„Рај и Пекол се во едно , се дур не се смириме ...:party3: “
Па , не верувам дека постојат ... али ,
само неколку прашања :
1. дали неандреталците , кромањонците and co. , се за во Рајот или Пеколот ?
2.Дали луѓето кои постоеле пред појавата на христијантвото , верувале во Рај и Пекол ?
3.Дали Рајот или Пеколот имаат лимит ?
4.Дали има животни во Рајот или Пеколот , мислам на овие од Земјата ( ова баш ме интересира , пошто не знам ) ?
Заборавив уште едно :
Каде одат поповите педофили , поповите кои се дебелеат од парите на луѓето , поповите кои се задоловуваат додека слушаат туѓи исповеди и др примери ...
Нели тоа се гласници на Бога , па каде одат м а ги кршат неговите заповеди ??
Краток одговор:
1. Неаднерталците и кромањонците се потомците Каинови. Од тоа, може да се заклучи дека тие сеуште го памтеле Бога! А дали се во Рајот или пеколот, зависи од: нивното поведение во текот од нивниот живот и од милоста Божја, која одредува кој каде ќе отиде! Дали се во Рајот или пеколот, не верувам дека некој може да ти одговори, оти само Еден има власт да го фрли и телото и душата во Рајот или пеколот, а тоа е Господ Бог.
2. Да, и пред христијантсвото верувале во Рај и пекол, мислам пред се на јудеите. Паганите верувале ( и сеуште веруваат) само во задгробен живот, но нивното поимање за доброто и злото е нејасно и помешано.
Сите души од луѓето-праведници, од Адама до Христа, не „оделе„ во пеколот туку во т.н. крило/лоно Авраамово (Авраам е еден од старозаветните патријарси). Тоа крило Авраамово може да се замисли како едем мал „рај„ сардисан од сите страни со пекол.
3. Рајот и пеколот може да се објаснат на два начини: во духовна и во материјална смисла. Но тие не подлежат на физичките особини од маетиралниот свет, онака како ние барем досега ги познаваме од науките. Значи, Рајот ( па и пеколот) не се „простор„ туку „состојба„ во нив „нема„ време туку има само „траење„, т.е. непроменливо сегашно време, без минато и без иднина.
4. Не, во Рајот и пеколот засега нема животни. Во пеколот ќе нема и после второто Христово доаѓање. А кога Христос ќе дојде по втор пат, ќе изврши комлетно возобновување на целата Вселена, при што ќе има сосема нови растенија и животни, кои ќе бидат бесмтрни, као што ќе бидат бесмртни и оние луѓе кои ќе вокреснат и ќе влезат во Рајот. Растенијат и животните живеат само еднаш: после нивната смрт, не останува ништо. За разлика од нив, луѓето, пошто имаат дух животен, прдолжуваат да живеат и по смртта, се до конечниот Суд Христов, посел кој следи одовојување на душите од праведниците од душите од грешниците. Праведните одат во вечен живот во Рајот а грешниците во вечна смрт во пеколот. Душите во пеколот нема да исчезнат; тие и во пеколот ќе егзистираат, трпејќи ги вечните пеколи маки. Животните, разбира се, нема да воскреснат, оти за нив не важи воскресението.
- поповите-педофили одат таму каде Хрисот ќе им одреди. Ако се покајат и се порават и направат добри дела со кои ќе можат да го поктријат своето зло, имаат можност за спасение. Да не заборавиме дека прв кој влегол во Рајот е багабонтот/разбојникот кој бил распнат заедно со Христа! Да не заборавиме дека дел од Светиите, во дел од својот живот биле многу лоши луѓе, но покајничкото живеење ги претворило во Светители. Патем кажано, поповите не се привилегирани луѓе туку и тие подлежат на 10-те божји заповеди од кои нема бегање! Дури би рекол дека нивнта одговорност е поголема од одговрноста од верниците, оти, како шти вели Сам Христос: „..кому му е многу дадено, многу и ќе се бара од него...„ А свештенците имаат власт каква што нема ниеден земски цар.
- не контам како тоа поповите се задоволуваат слушајќи туѓа исповед? Исповедта е една од Седумте Свети Тајни во православието! Значи, исповедта е ТАЈНА а не јавна работа! Ако попот ја „раструби„ наоколу истоведта од некој верник, тогаш попот ќе одговара и за тоа свое недело, затоа што ја прекрил тајновитоста од нечија исповед!
П.С. Во православието НЕМА ЛАБАВО!!! Со Бога, НЕМА ИГРАЊЕ!!!