Како ги замислувате пеколот и рајот (ако воопшто постојат)?

  • Креатор на темата Креатор на темата The_Grim
  • Време на започнување Време на започнување
Мики ако продолжиш вака ќе бидеш многу близу до чистилиштето на Католичката црква..оти ова што го пишуваш е доста слично..а такво нешто не постои никаде освен во книгите на Данте...Бибилјата вели поинаку..
Друго е покајание додека си жив..по смртта нема покајание само суд..поправки нема..каков премин какви телепортирања...
 
Хммм...„слично„ не е исто со „идентично„. „Чистилиштето“ е трето „место„ кое Рим и папството го воведуваат, а православието вели дека нема чистилиште. Очистувањето на душите, кои стекнале можност за влез во Рајот, би било во самиот пекол а не на некоте трето место.
Нема „трето„ освен Рај и пекол.
 
По смртта, душата добива свој привремен „престој„: или во Рајот или во пеколот. „Таму„, душата престојува се до конечниот Христов Суд, после кој душтата добива „трајно„ пребивалиште.
 
Може еден цитат од Библијата за да го поткрепиш ова што го застапуваш....
 
Може еден цитат од Библијата за да го поткрепиш ова што го застапуваш....

„Зар и ти, сине Бруте?„-Цезар.
Маркус, ако се што ни треба, бараме само во Библијата, тогаш, кажи ми сам, колкав би бил обемот од истата!? А што правеше Црквата минативе 19 векови? Читаше само Бибилија и ја толкуваше? Па нели Црквата живееше и сеуште живее по Новиот Завет? За 19 векови, Црквата има толку искуства наталожено, што мора да се вметнат во нови книги. За пример, можам да зборувам за состојбата на душата после телесната смрт, наречени „учење за митарствата„. А треба ли и искуствата од душите да бидат впишани во Писмото? Затоа и велам дека искуствата се впишани во Светото Предание, (како што е учењето за митарствата) и не се дел од Писмото, но самата Црква живее според Писмото.
 
По сеќавање, мислам дека Апостолот Павле има напоменато за судот на душата после смррта, но тоа секако е поедниечниот суд, каде на секоја душа и се суди пооделно. На конечниот Христов суд, ќе и се суди и на душата и на телото истовремено, оти, нели, Адам е земен прав во кој е „вдувана„ душата негова.
 
А каде би барал ако не во Бибилјата..мојата вера се заснива на Божиот збор..како поинаку можеш да поверуваш...
Ако и верував на "црквата" онака ревно..веројатно ќе се качував на колена по некои сетпеници и ќе си ги откупував гревовите на роднините за паричка...а дома ќе имав одволно клинци од крстот на Исус да потковам коњ...
Цитат...Мики цитати..инаку се е празна слама..
 
Можеби вистината е во Библијата, но таа може само да се чита. Доколку човек не ја пронајде и осети вистината во самиот себеси, ништо.
 
Мислев на избор меѓу Бибилјата и цркавата..Онаа црква која не ја проповеда Бибилјата како што е запишана туку си додава и одзема врз основана сопствената си историја...Тогаш...нешто е труло у држави Данској..
 
„И како што им е наредено на луѓето еднаш да умрат а после тоа-суд„.
(Евреите, 9:27)
Се однесува на поедниечноот суд, за секоја душа пооделно.
„И така, те заколнивам пред Бога и нашиот Господ Исус Хрисотс, Кој ќе им суди на живите и на мртвите, кога ќе дојде Тој и Неговото царство.„
(Тимотеј, 4:1)
Се однесува на конечниот Христов суд, очигледно е од стихот.

П.С. Еве и цитати.
 
Можеби вистината е во Библијата, но таа може само да се чита. Доколку човек не ја пронајде и осети вистината во самиот себеси, ништо.

Хмммм...ќе да си во право. Јас само би додал: „ако поверува„.
 
Мислев на избор меѓу Бибилјата и цркавата..Онаа црква која не ја проповеда Бибилјата како што е запишана туку си додава и одзема врз основана сопствената си историја...Тогаш...нешто е труло у држави Данској..

Црквата ништо не додава ниту одзема од Писмото. Таа можост е забранета во Откровението Јованово. Ако некој живее по Писмото и стекне лично или колективно искуство од таквото живеење, тогаш нема подобар доказ за точноста од Писмото од стекнатото искуство.
 
„И како што им е наредено на луѓето еднаш да умрат а после тоа-суд„.
(Евреите, 9:27)
Се однесува на поедниечноот суд, за секоја душа пооделно.
„И така, те заколнивам пред Бога и нашиот Господ Исус Хрисотс, Кој ќе им суди на живите и на мртвите, кога ќе дојде Тој и Неговото царство.„
(Тимотеј, 4:1)
Се однесува на конечниот Христов суд, очигледно е од стихот.

П.С. Еве и цитати.
Добро ..Цитати..само овие се за судниот ден..негледам доказ дека душите ќе бидат во Пеколот и Рајот до конечното судење..
Како воопшто може една душа што чекала во Пеколот по конечниот суд да оди во Рајот..Апсурдно е...Покајание нема по смртта...
Коринтјани 5:10 "зашто сите ние треба да се појавиме пред Христовиот суд, и секој да прими според она што направил во своето тело, било добро или зло.Да завршам со ова...нема тело нема покајание..
 
Не, не е апсурдно! Затоа и напишав дека по смртта, душата добива суд и привремен престој (Рај или пекол, зависно од верата и делата) а по конечниот Суд Христов, душата добива конечно „место„. Точно е дека по смртта НЕМА ВРЕМЕ за покајание! Но, како напишав, можност за премин од пекол во Рај стекнуваат душите од поедницни кои недоволно се покајале уште во овој живот, па пеколните маки/огнот ќе им послужат за „очистување„ од непокајаното зло, како што со оган се одвојува железото од некорисната јаловина.
 
А?

Само добри Христијани ќе одат во Рајот , а колку и да си добар , али да си од другата религија , Пекол за тебе ...абе ајде ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom