Добро, ајде сега смирено. Нема да тропам глупости.
Одлични беа, на крајот изгледаа како да летаат по терен, Миркуловски, полуде човекот, се надевам ќе продолжи така, а Борко, мааа не бе, Борко нема веза од бранење. (Поздрави и честитки до неговите хејтери) Криво ми беше за Алушевски што ги утна шансите, ама он да ни е жив и здрав, одличен беше. Кире во прво полувреме ќе ме чинеше инфаркт, ама се гледа неговото искуство и капитенската лента заслужено ја носи. Надомести за сите грешки претходно. А и Темелков беше...
Столе ми е страв да не ја смени бојата, после толку ќотек ќе посини целиот пустиот. И се надевам дека сега ќе престанат муабетите дека Манасков заради татко му е таму, детето заедно со Столе се иднината на нашиот ракомет, дечкото е ѕверче.
А Чесиве едно време беа “не знам кај да фатам“, се изгубија тотално. А и тој што го згази Алушевски, мое мислење беше дека беше намерно, ми се идеше да го треснам од земја.
Имам впечаток дека на почетокот беа здрвени, како уплашени беа, ваљда заради притисокот.
А и доста мрчите се публиката, Јиха кажа дека пред ваква публика, тој се уште не играл.
Публико...
Во секој случај, одиме во Белград.
OCCUPY BELGRADE!