ПОСТОИ НЕДОВОЛНО ПОКАЈАНИЕ?!?!?!?!?:nenene:
Какво е тоа Сотонско учење.
Сам себе МИКИ се негираш. Еднаш велиш дека има само
ПОКАЈАНИ и НЕПОКАЈАНИ за МПЦ, а потоа, или пред тоа дека има и
НЕДОВОЛНО ПОКАЈАНИ.
NO WAY!
Библиски, човек МОЖЕ да се покае додека е жив на оваа земја. Ако МПЦ лафи поинаку, дај ми АРГУМЕНТ од Библијата. Не од ракав, ќе молам!
'Господ не доцни да го исполни ветеното, како што некои мислат за тоа бавење, туку е трпелив спрема вас, зашто не сака некој да загине, туку сите да дојдат до покајание.' 2 Петрово 3:9
Овде ЈАСНО КО ДЕН се вели дека Господ цо ЦЕЛ го бави своето 2 доаѓање не би ли се уште некоја душа покајала. Никако за некое НЕДОВОЛНО ПОКАЈАНИЕ. Овој термин е непзнат во библиската терминологија. Доколку тврдиш такво што, а тврдиш, картите/доказите на сонце. Само ќе те молам, немој да почнеш со свети оној/овој. Ова е доста сериозно! Се работи за живот и смрт! И тоа за ВЕЧНОСТ!
Напишано од MIKI1
Не, не е апсурдно! Затоа и напишав дека по смртта, душата добива суд и привремен престој (Рај или пекол, зависно од верата и делата) а по конечниот Суд Христов, душата добива конечно „место„. Точно е дека по смртта НЕМА ВРЕМЕ за покајание! Но, како напишав, можност за премин од пекол во Рај стекнуваат душите од поедницни кои недоволно се покајале уште во овој живот, па пеколните маки/огнот ќе им послужат за „очистување„ од непокајаното зло, како што со оган се одвојува железото од некорисната јаловина.
А тоа што велиш дека, т.е. не ти туку МПЦ постои ПРЕМИН од Пекол во Рај, ќе те молам во Името на Господ Исус Христос
не ги лаже/лажете луѓето. Библиското покајние е за време на овој земен живот.
После смртта нема втора шанса. Ајде те молам, објасни ми кој тоа би сакал да остане во Пеколот откако ќе се увери дека тој постои?
Ова е сотонско охрабрување луѓето да си праат што сакаат и 'не сеќирај се' после од Пеколот ќе добиеш прекоманда за во Рајот.
Апсурд!
Според таа логика, МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ И ПРЕКОМАНДА ОД РАЈОТ ВО ПЕКОЛ!
:nenene: