Бидејќи, овде сега е најфрекфентно, ќе го пишам мојот коментар за сите критичари и сите што плукаат по најдобриот наш ракометар...
Револтиран од ракометот, разочаран од коментарите на "стручњаците", изјави по портали, и снимките со кој се потврдува голот на Кире, решив да напишам една белешка ...
Премногу разочарани луѓе, што е нормално после ваков болен пораз од репрезентација која ја има најсилната лига на светот, која има професионални ракометари колку и население во нашата земја, која е 30 пати поголема од Македонија... Но, во тие моменти треба да се остане смирен, да се изброи до пет, да "олади" малку главата, а не одма да почне да се плука по некој, кој до вчера беше и во иднина ќе биде нашиот херој...
До тие сите што плукаа, зарем заборавивте дека да не беше Кире немаше да видиме ниту Европско, ниту Светско Првенство? Или тоа се се заборава со според вас, одиграни два "слаби" натпревари? И човек што ниту еднаш не гледал ракомет, знае дека најголемата опасност доаѓа до Лазаров, најдобриот десен бек во Светот... И нормално, дека противничката екипа ќе скрои план како да го задржи... Го тепаат, го маваат, кинат, апат, ама "машината" пак наоѓа простор за да постигне највеќе погодоци на натпреварот... Е сега имал слаба реализација? Знаете зошто има? Затоа што, како што и самиот изјави, има храброст да шутира, кога другите се кријат во глувчја дупка, затоа што по два играчи од противничката екипа веднаш му наидуваат и го блокираат (а тие играчи се по два метри, со распонот на рацете и скокот достигнуваат и три метри), и на крај, и противничките екипи имаат голмани на голот, зарем тие не треба да си ја вршат нивната работа!?...
Какви реакции ќе имаше од сите хејтери, доколку вчера во последниот напад, Кире се повлечеше и не ја земеше топката во свој раце за да шутне? Тогаш ќе имаше, Кире вака, Кире така, нема храброст, кога е најпотребно не ја зема одговорноста, каков капитен е тој, најискусен!?...
Кире е крив што Стојанче Стоилов (секоја чест за момчето), промаши три напади по ред од шест метри? Кире е крив што Манасков промаши контра за победа? Кире е крив, што Ангелов бранеше, а топката не ја фаќавме и таа завршуваше во рацете на Германците? Кире е крив што Миркуловски се фрла во противничките играчи и добива контра-фаул?
Е вака да ви кажам, Кире е "крив" што Стоилов постигна пет од шест погодоци, Кире е "крив" што Мојсовски постигна два од четири погодоци, Кире е "крив" што Манасков ги постигна двата гола, Кире е крив што Алушовски постигна гол итн. итн...
Ама тоа никој не го гледа, битно Кире промашил два пенали, или што ти знам... А што Кире постигна седум гола, и што уште 10 паднаа по негова "вина", преку асистенции, тоа не се гледа... 17 гола за Македонија од вкупно 23, по заслуга на Кире...
Големи играчи се станува и на вакви натпревари, кога губиш, кога судиите се против тебе, кога не ти признаваат чист гол... Не се станува само кога постигнеш гол за победа или кога постигнеш 10 гола... Сега треба да се види менталната состојба на нашите ракометари, дали се ментално стабилни, дали ќе го издржат овој притисок... Јас верувам, бидејќи, може немаме играчи со големо ракометарско реноме (освен Лазаров), но имаме ракометари со две срца, и покрај се, ќе се соземат и ќе одиграат утре против Чешка, ќе го остават срцето на теренот... Напред Момци, затнете им ги устите на критичарите...
Ниеден Пораз не се Брои - Вие сте нашите Херои !!!