на гранични полицајци,да изнакупат нова опрема..........