Game of Thrones

Член од
14 август 2006
Мислења
45.508
Поени од реакции
85.006
Ради тие сплетки заврши со „круна“ на глава.
Ох, i suck.
Нормално дека мислев на Вајрис.
Не мислев на Висерис.
Значи, дали, да нема дилеми ќе кажам - евнухот, како член на малиот совет, сплеткарошеше за сметка на Таргаријанците?
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Ох, i suck.
Нормално дека мислев на Вајрис.
Не мислев на Висерис.
Значи, дали, да нема дилеми ќе кажам - евнухот, како член на малиот совет, сплеткарошеше за сметка на Таргаријанците?
На Вајрис уште по фацата му се познава дека е сплеткарош. А тоа дека сака да се вратат Таргеријанците не ми се верува, бидејќи многу настојуваше да ја убијат Калиси.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.508
Поени од реакции
85.006
На Вајрис уште по фацата му се познава дека е сплеткарош. А тоа дека сака да се вратат Таргеријанците не ми се верува, бидејќи многу настојуваше да ја убијат Калиси.
Не би рекол. Не беше он кој тоа го настојуваше, туку Роберт највеќе, кој си имаше тука (покрај тронот) и лична причина (заради сестра му на Ед) за истребување на Таргаријанците.
А Варис, не знам дали го виде/прочита, али у тајност се состана со Мастер Илирио во подземните ходници на Кингс Лендинг. Муабетот што го правеа одеше во прилог на тоа што го прашувам. Исто така, Варис е тој кој издејствува помилување за Џора Мормонт, кој беше со Таргаријанците.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Не би рекол. Не беше он кој тоа го настојуваше, туку Роберт највеќе, кој си имаше тука (покрај тронот) и лична причина (заради сестра му на Ед) за истребување на Таргаријанците.
А Варис, не знам дали го виде/прочита, али у тајност се состана со Мастер Илирио во подземните ходници на Кингс Лендинг. Муабетот што го правеа одеше во прилог на тоа што го прашувам. Исто така, Варис е тој кој издејствува помилување за Џора Мормонт, кој беше со Таргаријанците.
Да сега ми текна на муабетот во ходниците кога збореа дека граѓанската војна ќе им овозможи на Дотраките да влезат во Кралството. Потоа следеше состанокот на кој Роберт настојуваше да се убие Калиси, а Варис го поддржа. Во секој случај, ликот е таков што никогаш не може да се каже со сигурност што планира и што мисли.
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Варис е уплеткан во сите работи. Он си работи само за своја корист и како нему му одговара.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.508
Поени од реакции
85.006
Да сега ми текна на муабетот во ходниците кога збореа дека граѓанската војна ќе им овозможи на Дотраките да влезат во Кралството. Потоа следеше состанокот на кој Роберт настојуваше да се убие Калиси, а Варис го поддржа. Во секој случај, ликот е таков што никогаш не може да се каже со сигурност што планира и што мисли.
Да. Затоа и прашав. И покрај тоа (муабетот во ходниците), не бев сигурен дали сум во право.
Плус, во книгата, Варис доаѓа кај Ед, помеѓу турнирот и смртта на Роберт, за да го предупреди дека Ланистерс ќе сакаат да го убијат кралот (за да се наметнат преку Џофри). Всушност го изненадува Ед, кога му кажува дека веќе се обиделе (безуспешно) тоа да го сторат на самиот турнир каде што Роберт се уфрли да учествува. Всушност кралицата со тоа што му "забрани" да учествува, пред сите благородници, се осигура дека ќе навистина ќе учествува, со тоа што е сигурна дека во такво окружување нема шанси Роберт да ја послуша, да се повинува на нејзината воља. Башка што и тој самиот навистина сакаше да учествува во борбите на турнирот.
Ова го знаеше и Ед и му поверува на Варис. Но за несреќа немаше време да реагира. Вториот обид (на ловот), беше успешен.
Е сега, од ова заклучуваме дека Варис дефинитивно не беше во Ланистерската завера, но како мајстор шпиун се знаеше. Моја претпоставке е дека, ако тој беше вистински лојален на кралот, ќе се потрудеше некако нешто повеќе да стори. Додуше и тоа што отиде кај Раката на кралот, беше нешто, сепак сметам дека има вистина во тоа дека на него му беше идејата да се истепаат останатите, во контекст на флертот со Таргаријанците.
Во секој случај добар борџијски лик. Тие маестрите (мајсторите) ги опишуваат како ликови без наклоност кон некоја куќа. Слободни стрелци. Додека за огромен дел од останатите се посочува наклонетост кон куќа (припадништво, вазалство...)
Така и се прикажани (и он и другиве). Они можат да флертуваат со сите.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
На исто место ли се снима 2 сезона?
Ирска мислам дека беше ако не грешам...или во Австралија е сега снимањето?
--- надополнето: 19 јануари 2012 во 01:04 ---
На први е, ова е од официјалната страна на Фејсбук.
1 Април е ден на шегата. Ќе излажат. :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom