Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100
хаха биди сеќен на сити пак да не им биде денот за да ги тепаме
која игра човече 95% посед на топка а шут во гол 0
 
Ај шо ме паднаја ме паднаја на тикет .... али она ВИСОКОНО на секоја нафрлена топка на земја беше и бараше пенал ... од кој влезе па до крај само на земја седеше .... :tapp: а кајт може да се пензионира , не вреди за нишо :D
 
Пара треба да се фрли и да се купи уште некој играч. Нема тука немало пари не сакале да идат кај нас. Во Сити како одеа дури не играа ЛШ? Во ПСЖ како одат? Земи таму фрли паричка да му светнат очите и има да игра и да трча тука. Денес тешко можи да се најди поштен играч. Поќето се платеници. Па да земиме некој платеник тогаш. Инаку лошо ќе биди
 
јас не знам како уште во главата ја имаш таа илузија...дека во Ливерпул треба да има само играчи што играат во клубот од љубовта према него..а не ради пари... :)
П.С. платеници му е мајката...глеаш и филмови почнаа со тој наслов да снимаат...а добро котираат насекаде :D
 
Немам јас никаква илузија. Не дека овие играчи играат од љубов ама и не земаат толкави плати. Сега викам да земиме некој добар платеник - ама во вистинска смисла на зборот. И за Реал викавме платеници. И за Сити и за ПСЖ ама сите се први во своите првенства. Кај и да е и Анжи ќе дотера еден ден до прво место. Не оди вака мора да се набави некоја ѕвезда па колку сака нека кошта. Тоа со ЛШ не ми мешајте. Треба само паричка па ќе видите како одма ќе дојдат
 
Пара треба да се фрли и да се купи уште некој играч. Нема тука немало пари не сакале да идат кај нас. Во Сити како одеа дури не играа ЛШ? Во ПСЖ како одат? Земи таму фрли паричка да му светнат очите и има да игра и да трча тука. Денес тешко можи да се најди поштен играч. Поќето се платеници. Па да земиме некој платеник тогаш. Инаку лошо ќе биди

Џабе и Сити 3 години фрла пари на најразлични можни звезди и пак нишо,испаднаа од Лига на шампиони уште у групи со Силва,Насри,Тевез,Компани,Агуеро у тим, затоа не треба пари срце треба да се има..
 
Да бидеме реални...тренерските способности на жабарот, не треба да се ставаат во иста конотација со оние на Далглиш во случајов...еве Венгер, Фергусон, Онил, АВБ...итн итн...!! Имаме среќа што него го држат, а стварно не знам зошто.... :)
 
Џабе и Сити 3 години фрла пари на најразлични можни звезди и пак нишо,испаднаа од Лига на шампиони уште у групи со Силва,Насри,Тевез,Компани,Агуеро у тим, затоа не треба пари срце треба да се има..
Ете ги први се. Вака така се држат. А од ЛШ испаднаа пошто немаат искуство и рејтинг па налетаа на тешка група. В година ќе бидат подобри. Башка како што рече колегата погоре Манчини е тркало. Да дојди некој како Мурињо во Сити тогаш ќе се сликаме.
И затоа плус ти ги посочив Реал и ПСЖ па и Челзи на времето.
 
Дада за тренерот сте у право и двајцата али сепак со тие играчи испаѓање уште у групи не иде,а за искуство имаат и тоа како искуство али јебига платеници се и ги боли за Сити коа ќе се напунат пари за година-две ќе си идат,еве први почнаа да бараат трансфер Тевез и Балотели,ќе има и други по нив..
 
на ливерпул му треба само еден напаѓач и кајт да си оди дури некој пари дава за него...
 
Море едно добро десно крило фали. После за напаѓач да се гледа мада не е лошо да се донеси некој.
Сме купиле некој копиљак од Спортинг Лисабон - Жоао Карлос Техеира 19 годишен за 1 милион фунти. Да бил толкав талент на овие години преку 10 ќе бараа за него немаше за 1 да го пуштат ама ајде можи грешам. И дали ќе куиме некој салам играч?
 
И дали ќе куиме некој салам играч?
Ако не купиме некој саглам играч, а пред се мислам на крило и напаѓач ништо од четврто место посебно не со Кајт :tapp: Стварно не знам како му падна толку форма минатата сезона растураше сега е дрво невидено и за Даунинг истото важи.
Еве колку за потсетување со кого не поврзуваа во тек на овој преоден рок.
390564_327477927274320_211620238860090_1161560_1168156158_n.jpg

Дали некој го има гледано Sow од Лил, тој изјави пред некој ден дека сака да игра за Ливерпул и Лил купи напаѓач да го замени само не се знае каде ќе оди.

И се надевам дека не сме заинтересирани за Дефо посебно не за 20М фунти кои ги бара Ари:facepalm: Не знам што ќе ни е пропаднат талент и резерва на Тотенхем.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom