Еј ај крај на муабетот со Лазаров, претеравте вистина !!! ОВА Е ПРЕТЕРИЗАМ !!!
Колку сакате да дај бе 20 гола на утакмица, чекајте бе луѓе ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО Е !!! Не е ова пријателска...
Знам и јас дека Кире не е во посакуваната форма !!!
Многу промашени удари, промашени пенали (каде до пред некое време имаше 100% реализација) Кинеше мрежи во Хрватска ако се сеќавате...
Ама барем пеналите мислам дека можи да му ги пушта на брат му Филип кој е одличен изведувач од 7 метри или пак на Златко Мојсовски...
А за тоа шо шутира цело време...
Па шо да прај само тој има храброст да шутира !!! И плус капитен е, носител на играта, сите се крстат во него, сите чекаме на него и ко ќе промаши оти промаши ???
Па нека земат и другите Наумче, Миркуловски и тие нека шутират нема цело време да промашват, ќе проработи на некој шутот !!!
Оти Филип Лазаров не шутираше со Германците, имаше 3 чисти изградени позиции за шут, туку одма додаваше !!! Му се тресат ноџињата да не промаши !!!
Сега со чесите ќе проработи
КАПИТЕНОТ КАПИТЕНСКИ !!!