денес можна е победа, можен е и пораз.
спремете си го мозокот за двете сценарија
што и да се случи со чешка за мене сите ракометари се и ќе бидат херои.
доживеавме шведска да биде задоволна со бод, германија да се радува на победа како олимписки медал да осовиле. факторот среќа или ќе не однесе дома или во белград со 3 бода.
ракометарите покажаа се што се бараше од нив.
не заборавајте, европско првенство во ракомет значи врв, погоре од ова нема во светот на ракометот. приказни од типот да искористиме смена на генерации за мене не важат, моментално тие "генрации" што играат тие се најдобрите со кои располагаат сите учесници.
не смееме нашиот евентуален успех понатака да си го девалвираме на тој начин. не. моментално ова е најдоброто на светот и тоа е тоа што се важи!
ние (заедно со словенците) сме најмалата спортска нација во европа, која што сепак нешто значи во спортот, ако ги иземеме андора, лихтенштајн и слични, кои и онака никаде ги нема во завршници.
значи единствена земја сме во европа толку мала во буквална смисла на зборот, а рамо до рамо со 80 милионски земји како германија.
капак на се, цела екипа - македонци ! без натурализирани репрезентативци, со прекрасна публика... едноставно уживање е да се гледа македонија дури и кога не победува
главата горе, што и да се случи вечер секогаш секогаш секогаш ќе стојам зад секоја македонска репрезентација. репрезентацијата е светост и репрезентацијата не е право на избор. тоа е обврска!
со среќа вечер!!