Илјада билети и бесплатен превоз со воз за Македонија-Полска

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
А да не дошло до забуна да не сте имале исти имиња и презимиња повеќе луѓе затоа да е дојдено до забуна?
 
bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Изјава во вестите на канал5 само што даде Лазар Поповски велејќи дека се поминало во најдобар ред, вагоните биле исполнети,нормално било да имало повеќе луѓе од потребното т.е. и такви кои не се извлечени а сакале да отидат.Ги читале по список еден по еден, имало по три контроли за секој случај и остало.
Снимките кои ги покажаа за време на изјавата се состоеја од лица на навивачи кои се смешкаат и мафтаат кон камерата..
Се со цел да се покаже дека се поминало добро и дека сите си влегле на своите места, ццц :)
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505

Затоа треба снимка, без снимка ништо. Они едно кажуваат, таму друго се случувало.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Вака ли владате си игра...зарем не е жално за овие од другиве градови од 2 по полноќ тргнати со коло со свои тршкови.:mad:
 
bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Затоа треба снимка, без снимка ништо. Они едно кажуваат, таму друго се случувало.
Фала богу дека треба да се видат и тие снимки, но ако биле избришани како што кажуваат тешко дека некој ќе може да докаже дека се случувало спротивното.Ваљда после враќањето на навивачите, некои од нив ќе се изјаснат за тоа како било навистина, ама тешко е за верување:)
 
M

macgowan

Гостин
Не сме ни муфте држава, ние сме муфте до пуфте држава, понекогаш и муфтеџиите имаат некоја граница, ама кај нас не е така
Жално.
Не е до `муфтеизмот` дотолку. Сега е до популизмот+идиотизмот на the ruling caste.

Муфтеџии пар екселанс имаше во далечната `91 мислам беше кога имаше бесплатни возови до Скопје по повод масовните митинзи пред референдумот за осамостојување на Македонија, кога од Битола возот што тргна личеше како оние погоре прикажаните во Индија или Бангладеш - народот од попатните постојки од цела Пелагонија па се до Скопје сосе стока, живина и останата флора и фауна која се продава на пазар се пентереа на возот + патриотска раја (која пуца од здравља) се со лавови, вергини јунајтедмакедонии и сите знамиња кои беа и се актуелни од тој период до ден денес миксано со мирисот на домашна `комојца`...Тоа беше once in a lifetime искуство! Реков никад више! На враќање 7 сати до Битола патувавме.

Дали некој медиум ќе има кохонес да објави што навистина се случило?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
А број на пасош или лична карта оти земаа. Не зезај.
Чекај тоа број на лична карта/пасош се земаше за да ако има повеќе луѓе со исто име и презиме да се знае кој ќе иде.
Пример:извлечен Стојко Стојков
и има уште во државава со такво име Стојко Стојков, идат двајцата на Железничка Станица и гледаат кој е кој. На тоа мислев другар.
За другити знаеме дека без скандал не може и партиски војници.
 
I

Ilindenka

Гостин
4:16
Тука сум уште . Горе на железничка нема жив петел и воз нема . Ладно е нама да излезат горе додека не дојде возот . Ама слушам пеење
Сеа дефинитивно легнувам . поз
"Од 4 до 5 часот пуштија само 200 - 300 луѓе, притоа имаше многу свирење и пцуење кон полицијата." - цитат од реакцијата од читател на http://www.plusinfo.mk/vest/30691/REAKCIJA-OD-ChITATEL-Vozot-za-Belgrad-otide-prazen-Alfite-ne-turkaa-i-maltretiraa
,,, не ми се верува дека од 200-300 луѓе против 30-40 полицајци ама баш на никој не му останала снимка. Некој мора да има снимка, а има и програми за оправање на мемориските картички. Дајте бе луѓе мора да ја објавиме.
Едвај чекам да се вратат тие што отидоа (сестра ми и зет ми - без да ги извлечат), мора некој да има снимка. Ако им ја избришале на тие доле не им ги бришеле и на тие горе.
Ух, како не отидов........
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Ееее де лесна работа тие што им се избришани клиповите а им се снимени на мемориска направете recovery. А иначе апел до владата повеќе никогаш да не доделува бесплатни билети пошо доаѓа до тепачки меѓу гагаџиите од нивни редови + фолиранти опозиција или тапкароши а страдаат обични луѓе.
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
4:16
"Од 4 до 5 часот пуштија само 200 - 300 луѓе, притоа имаше многу свирење и пцуење кон полицијата." - цитат од реакцијата од читател на http://www.plusinfo.mk/vest/30691/REAKCIJA-OD-ChITATEL-Vozot-za-Belgrad-otide-prazen-Alfite-ne-turkaa-i-maltretiraa
,,, не ми се верува дека од 200-300 луѓе против 30-40 полицајци ама баш на никој не му останала снимка. Некој мора да има снимка, а има и програми за оправање на мемориските картички. Дајте бе луѓе мора да ја објавиме.
Едвај чекам да се вратат тие што отидоа (сестра ми и зет ми - без да ги извлечат), мора некој да има снимка. Ако им ја избришале на тие доле не им ги бришеле и на тие горе.
Ух, како не отидов........
А можно е и врска да нема, можеби се си било регуларно како што треба.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom