Македонија - Данска [21.01.2012 - 18:15 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Луге бе што се случи денеска, како ја изгубивме утакмицава??? Уште се пробувам да се соземам тешко оди а можам да претпоставам нив како им е. Од напад за победа во 3 секунди го загубивме натпреварот. Незнам до кога оваа спортска срека ке ни го врти грбот, свесен сум немаме шанса за полуфинале а уште повеке ми е криво тоа што веројатно ова беше последно европско за Кире а вгодина (господ здравје ако се пласираме) и наредното светско ке му биди последно се надевам оти ке ме демантира и ке игра до 37 години ама тешко....штета,штета права штета
 
Абре ќе го пуштам Филип Лазаров, нека му ја скрши раката на Хансен. Црвен за Филип ама и овај нема да игра.
 
Штета,штета огромна,луѓе овие момци имаа шанса за медал!Таква игра,таква пожртвуваност,желба за победа,желба за Македонија!

Секоја чест за нив,почнавме да веруваме во себе,почнавме повеќе да се цениме и да играме машки со сите фаворити,и да се радуваат како мали деца кога ќе не победат минимално,кога ги видов Данците а пред тоа и Германците како се радуваат,се осетив многу горд што сум Македонец.

Мило ми е што отидовме на ПОБЕДА против Данска,можевме и да ја гушнеме топката и да изиграме реми,ама Кире сакаше да го победи фаворитот за освојување на Европското Првенство.

Македонските спортисти почнаа да веруваат,да веруваат дека можат да направат многу! Сето ова почна со кошаркарите во Литванија,а таа психичка бариера полека почна да ја снемува.

Не чекаат многу успеси во иднина на спортски план(освен во фудбалот)
 
Одлична игра скоро во цел меч.
Ужасни 10тина минути во одбранбените задачи, им дозволивме да не изедат со тоа што го пуштивме Хансен од фластер!
Последната... ПА ГОЛ ДАДОВМЕ!!!
Не ми се веруваше кога видов дека го поништи... казната одма стигнува знаеме сите тоа спорт следиме :tapp:
Единствена утакмица на која не не јадеа многу судиските грешки, и на крај ни наплатија со КАМАТА во однос на цел пласман на олимписки игри.
Сепак, се над 10то место во Европа треба да се смета за УСПЕХ за овој тим!
Само ме плаши тоа што за следното Кире и сите други од старата гарда дали и ако ги има како ќе играат...
 
Јас викам да ги земеме кошаркарите(5)+ракометарите(6) и ги ставиме у фудбалската репрезентација ќе направат поголем успех од овие нинџиве.
 
Јас викам да ги земеме кошаркарите(5)+ракометарите(6) и ги ставиме у фудбалската репрезентација ќе направат поголем успех од овие нинџиве.

И 11 рандом машки од форумов постари од 15 години ќе направат поголем успех од нив.Што очекуваш ти од репрезентација што капитен е Величе Шумуликовски?
 
Требаше груб фаул на крај нешто у тој стил, вака лејм човече.
 
Што е најтрагично има право. Требаше некој да го тресне 2-3 пати Хансен од земја, а тие се плашеа да му се доближат.

Прееска ова му го кажав на другар...Да тргнеше Хансен да шутира вака против една Германија убеден сум дека Рогиш ќе му дадеше нок-аут.
 
NFTpD.jpg


лупајте у потписи... :D

мене ми е страв и у потпис да го ставам ќе почне да дава по 26 гола на утакмица... :icon_lol:
 
ЗОШТО, О ЗОШТО!?
Зошто од 2 милиони народ, на клупата се најде единствениот кој ќе го гледа и ќе ужива во лудилото на Хансен без да превземе нешто? Па го имаш Велко, зошто да не му се залепи на средина од теренот и да не го пушти да мрдне? Велко еднаш го фати и го тресна од земја, единствен кој се дрзна да го запре Хансен од цела наша одбрана.
До сите што сметате дека ако се играше фластер на Хансен, крилата ќе поентираа.Хансен се шеташе низ нашата половина, буквално одеше каде што сакаше, и на крај шутираше од 7 метри сам, еден на еден со голманот.Па, секој друг шут е подобар за голманот, отколку тој еден на еден, од незаштитен бек-шутер.Може да шутира каде што сака, а голманот нема време да процени каде ќе оди топката, а не пак да ја одбрани.Шутовите од крило се далеку полесни за бранење отколку незаштитените шутови од бековите.
 
замисете го првенствово без македонија? кој пролив ќе беше?
ќе се слушаа само патиките како чкрипат од паркетот

драма, теннзија, атмосфера.
најмногу ме исполнува фактот што македонија прави ова европско да личи на право првенство. неколку играчи од противниците го изјавија тоа, иако публиката е против нив уживаат да играат во таков амбент, едноставно се е поинаку.

клучни моменти на првенството за нас: контрата на манасков и обидот на борко од гол - на гол. едното од неискуство, другото непрофесионално

стратегиска грешка на рфм: лино червар. најмногу ме боли што сите знаевме дека шундовски е недораснат (без да го навредувам, не ми е тоа целта) и повторно не користиме се што можеме да искористиме. зошто? зошто? зошто?
ми се плаче од тоа колку сме тврдоглави. па фластер бе човеку, фластер. фластер. па да му се намочам па треба ли да си ракометен експерт да воочиш кога треба фластер. фластер бе, фластер фластер фластер..... во текот на воторот полувреме едно 50 пати на цел глас викав во соба : флаааастееерррррр!!!!! па нема смисла!!!
не сакам да се праам ни селектор ни ништо... ама фластер бе, едноставно фластер.
па ги растуривме со фластер и со 5-1 на моменти и 4-2.
да бев доле на паркет играч, без наредба ќе излезев и фластер ќе му играв. па кој ли само дозволи да гледаме како ни го пуни гзот со 12 гола сите еден на друг ист. шут без контакт!! неверојатно.

кире лазаров. да се знае, мајка македонија ретко раѓа херои како тебе! во мои очи најдобриот ракометар на сите времења. никогаш никогаш никој никаде нема да те надмине во мои очи. олицетворение си на вистински македонец. ти си лице на македонија. секој еден спортист во македонија нека учи од кире. што значи посветеност, храброст, упорност, ДРСКОСТ!!!!

за крај. браво момци! односот ваш во целина кон македонскиот дрес, независно од резултатот, има неспоредливо поголема вредност од било кој медал и среќно добиена/изгубена утакмица. сите буквално до еден македонец ве гледа како врат си кршите во име на победа со цел да го израдувате народот на кој припаѓате.

се надевам некој од вас играчите можеби ќе го прочита ова, зошто да не, од се срце искрено од дното на душата ви се поклонувам, ве обожавам. бидејќи вие верувате во себе, цела македонија верува со вас.
 
Која среќа ги послужи?Да ги послужеше среќа ќе имавме медал сега... Ама ова е офтопик и натпреварот со Данска не беше изгубен поради среќата!
Да НЕ ги послужеше среќа кошаркарите немаше да бидеме ни во четврт финале.
Со Хрватска, Хрватите утнаа 3ка за победа. Ако таа влезеше ќе имавме 2 пораза у старт и ќе заебеше многу работи.
Со Грузија, Бо даде кош во последна секунда.
Со Литванија, Илиевски даде 3ка на 10 секунди пред крај и ПЛУС, они промашија во последни секунди. (ова е исто многу битен момент)
Среќата не не' послужи на првиот дуел со Русија, кога они дадоа тројка во последна секунда, али веруј ми, втората утакмица немаше никаква врска со среќа. Ако ти мислиш дека ние бевме во состојба со 7 играчи да ја победиме Русија во борба за трето место (каде што веќе претходно се имаа изиграно 10 утакмици и нашите беа преморени), ондак си во голема заблуда. Тоа што го утна Дамјан немаше ништо да смени. Само ќе го изедначеше резултатот и они ќе го имаа последниот напад. Лесно можеа да победат, а дури и да не победеа, ќе идевме у продолжение со 2та центри со по 4 лични.
 
Боли...Многу боли, ама ќе помине...Ќе не направи и посилни...И да знаете дека еднаш и ќе ни се врати. Ќе не посака и нас, можеби веќе на наредниот натпревар со Полска. Спортот е таков, некогаш се победува, некогаш се губи. Тажни сме, ама и горди.

Најважно е да се остави срцето на теренот. Да се изгине на теренот. Тоа македонските ракометни гладијатори го направија и денеска во големата „македонска“ Арена во Белград, каде имаше околу 8.000 наши фанови. Да, Белград е македонски во моментов, и тоа е она со што треба да се гордееме. Официјалниот спикер на натпреварот ги замоли македонските навивачи да останат во салата и да навиваат за Србија. Замислете, домаќинот Србија нема толку навивачи, а Белград по жители е колку цела Македонија.

Не треба да критикуваме, не треба да наоѓаме виновници, затоа што ракометарите одиграа фантастично, секој го даде својот максимум, Кире Лазаров покажа дека е светска класа, Стојанче Стоилов дека е откритие на шампионатот, а имаме селекција вредна за почит. Не верувате?! Прашајте ги Германците и Данците. Се радуваа како мали деца кога ја победија Македонија. Големата ракометна сила – Македонија!


За два дена не очекува нов натпревар. Не се разочарувајте, покажавте дека имате капацитет да се вратите во игра. Полска е силна селекција, но не и непобедлива.


Навивачите се уште веруваат во вас, ништо не е променето...Вие и понатаму сте нашите ракометни херои!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom