Македонија - Чешка - ОДИМЕ ВО БЕЛГРАД!

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ако мислите дека атмосферата и мотивацијата во репрезентацијата се паднати, се лажете : ))))
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Нормално е играчите што паднаа психички по таков меч и таква болна завршница, меѓутоа како професионалци утре ќе бидат доволно свежи да извојуваат победа. Чесите ќе изгорат во атмосферата.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Математиката е јасна за утре-победа и одиме во втората фаза со 1 или со 3 бода зависи од дуелот мегу Шведска и Германија. Чесите се крстат во Јиха и мислам оти фластер е најдобрата варијанта за него бидејки секој напад почнува од него има одлична конструкција 2 метри е висок а е многу подвижен како во напад така во одбрана самото тоа што игра во Кил кажува колку е добар не велам оти сме фаворити баш напротив пак сме аутсајдери што ни дава предност но мислам оти ако не послужи таа спортска срека можиме да издвојуваме победа и пласман во втората рунда- СО ГОСПОД НАПРЕД

П.С. САМО МАЛКУ ДА МУ ГИ ЗАТНАМ МУЦКИТЕ НА СИТЕ ТИЕ КОИ ГО КРИТИКУВААТ КИРЕ
http://www.kurir.mk/sport/rakomet/57492-Statistika-Angelov-najdobar-golman-Lazarov-vtor-strelec-i-asistent
Оваја статија вели вака:Македонскиот најдобар ракометар Кире Лазаров СЕ НАОГА НА ВРВОТ НА ДВЕ КАТЕГОРИИ. На листата на стрелците, со вкупно 14 голови од 36 шутеви, Лазаров се наоѓа на второто место зад најдобриот досега, Германецот Никлас Екберг кој постигна 16 голови од 21 обид.
Лазаров го дели првото место на листата на асистенти. Покрај името на нашиот најдобар ракометар стои бројката од 12 асистенции или по шест на еден натпревар, исто колку што во моментов има најдобриот ракометар на Чешка, Филип Јиха.
Значи и кога игра Кире "слабо" пак се наога на врвот на сите статистики...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.938
Поени од реакции
16.230
Ако мислите дека атмосферата и мотивацијата во репрезентацијата се паднати, се лажете : ))))
Дојави а..:свиркам:
Луѓе, верујте дека нема слаби репрезентации на првенството, сите научија ракомет да играат. Но наше е да се надеваме, па што биде нека биде.
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Ќе видиме, абе вака изгледаат како трескање глупости, ама ако се земат некои факти од минатото доста разумно изгледа ова :D
Е сега незначи дека апла ќе ни подарат победа, ама по некоја логик би требало да добиеме каква-таква помош. Бар мои претпоставки :D
Памтам кога имаше женски ракомет во Македонија 2008, Србите се бунеа дека добиле лошо судење со нас и дека ради тоа изгубија и отпднаа, баш зашто сме биле домаќини и нормално ако отпадневме ние профитот од првенството ќе се намалеше за којзнае колку посто :icon_mrgr:
Мада во тој меч прво они имаа голема помош, па летаа предмети од сите страни кон судиите, па од страв почнаа да судат за нас во второ полувреме :icon_mrgr:
брат за се сте во право со Зендерски т.е ехф има поголем профит од нас неголи чешка
ама заборавивте нешто и то најважно
ако шведска е победи германија, тогаш со која цел ќе свират за нас судииве? ако победиме Германија ќе испадне во таа ситуација
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Дечки ме интересираше утре (НЕ ДАЈ ГОСПОД) ако не се пласираме понатаму дали ни е последна утакмица или ке разигруваме за повисоко место на шампионатот???
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
едноставно се би дал само да одиме понатаму и Германија да испадни..не дека голем ќе ми биди ќефот што ќе одиме понатаму со три бода туку сакам оние гнасните германци да си одат дома....ах како изгубивме.ццц
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.938
Поени од реакции
16.230
Дечки ме интересираше утре (НЕ ДАЈ ГОСПОД) ако не се пласираме понатаму дали ни е последна утакмица или ке разигруваме за повисоко место на шампионатот???
Последна ни е.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.035
Поени од реакции
5.935
Kako sto gi citam komentarive 90% mislat deka so pobeda nad Ceska Makedonija sigurno odi ponatamu no ocigledno e deka jazikot im e pobrz od pametot.Sto pravime ako Svedska ja namesti utakmicata so Germanija na neresen rezultat?Bidejki se pojaki od niv mozno e celo vreme da vodat za da si osiguraat plasman za na kraj da im pustat i da odat i dvete reprezentacii ponatamu.Inaku ja gledav detalno utakmicata so Germanija i od ona sto go vidov zakluciv deka vinata za porazot treba da ja pobaraat vo losata igra na Kire Lazarov bidejki imase eden kup promasuvanja a krilata skoro i da ne gi koristea iako preku niv dlaboko sum ubeden deka ke pobedea so nekolku gola razlika.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.047
Kako sto gi citam komentarive 90% mislat deka so pobeda nad Ceska Makedonija sigurno odi ponatamu no ocigledno e deka jazikot im e pobrz od pametot.Sto pravime ako Svedska ja namesti utakmicata so Germanija na neresen rezultat?Bidejki se pojaki od niv mozno e celo vreme da vodat za da si osiguraat plasman za na kraj da im pustat i da odat i dvete reprezentacii ponatamu.Inaku ja gledav detalno utakmicata so Germanija i od ona sto go vidov zakluciv deka vinata za porazot treba da ja pobaraat vo losata igra na Kire Lazarov bidejki imase eden kup promasuvanja a krilata skoro i da ne gi koristea iako preku niv dlaboko sum ubeden deka ke pobedea so nekolku gola razlika.
И што ако изиграат нерешено?
Ние ако тепаме ќе имаме 3 бода и сигурно ќе бидеме пред Чешка...
Дај не вртете вакви теории :D
Со победа одиме понатаму, доста веќе филозофии.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Бидејќи, овде сега е најфрекфентно, ќе го пишам мојот коментар за сите критичари и сите што плукаат по најдобриот наш ракометар... :)

Револтиран од ракометот, разочаран од коментарите на "стручњаците", изјави по портали, и снимките со кој се потврдува голот на Кире, решив да напишам една белешка :)...
Премногу разочарани луѓе, што е нормално после ваков болен пораз од репрезентација која ја има најсилната лига на светот, која има професионални ракометари колку и население во нашата земја, која е 30 пати поголема од Македонија... Но, во тие моменти треба да се остане смирен, да се изброи до пет, да "олади" малку главата, а не одма да почне да се плука по некој, кој до вчера беше и во иднина ќе биде нашиот херој...
До тие сите што плукаа, зарем заборавивте дека да не беше Кире немаше да видиме ниту Европско, ниту Светско Првенство? Или тоа се се заборава со според вас, одиграни два "слаби" натпревари? И човек што ниту еднаш не гледал ракомет, знае дека најголемата опасност доаѓа до Лазаров, најдобриот десен бек во Светот... И нормално, дека противничката екипа ќе скрои план како да го задржи... Го тепаат, го маваат, кинат, апат, ама "машината" пак наоѓа простор за да постигне највеќе погодоци на натпреварот... Е сега имал слаба реализација? Знаете зошто има? Затоа што, како што и самиот изјави, има храброст да шутира, кога другите се кријат во глувчја дупка, затоа што по два играчи од противничката екипа веднаш му наидуваат и го блокираат (а тие играчи се по два метри, со распонот на рацете и скокот достигнуваат и три метри), и на крај, и противничките екипи имаат голмани на голот, зарем тие не треба да си ја вршат нивната работа!?...
Какви реакции ќе имаше од сите хејтери, доколку вчера во последниот напад, Кире се повлечеше и не ја земеше топката во свој раце за да шутне? Тогаш ќе имаше, Кире вака, Кире така, нема храброст, кога е најпотребно не ја зема одговорноста, каков капитен е тој, најискусен!?...
Кире е крив што Стојанче Стоилов (секоја чест за момчето), промаши три напади по ред од шест метри? Кире е крив што Манасков промаши контра за победа? Кире е крив, што Ангелов бранеше, а топката не ја фаќавме и таа завршуваше во рацете на Германците? Кире е крив што Миркуловски се фрла во противничките играчи и добива контра-фаул?
Е вака да ви кажам, Кире е "крив" што Стоилов постигна пет од шест погодоци, Кире е "крив" што Мојсовски постигна два од четири погодоци, Кире е "крив" што Манасков ги постигна двата гола, Кире е крив што Алушовски постигна гол итн. итн...
Ама тоа никој не го гледа, битно Кире промашил два пенали, или што ти знам... А што Кире постигна седум гола, и што уште 10 паднаа по негова "вина", преку асистенции, тоа не се гледа... 17 гола за Македонија од вкупно 23, по заслуга на Кире...
Големи играчи се станува и на вакви натпревари, кога губиш, кога судиите се против тебе, кога не ти признаваат чист гол... Не се станува само кога постигнеш гол за победа или кога постигнеш 10 гола... Сега треба да се види менталната состојба на нашите ракометари, дали се ментално стабилни, дали ќе го издржат овој притисок... Јас верувам, бидејќи, може немаме играчи со големо ракометарско реноме (освен Лазаров), но имаме ракометари со две срца, и покрај се, ќе се соземат и ќе одиграат утре против Чешка, ќе го остават срцето на теренот... Напред Момци, затнете им ги устите на критичарите...
Ниеден Пораз не се Брои - Вие сте нашите Херои !!!
БРАВО!!! добар пост, море одличен пост!!!
лазаров е најдобриот наш играч, носител на играта на репрезентацијата и ЛИДЕР во секој поглед!!!
германците победија на среќа и со сила, потпомогнати малку и од судиите, но најмногу сме си самите криви за поразот, со промашениот зицер при крајот, невниманието во одбраната и одбиените топки кои ги собираа германците и даваа лесни голови.
мене кеиф ми се направи кога ги видов германците како слават како да освоиле злато, а не пак да ја победиле македонија! тоа е знак дека стануваме респектабилна селекција која е тежок противник за сите.
во моментите кога треба сите заедно да ги бодриме нашите, ние ги напаѓаме, а зошто??? не се борат како шо треба? симулираат? не оставаат срце на терен? што? ајде кажете што???
плус не е се загубено. чешка не е ништо посебно, а и плус сите кажаа дека тоа ни е најголемата шанса за нареден круг!!! со шведска беа ср.ње, а шведска се извлече против нас, значи... со реално судење и ладни глави ПОБЕДУВАМЕ!!!
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.035
Поени од реакции
5.935
И што ако изиграат нерешено?
Ние ако тепаме ќе имаме 3 бода и сигурно ќе бидеме пред Чешка...
Дај не вртете вакви теории :D
Со победа одиме понатаму, доста веќе филозофии.
So pobeda nie ke bideme pred Ceska no so neresen rezultat na Germanija vo duelot so Svedska nie ke bideme treti a germancite vtori.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom