Како ги замислувате пеколот и рајот (ако воопшто постојат)?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А?

Само добри Христијани ќе одат во Рајот , а колку и да си добар , али да си од другата религија , Пекол за тебе ...абе ајде ...

Погрешен заклучок...а за тоа како ќе им се суди на другите, веќе имам пишувано. Кој е жеден за знаење, нека ја набави книгата „Голем е Бог„ од романскиот монах Клеопа, во која се е детално објаснето. И за состојбата на душата по смртта и за конечниот Христов суд.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Не, не е апсурдно! Затоа и напишав дека по смртта, душата добива суд и привремен престој (Рај или пекол, зависно од верата и делата) а по конечниот Суд Христов, душата добива конечно „место„. Точно е дека по смртта НЕМА ВРЕМЕ за покајание! Но, како напишав, можност за премин од пекол во Рај стекнуваат душите од поедницни кои недоволно се покајале уште во овој живот, па пеколните маки/огнот ќе им послужат за „очистување„ од непокајаното зло, како што со оган се одвојува железото од некорисната јаловина.
Kакво е бре тоа Мики недоволно покајание...не постојат половични верници..Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста...Кај Господ нема ништо недовршени работи..
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Kакво е бре тоа Мики недоволно покајание...не постојат половични верници..Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста...Кај Господ нема ништо недовршени работи..
Постои недоволно покајание. Една од причините зашто Творецот сеуште не остава во живот (на пример, зашто не остава да дискутираме на форумов) е токму таа: Бог на секого му остава време за покајание и време за да донаправи уште некое добро дело, со кое дотичниот поеднинец ќе може да ги покрие своите недела!
Православието не познава големи и мали гревови, туку покајани и непокајани! За верникот, фатални можат да бидат токму малите гревови на кои не се обрнува внимание затоа што, ете, биле мали и не биле „страшни„!
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
430
Поени од реакции
6
vo rajot site se obleceni u belo i sviri muzika od betoven, a vo pekolot site u crno i ide u pozadina tezok rock.:music3:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Стојам на ставот дека постои можност за премин од пеколот во Рајот.
Никој не рече дека ти треба да отстапиш од твојот став. Јас само дадов до знаење дека тој став е православен, а НЕ ХРИСТИЈАНСКИ.
Христијанскиот став е различен од православниот став по ова прашање.
Христијанскиот став, согласно Христовото учење, вели дека НЕ ПОСТОИ можност за премин на душите од пеколот во рајот.
Тоа го гледаме од следнава изјава на Исус Христос:

"И сиромавиот умре, и ангелите го однесоа во Авраамовото крило; умре и богатиот и го погребаа. А во пеколот, во маката, ги поткрена своите очи и го виде оддалеку Авраама и Лазара во неговото крило, и извика: ‘Татко, Аврааме, смили ми се и испрати го Лазара да го накваси врвот на својот прст во вода, за да ми го разлади јазикот, зашто се измачувам многу во овој пламен!’ Авраам му рече: ‘Синко, сети се дека ти ги прими своите блага додека беше жив, а Лазар - злото! Сега тој се утешува тука, а ти се измачуваш. Освен тоа, меѓу нас и вас поставена е голема бездна, така што ни оние кои би сакале да преминат оттука при вас - не можат; ниту пак да преминат оттаму при нас.’"
(Лука 16:22-26)
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
376
Поени од реакции
15
Постои недоволно покајание. Една од причините зашто Творецот сеуште не остава во живот (на пример, зашто не остава да дискутираме на форумов) е токму таа: Бог на секого му остава време за покајание и време за да донаправи уште некое добро дело, со кое дотичниот поеднинец ќе може да ги покрие своите недела!
Православието не познава големи и мали гревови, туку покајани и непокајани! За верникот, фатални можат да бидат токму малите гревови на кои не се обрнува внимание затоа што, ете, биле мали и не биле „страшни„!
ПОСТОИ НЕДОВОЛНО ПОКАЈАНИЕ?!?!?!?!?:nenene:

Какво е тоа Сотонско учење. Сам себе МИКИ се негираш. Еднаш велиш дека има само ПОКАЈАНИ и НЕПОКАЈАНИ за МПЦ, а потоа, или пред тоа дека има и НЕДОВОЛНО ПОКАЈАНИ. :tapp: NO WAY!
Библиски, човек МОЖЕ да се покае додека е жив на оваа земја. Ако МПЦ лафи поинаку, дај ми АРГУМЕНТ од Библијата. Не од ракав, ќе молам!
'Господ не доцни да го исполни ветеното, како што некои мислат за тоа бавење, туку е трпелив спрема вас, зашто не сака некој да загине, туку сите да дојдат до покајание.' 2 Петрово 3:9
Овде ЈАСНО КО ДЕН се вели дека Господ цо ЦЕЛ го бави своето 2 доаѓање не би ли се уште некоја душа покајала. Никако за некое НЕДОВОЛНО ПОКАЈАНИЕ. Овој термин е непзнат во библиската терминологија. Доколку тврдиш такво што, а тврдиш, картите/доказите на сонце. Само ќе те молам, немој да почнеш со свети оној/овој. Ова е доста сериозно! Се работи за живот и смрт! И тоа за ВЕЧНОСТ!

Напишано од MIKI1
Не, не е апсурдно! Затоа и напишав дека по смртта, душата добива суд и привремен престој (Рај или пекол, зависно од верата и делата) а по конечниот Суд Христов, душата добива конечно „место„. Точно е дека по смртта НЕМА ВРЕМЕ за покајание! Но, како напишав, можност за премин од пекол во Рај стекнуваат душите од поедницни кои недоволно се покајале уште во овој живот, па пеколните маки/огнот ќе им послужат за „очистување„ од непокајаното зло, како што со оган се одвојува железото од некорисната јаловина.

А тоа што велиш дека, т.е. не ти туку МПЦ постои ПРЕМИН од Пекол во Рај, ќе те молам во Името на Господ Исус Христос не ги лаже/лажете луѓето. Библиското покајние е за време на овој земен живот. После смртта нема втора шанса. Ајде те молам, објасни ми кој тоа би сакал да остане во Пеколот откако ќе се увери дека тој постои? Ова е сотонско охрабрување луѓето да си праат што сакаат и 'не сеќирај се' после од Пеколот ќе добиеш прекоманда за во Рајот.
Апсурд!
Според таа логика, МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ И ПРЕКОМАНДА ОД РАЈОТ ВО ПЕКОЛ!
:nenene:
 
Кон болтуваното, по редослед:
- да, постои НЕДОВОЛНО покајание! Веќе објаснив: тоа се гревовите кои поединецот неги ИСПОВЕДАЛ на Светата Тајна ИСПОВЕД или гревовите кои се НЕЈАСНО/ИЗВРТЕНО/НЕЦЕЛОСНО исповедани.
- не,не се негирам. За правосалвието, постојат ПОКАЈАНИ и НЕПОКАЈАНи гревови. Се што е „помеѓу„ е НЕДОВОЛНО покајание или НЕМАЊЕ никакво покајание.
- не, не ги лажеме луѓето! Тоа би било газење на 9-та Божја заповед, скраја да е!
- точно, после смртта, нема втора шанса! Душата, што имал да направи, нашравиал упте во овој живот. „Шансата„ не зависи од душата, туку зависи од молитвите кои овоземната Црква ќе ги упати за душите од упокоените, и нормално, од Бог и Неговата неизмерна милост.
- тоа не е сатанско охрабрување, туку римокатоличко. Во римокатолицизмот. поимот ГРЕВ е заменет со поимот ПРЕСТАП (!). На таа новотарија, доаѓа и т.н. ЧИСТИЛИШТЕ, каде поединецот, независно до тоа како живеел на Земјава (праведно или неправдено) ќе се очисти во ЧИСТИЛИШЕТО од сите свои гревови и по автоматизам оди во Рајот. Значи , и вака и така, Рајот не ти гине! Лепота!
-не, НЕ МОЖЕ да се добие прекоманда од Рајот во пеколот! Во тој слушај, Бог не би бил чесен и праведен кон сите оние поедници (од Адам до последниот на Земјава) кои животот го поминале во праведност и побожност. Затоа Христос и вели:„...работникот ја заслужува својата награда...„ А таа награда/плата е секако, заработувањето свое место во Царството Небесно/Рајот. Но, Бог е итоа како долготрпелив и многу милостив па допушта преод од пекол во Рај, оти ни според човечката логика (да не зборуваме за Божјата) не би било чесно некој вечно да пати заради поситни и непокајани гревови. Затоа луѓето едни на други и можат да си ги простат ситните меѓусебни замерки.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Чекај малце..ова е твој пост од пред неколку денови...
Утешно е тоа што постои можност за премин на душите од пеколот во Рајот, кога душата „доволно„ ќе се испече и покае за своите гревови за кои не се покајала во овој живот. Нема можност за премин од Рајот кон пеколот, за среќа.
А ова ти е од денешниот пост..
не, НЕ МОЖЕ да се добие прекоманда од Рајот во пеколот! Во тој слушај, Бог не би бил чесен и праведен кон сите оние поедници
Контрадикторни се овие твои изјави ...Мики...постои премин или не..целосно ме збуни твоето видување на овие работи...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Чекај малце..ова е твој пост од пред неколку денови...

А ова ти е од денешниот пост..

Контрадикторни се овие твои изјави ...Мики...постои премин или не..целосно ме збуни твоето видување на овие работи...
Да поедноставам:
- постои можност за преод од пекол во Рај. по молитвите кои Црквата ги упатува за спасение на упокоените души, и по милоста Божја;
- не постои можност за преод од Рај во пекол; оној кој е веќе во Рајот, со право го засллужил тоа место.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Да поедноставам:
- постои можност за преод од пекол во Рај. по молитвите кои Црквата ги упатува за спасение на упокоените души, и по милоста Божја;
- не постои можност за преод од Рај во пекол; оној кој е веќе во Рајот, со право го засллужил тоа место.
Ајде уште еднаш..еве ова се твои зборови..
точно, после смртта, нема втора шанса
Ако нема по смртта втора шанса..за какво спасение на упокоените души зборуваме...пак ќорсокак..
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
П.С. Тоа незначи дека СИТЕ кои се во Пеколот, туку-така ќе прејдат во Рајот. Тогаш, за КОГО би бил наменет пеколот? Кој би останал во него?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ајде уште еднаш..еве ова се твои зборови..

Ако нема по смртта втора шанаса..за какво спасение на упокоените души зборуваме...пак ќорсокак..
Кон болтуваното:
- во денешниот пост, допишав која е втората шанса; таа не зависи од поединецот кој веќе е во пеколот туку од молитвите кои Црквата ги упатува за упокоените души и во крајна истанца, од милоста Божја. Бог одредува каде е/ќе биде местото од душата од покојникот т.е. воскреснатиот.
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Кон болтуваното:
- во денешниот пост, допишав која е втората шанса; таа не зависи од поединецот кој веќе е во пеколот туку од молитвите кои Црквата ги упатува за упокоените души и во крајна истанца, од милоста Божја. Бог одредува каде е/ќе биде местото од душата од покојникот т.е. воскреснатиот.
Значи ако си у Пеколот и Црквата се моле за тебе , Оној ги слушне молитвите ,имаш шанса за во Рај??
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи ако си у Пеколот и Црквата се моле за тебе , Оној ги слушне молитвите ,имаш шанса за во Рај??
Начелно, да! Но секако дека за тоа е потребен и предуслов: душата за која се моли Црквата да има потенцијална можност за премин кон Рајот и секако, Оној (Бог) да ги услиша (не да ги послуша, пошто не е обврзан!) молитвите од Црквата и да покаже милост за душата од упокоениот. Пак ќе кажам, тоа незначи дека СИТЕ кои се веќе во пеколот, ќе прејдат во Рајот по некаков автоматизам.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Мики друже јас пак се губам..ако по смртта не постои втора шанса...а не постои..како може да има премин на веќе упокоени души..ова нов апдејт..црквата неможе да се моли за покајување на гревови кај веќе мрви луѓе...Еднаш смрт еднаш суд и толку...Вака како што ти ја објаснуваш работата изгледа како туристичка тура ...
Јас дефинитивно незнам каде чекаат душите до конечниот суд..но некој да тврди дека може да престојува во пеколот..а потоа да премине во рајот...апсурдно..дури и бизарно..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom