Алтернативни горива за загревање

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
....приказната за конопот е тажна приказна за човековата глупавост и АЛЧНОСТА на некои изроди. Дизел моторот во основа ја има идеата да биде замена за парната машина на полињата и Рудолф Дизел го конструирал да работи на масло од кикирики и сите други расположиви растителни зејтини. Она од семето на конопот се покажало најпродуктивно и во Америка во еден момент конопот е второ едногодишно растение после пченката.
Од него покрај дизел гориво Д1 се добивале полупроизводи од кои функционирала индустријата на хартија , текстилната индустрија ит.итн. Со појавата на бензинскиот мотор , почнува користењето на бензините кои се продукт на минералната нафта....Како нуз продукт во процесот на дестилација се добивале ГОЛЕМИ количини на лесно масло, за кое многу бргу нафтените компании забележале дека може да се користи во дизел моторите. Нафтените барони виделе ниша на пазарот за нешто што до тој момент немало висока цена и побарувачка освен како гориво за осветлување со газиените лаби.
Биле МОЌНИ ПОЛИТИЧКИ и почнале кампањи и лобирање против конопеното масло , а на основа на можноста да се прогласи дека тоа растение е всушност ДРОГА!!!
Но дури пред почетокот на втората светска војна им успеало да протнат закони со кои конопот се прогласил за наркотично растение и се забранил.
Тоа што оставиле без работа многу текстилни производители, почнало уништувањето на шумите заради хартијата и слично ич не им било гајле. За лековитите карактеристики на маслото од цветот да не збориме..
Пара е у прашање. Така се појавило Д2 дизел горивото добиено од нафта...:)
Мислам дека барем во Европа се освестуваат и конопот..., едно неверојатно растение кое од дедо Ное е основна суровина за многу работи , без кое не би се случил толку брз развој на човечкиот род...пак се враќа онаму каде му е место....
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
konop
kinezite papirus pravele na konop
najdobrite jazinja se od konop
mnogu golema istorija ima konopot
ama kako sto kaza concrete pred vtorata svetska vojna se smenile mnogu raboti
lekot isto taka go spomna THC od konopot leci od se i sesto
site bolesti gi leci
a luleto na mirot e daleku od site raboti sto se pravat od konopot ili kako sto go poznavame nie MARIHUANA za pusenje
ne e se vo kuliranje i uzivanje tuku biznisot go vodi svetot
druga tema e ova da ne ja prosiruvam
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718

па друже... во парнаџиските зафати а богами и водоводџиските сеуште се користи коноп...
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Крадете СТРУЈА тоа ви е нај ефтина варијанта жими мајка , се друго ви е ко вук со кожа,али алач л нека му е на дечконо со водородот,дефинитивно ме изнасмеа :pos:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
najdobro e samo KONOP da se odgleduva i da se gori
poznata marihuana
samo stebloto raste kolku edno drvo za 1 godina
znaci ke stane mnogu poeftino ogrevnoto drvo ako se greeme na konop otkolku na dab ili buka
racunaj kolku vreme mu treba na konopot da izrasne a kolku na bukata ili dabot ili bilo koe ogrevno drvo
Хемпот има потенцијал да ги реши енергетските дилеми на денешницата, не само во поглед на греење. Нет-енергија (разликата помеѓу енергијата потрошена од изворот и добиениот вид на употреблива енергија) е неверојатно поволна, еколошки е меѓу најдобрите опции и има висок степен на употребливост во разни гранки на индустријата. Освен тоа секој еден поединец може да го сади и на тој начин да си обезбеди поголема енергетска независност. Не само енергетските туку и социјалните промени би биле значајни, доколку се има достапен и ефтин извор на енегрија.

Но затоа е тука државата да не заштити од сето тоа. А државата треба да се сака и љуби. Треба да се контемплира на теми како “кожна топка упатена меѓу три греди во дупла мрежа“. Да се вложат време,нерви и емоции. Бидејќи нет-енергијата е бесконечна тука...на една страна има секогаш нула...:icon_lol:
Priorities. They are from the devil.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
konopot e zatoa zabranet posle vtorata svetska vojna da se upotrebuva
ima mnogu golema upotreblivost
samo sto zakonski nie obicnite smrnici da ne go koristime
henri ford napravil avtomobil od plastika od konop i gorivo od konopot sto ke moze da se dvizi samo sto tie patenti se unisteni kako mnogu patenyi na nikola tesla
znaci nie sme obvrzani so goriva sto moze da gi koristime kako sto se nafta gas
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
на се тоа еден ден ке му дојде крај... кога ке снема доволно ресурси се ке почне рол бак наназад... пик оил за кога беше прогнозиран? 2019 беше.... не е далеку...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
има коноп и коноп.
едниот е див и го има насекаде па повелете беретего. од него нема хај одење, а другиот е нелегален и служи за дување;)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Најдов податоци за уште две горива:
Семки од растенија исушени со 15% влага, долна топлотна моќ 3, 89 KWh/kg
Исушени стебла од пченка, долна топлотна моќ 2, 05 KWh/kg
Исушените стебла од пченка се слаба храна за животните. Постојат рамничарски предели во други земји каде нема дрва и каде ваквиот одпадок често се користи како гориво. Дали некој има искуство со користење на исушени стебла од пченка?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
вака, ај да не измислуваме топла вода туку некој конкретно ако има нешто направено или видено да споделиме.
за калоричната вредност на некое гориво џабе се зборува ако неможе да се искористи, тешко е да се најде, скапо е или едноставно непрактично. шо фајде мене ако исушените стебла од пченка не можам да ги горам во обичен камин, или преправката или купувањето на таков е еконосмки неоправдано, или пак преправката на истите за да можат да горат во обичен камин исто така е временски и економски неисплатлива.
јас и во другата тема кажав како го преправив каминот, ме кошташе не повеќе од 500 денари , а некој можеби и ништо пошто секако може и низ дома да му се врткаат метални плочи од 5 мм дебелина.
а и да немаш во отпад секогаш ке најдеш. со тие 500 денари јас му ја зголемив ефикасноста на каминот забележително. добра работа испадна и тоа што не се валка стаклото, оџакот не се затнува како порано, можам да горам што сакам како на пример пилевина и бор без никакви проблеми. башка мислам дека со бор ( смолата во него) уште подобро гори затоа што таа прва испарува и наместо да оди низ оџакот и да го затни, согорува над огништето и ослободува огромна топлина. исто така со пилевината ако кај другите камини ги гуши и ги гасни, тука си гори без проблеми во комбинација со дрва.
ај ке гледам да ставам слики каде се гледа подетално што како, да го скршам мразот, што би рекле.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
вака, ај да не измислуваме топла вода туку некој конкретно ако има нешто направено или видено да споделиме.
за калоричната вредност на некое гориво џабе се зборува ако неможе да се искористи, тешко е да се најде, скапо е или едноставно непрактично. шо фајде мене ако исушените стебла од пченка не можам да ги горам во.................................................................................................................................................................................................................................................ди низ оџакот и да го затни, согорува над огништето и ослободува огромна топлина. исто така со пилевината ако кај другите камини ги гуши и ги гасни, тука си гори без проблеми во комбинација со дрва.
ај ке гледам да ставам слики каде се гледа подетално што како, да го скршам мразот, што би рекле.
Како ја дозираш пилевината во каминот????
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Исушени стебла од пченка, долна топлотна моќ 2, 05 KWh/kg
Направив грешка, долната топлотна моќ на исушени стебла од пченка е 4, 61 KWh/kg ( поголема е од топлотната моќ на лигнитот )
Во некои делови на Војводина стеблата од пченката се користат како основно гориво во обични печки.
Најнапред, со дрва се распалува оган за да се направи жар, а потоа, врз жарот се ставаат стеблата на пченката. Стеблата од пченка брзо согоруваат, ослободувајќи големо количество топлина. Таму се користат најповеќе ѕидани печки, така да печката брзо се загрева. Ако се користи метална печка, на крајот, за да се направи жар, се додава лигнит или подебели дрва.
Согорувањето, во обични печки, на дрвена струготина - талаж е поголем проблем. На интернет можат да се најдат начини како од талажот да се направат брикети, или, користењето талажот, да се комбинира со огревно дрво, или да се користи метален издупчен сад во кој се става талажот, па заедно со садот се внесува во печката.
Убаво би бил мкд владе и сите други кои имаат искуство, да ги споделат со нас своите искуства за користење на талаж.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
7
Поени од реакции
3
вака, ај да не измислуваме топла вода туку некој конкретно ако има нешто направено или видено да споделиме.
за калоричната вредност на некое гориво џабе се зборува ако неможе да се искористи, тешко е да се најде, скапо е или едноставно непрактично. шо фајде мене ако исушените стебла од пченка не можам да ги горам во обичен камин, или преправката или купувањето на таков е еконосмки неоправдано, или пак преправката на истите за да можат да горат во обичен камин исто така е временски и економски неисплатлива.
јас и во другата тема кажав како го преправив каминот, ме кошташе не повеќе од 500 денари , а некој можеби и ништо пошто секако може и низ дома да му се врткаат метални плочи од 5 мм дебелина.
а и да немаш во отпад секогаш ке најдеш. со тие 500 денари јас му ја зголемив ефикасноста на каминот забележително. добра работа испадна и тоа што не се валка стаклото, оџакот не се затнува како порано, можам да горам што сакам како на пример пилевина и бор без никакви проблеми. башка мислам дека со бор ( смолата во него) уште подобро гори затоа што таа прва испарува и наместо да оди низ оџакот и да го затни, согорува над огништето и ослободува огромна топлина. исто така со пилевината ако кај другите камини ги гуши и ги гасни, тука си гори без проблеми во комбинација со дрва.
ај ке гледам да ставам слики каде се гледа подетално што како, да го скршам мразот, што би рекле.
Дали може ова да се направи на овие печки што ги викат Рустик од Алфа Плам? Баш ме интересира ако ова е изводливо како сам може да го направам. Кај мене стаклата се нон стоп зачадени, а за оџаците да не зборам, и за буриите. Барем на 2 месеци треба да ги чистам :(
Благодарност однапред за мкд владе.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
Како ја дозираш пилевината во каминот????
кога не ми е мака едноставно ја полнам во книжни кеси. имав купено пред неколку години од магацин на големо цел пакет со кеси од еден килограм. не беа скапи некаде 300 денари и уште ми траат. фино ке ја наполниш кесата и ке ја набиеш онака со раце да се стегни и толку. ништо посебно. а подобро е во книжни отколку во најлонски затоа што можеш подобро да ја наместиш во ложиштето, и нема да се растури одма, а и можеш да ја набиеш подобро. со најлонската одма ке се скини од жешкото и ке се растури низ цел камин и само беља ке направиш. за дозирање прво дрва да се направи жар нормално па две три кеси зависи колку бери, па следното полнење пак дрва за да се направи пак жар,па пак кеси.
ама сепак досадна работа е и така правам кога не ми е мака.
--- надополнето: 22 јануари 2012 во 13:14 ---
Дали може ова да се направи на овие печки што ги викат Рустик од Алфа Плам? Баш ме интересира ако ова е изводливо како сам може да го направам. Кај мене стаклата се нон стоп зачадени, а за оџаците да не зборам, и за буриите. Барем на 2 месеци треба да ги чистам :(
Благодарност однапред за мкд владе.
на гусен камин не може. посебно не на рустикот. едноставно не дихтува. а и рустикот да топли ама и троши, и едноставно стар модел е.
тоа со стаклата и со оџакот може да биде од неколку работи. или имаш неубаво согорување или оџакот не ти е како што треба или дрвата се влажни или комбинација од се.
рустикот е голем камин и бара поширок оџак, а ти најверојатно му имаш ставено редуцир. тоа е едно. друго ако неубаво согорува а рустикот сигурно го прави тоа пошто не дихтува нормално е да ти го затнува оџакот и да ти ги темни стаклата.
за жал иако некои уште сметаат дека рустикот е многу добар камин, едноставно го стапна времето. стара технологија е од пред 40 години и толку му се можностите.
ке ставам слики ови дена и ке ви стане појасно оти не може да се изведе и како тоа треба да изгледа. не челичните камини многу
е поедноставно да се направи а и тие се заварени така да дихтуваат, а тоа е многу важно за правилно согорување. исто како и карбураторот на колата. ако смесата гориво воздух не е погодена или ке трокира или ке троши. и тука е исто.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
7
Поени од реакции
3
Би можел ли да дадеш совет која би било добра замена за рустикот. Или кога би купувал ти, што би одбрал.
--- надополнето: 22 јануари 2012 во 14:44 ---
Ах, уште едно прашање до мкд владе. Овие брикетите што ги продават дали може да ги користам за греење во мојот случај? Тука во Кочани се по 10 денари за 1кг. Некои викат дека демек не биле добри за печките, други обратно, што е вистината?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom