Алтернативни горива за загревање

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
па и ова е алтернативно, ретко се најдува во нашите камини ( јас досега немам начекано во продажба таков камин). го користи секундарното согорување или по наши кажано покрај дрвото го гори
Најголем дел до загубите кај печките се должат на преголемиот вишок на воздух и нецелосното согорување. По мое мислење, добра печка за греење е ремек дело на техниката. Примерот што ти го даде се однесува на внес на воздух во горниот дел на ложиштето и претходно загревање на внесениот воздух. Пребарај на интернет има и печки каде огинот се пали над горивото има термоакумулациони печки и многу други работ. Печките што се нудат кај нас ( има мал број исклучоци ) се ужасно лоши, а тоа го плаќаме со слаба искористеност на горивото.
Добро ќе биде да отвориме страница каде ќе зборуваме само за печките, тоа е неисцрпна тема.
Но сега зборуваме за горивото. Наше национално гориво е огревното дрво. Тоа гориви чини околу 5 денари по килограм. Ако успееме да пронајдеме некое друго гориво кое чини помалку и ако успееме барем делумно да замениме нешто од скапото гориво ќе направиме добра работа.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
а видиш... во УСА кога се сечат големи дрва, доаѓа една дробилка, и остатокто од гранки, лисја, па и мали трупчиња како и дел од корените, буквално го дроби и го расфрла низ шумата, кое набрзо почнува да гние и да се распаѓа, по временските услови. според нив, тоа е нај доброто ѓубриво за почвата, па фидбекот е дупло побрзо растење на дрвата и дупло поголем производ т.е. баш дрво, а не алтернатива... јас не сум агроном нити се разбирам во ова, ама има логика...

ај се секавате ли на тоа дека кај нас кога косат трева, после со греблиња ја собираат и ја фрлаат? а сигурно сте виделе во сад дека кога косат трева истата ЈА ДУВААТ... искосената трева буквално се набива во корените од онаа што останала и прави природно ѓубриво за истата... за тоа знам дека е добро за тревата под дефолт веднаш после косењето и дувањето, да се полее обилно со вода... значи има логика...

и сега прашњето е... дали да се собра отпадот од дрвото за да се добие брикет или пелет или да се фрли назад во природата и да се добие повеке дрво, па да се употреби како огревно со овие камини со секундарно согорување.... кој е поголемиот ефект?
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
najdobro e samo KONOP da se odgleduva i da se gori
poznata marihuana
samo stebloto raste kolku edno drvo za 1 godina
znaci ke stane mnogu poeftino ogrevnoto drvo ako se greeme na konop otkolku na dab ili buka
racunaj kolku vreme mu treba na konopot da izrasne a kolku na bukata ili dabot ili bilo koe ogrevno drvo
 
во право си... не за друго, после и весела дружина ке ни биде цела држава:icon_mrgr: ке процвета бизнисот со техно музиката и така ланчано...:icon_lol:
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
јас колку што знам во пиланите или во другите капацитети за обработка на дрво, едноставно го фрлаат или ако некои евентулано сега почнаа да го преработуваат во нешто. не се сеќавам дека некој го вратил во шумата или така нешто.
исто во естадос унидос фабриките за обработка на дрво намерно на лице место дрвата ги дробат и од нив прават иверица. ама изгледа јас имам гледано на национал географик ти имаш на дискавери гледано:).
а за тревата кога ке ја косиш ако не ја собериш има дворот гној да го направиш и на ништо нема да личи. еднсотавно косената ке пожолти и ке добиеш двор кој личи на ништо. исто тоа важи и за лисјата кој има дрво во дворот.
а дека побрзо растат шознам, мислам дека ако ја разретчиш малце шумата и ако дрвото има поголем пристап до сонце не му треба ѓубрење. и незнам кој слушнал да се ѓубри шума воопшто. сепак и јас не сум агроном ама има и моето логика.
а и искрено екологијата баш и не ми е јака страна, не дека се гордеам со тоа ама барем сум искрен. едноставно сакам да поминам поевтино за греење а не да ги спасам пингвините на анатартикот. јас уствари и се надевам на глобално затоплување, ама пустото никако да дојди.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

...пингвиноубиец....не ли ти е срам и арам...;)
Точно е дека има брда триње кај пиланите и секоаш ти викаат... би платиле некој да ги тргне од тука....кога ќе почнеш да ги тргаш , на третиот шлепер те прашуат..., а бе кај ги носиш тоа трињето???...нигде брикети правам!!....аааа ????
Е.... и од тој момент се скапи како од на Свети Петар јајцата кајгана....ова од лично искуство...:) Исто и со прачките од кроење на лозјата.., исто и со........итд.
 
македонска работа. ама има и тука едно ама??
зависи по што цена ке ти ги дава, ако имаш есап ке си направиш договор и никој друг освем тебе да не зема. ако не ти одговара нека му седат. по некое време можи сам ке се јави да те замоли да му го тргниш ѓубрето, што знаеш можи некој денар ке ти даде мада да не ти се верва ни во едното ни во другото.
а и за пингвните. слушам ич неубо месо имале. тегаво и на рибојна мириса. батали тоа. пилешко си е пилешко:)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Најдов податоци за три вида гориво:
Кора од дрво, долна топлотна моќ 3, 35 KWh/kg
Дрвена стуготина - талаж долна топлотна моќ 3, 87 КWh/kg
Љушпи од семките на сончоглед, долна топлотна моќ 4, 45 KWh/kg
Незнам дали Маслодајна во Велес работи, односно дали преработува сончоглед. Таму би требало да има овакви љушпи
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
Најдов податоци за три вида гориво:
Кора од дрво, долна топлотна моќ 3, 35 KWh/kg
Дрвена стуготина - талаж долна топлотна моќ 3, 87 КWh/kg
Љушпи од семките на сончоглед, долна топлотна моќ 4, 45 KWh/kg
Незнам дали Маслодајна во Велес работи, односно дали преработува сончоглед. Таму би требало да има овакви љушпи
буквално од се може да се прави пелети и брикети. се што е органско. од хартија па до лисја.
не е тоа проблемот. проблемот е количината која треба да се обезбеди за да ти се исплати комерцијално како за бизнис, друго е цената и далечината на суровината и трето народот.
едноставно не сака нешто ново и тоа ти е. за домашна употреба една половна брикетара ти е некаде 7000 евра, пелетара нова колку што ги гледав цените исто така 7000 евра или нешто повеќе. едноставно речено само за дома скапо иди како сакаш врти. е сега ако најдеш некој друг начин да ги искористиш тие енергенси тоа е друго. е баш за тоа е темата. како да се искористат за горење без да вложуваш илјадници евра.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
имам малку потешкотија да го најдам човекот, ама ке успеам ваљда и набрзо по тоа ке ставам слики на темава... значи вака, во скопје има еден единствен, home made котел за греење на семки од кајсии. човек што работел на него ми е клиент за парно, па ке го наговороам да појдеме до инвеститорот и да го видиме... станува збор, за котел кој грее куќа од 600 квадрати... и сега би било се ова за џабе муабетов, кога не би ја продолжил со тоа дека на котелот практично му е изработена и дозерка за семките и функционира веке трето зимо без проблем. значи едноставно, во некој резервоар, се сипува некоја ГОЛЕМА количина на овој енергенс кој е живо џабе (се спомна цифра ако не се лажам, околу 1000-1500 денари за тон) а проаѓа со 4-5 тона годишно за толкава куќа... значи, ке се потрудам да го најдам човекот и да постирам ако не слики (незнам дали ке ми дозволи да сликам) барем информаиции... ианку, како што разбрав, котелот е целосно автоматизиран и е буквално изграден од 0... значи не е преправен некој друг котел туку е направен од почеток... ај да не зборам повеке, ако успеам да го најдам, ке ви презентирам, па дури може да се деси и да земам да го направам...
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
во право си... не за друго, после и весела дружина ке ни биде цела држава:icon_mrgr: ке процвета бизнисот со техно музиката и така ланчано...:icon_lol:
Не знаеш колку си во право ако имаме толку паметен политичар, и не само бизнисот со техно музиката кој нема никаква врска со конопот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
буквално од се може да се прави пелети и брикети. се што е органско. од хартија па до лисја.
не е тоа проблемот. проблемот е количината која треба да се обезбеди за да ти се исплати комерцијално како за бизнис, друго е цената и далечината на суровината и трето народот.
едноставно не сака нешто ново и тоа ти е. за домашна употреба една половна брикетара ти е некаде 7000 евра, пелетара нова колку што ги гледав цените исто така 7000 евра или нешто повеќе. едноставно речено само за дома скапо иди како сакаш врти. е сега ако најдеш некој друг начин да ги искористиш тие енергенси тоа е друго. е баш за тоа е темата. како да се искористат за горење без да вложуваш илјадници евра.
Се согласувам, постојат горива, кои без било каква подготовка можат да се користат, а некои треба да се претходно обработат.
Се согласувам дека еден од проблемите е да се убедат граѓаните дека е добро и економски исплативо да се користат вакви горива, во тоа и ја гледам намената на нашава дискусија.
Треба да најдеме пат да ја прошириме употребата на вакви горива.
Ако некој произведува и продава пченка, на пример, за 10 денари за килограм, не гледам причина зошто не би го продавал и излупениот кочан од истата пченка за, на пример, два денари по килограм, а тоа е гориво на кое не му е потребна подготовка.
Или семките од праски, кајсии, сливи, вишни и други овоштија, кои се одпадна материја при производството на сокови и мармалади без било каква подготовка можат да се користат за греење.
Моја, желба е да секој кој ја следи оваа дискусија погледа во местото каде што живее и работи, што може да се користи како гориво, а инаку би се фрлило.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
почнавме конечно полека да се движиме во права насока.
додуша за коските од кајсија незнам ама за од цреши и вишни мислам при согорувањето испуштаат цијанид, така да незнам колку се препорачливи за горење. ваљда од изведбата на самиот котел.
било како било и мене ме интересира тој котел, посебно дозерката и автоматиката. уствари цел ама со посебно внимание на горилникот принципот на работа и автоматиката на истиот. нешто нацрти шема слика.
во секој случај паметно, не дека ми текнува од кај може да се најде толкава количина на кајсии тука . ама ако може кајсии може и нешто слично.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom