Како бе не ги бива?Пред неколку години да се спомнеше дека ќе му извадиме нерешено на Шведска,која била светски и европски шампион,која жареше и палеше по првенства во изминативе години,ќе го направев будала.А сега за малку ни избега победата.Не ги бива македонците слаби се, нема план за напад нема дисциплина, мака ми е за парите од буџетот што одат за нив...а и вие што сте таму во Ниш вратете се назад, заштедете некој денар, слушам 50 евра била карта на врата, а цела сала полна македонци......мх мх србите тријат раце на вас.....германските 10 навивачи биле со гратиси.
Да заради Кире се изгубени тие бодови.Реално човеков е дигнат во облаци на европсково што никако не го очекував тоа од него.Кире е мозокот на тимот,мозок кој што на 2 утакмици по ред шутира без врска од никакви позиции во ситуација кога не сме под никаква закана од пасивен напад.Со Швеѓаните во ситуација кога имаме играч повеќе на терен и се решаа крајниот резултат он оди на удар од неизградена позиција што е недозволиво на вакви натпреварувања.Денес при +2 имаме напад и Германци кој што незнаат кај се наоѓаат и ни се отвара шанса да ја решиме утакмицата со добро организиран напад ама не бе он пак сам тргнува против сите.Заради Кире ? Кире го утна зицерот на крај кој во ракометот 95% е реализиран ? Кире е крив што примија 5 гола по одбрана на Диви ? Кире ли е крив кога со играч повеќе во последни 10 минути два зицера беа промашени, едниот на Наумче другиот не ми текнува кој ракометар беше ...
голо ќе го облечеме и нема повеќе да биде голџабе го плукате кире луѓеее...македонија нема да има таков спортист во блиска иднина
туку шо прајме за голо
не мешај граматика во вакви ситуации..голо ќе го облечеме и нема повеќе да биде гол
Ако не беше вистина немаше да пишувам тукаОзбилен ти?
Сеа не ми ставај зборови у уста, ја не го критикувам малиот никаде туку само кажувам колку не кошташе тоа промашување, што е факт, поготово ако се земе во предвид што значи таква шанса во ракомет, поголеми се шансите пенал да промашиш во фудбал а да брани некој аматер, отколку ова на Манасков. Ова не е критика, ова е само спомнување на еден ракометен факт.@ Syn
не ме заебавај. Го браниш Кире а го критикуваш Манасков !? Да ги браниш/критикуваш двајцата, океј, ама вака, не зезај...
Точно промаши клучен зицер, но и Кире промаши зицери при кои ќе имавме гол предност по кои (значи кои, не кој оти беа множина) можеби ќе се свртеше се’ у наша корист.
А брат му е другата половинаЛеле го критикуваат Кире!!!! Па да молиме господ да ни го чува Кире жив и здрав уште многу време - чоекот е пола репрезентација... Кај се сеа Наумче и компанија коа се водат тешки битки -целата тежина паѓа на Кире- чоекот на грб ни ја носи репрезентацијата...
А бе не ми е гајле дали еден милиметар влегла или еден метар, чим е зад линија треба да е гол. Пируети да правела топката битно влегла. Е сега, татко ти, за жал е во право. Да беше Германија на наша позиција, не само што ќе го признаеја туку и да не беше гол ќе речеа дека е гол.Кога шутна Кире му викам на татко ми, гол е, гол, чист гол и тој ми вели: И да беше гол, излезе топката, нема шанси ЕХФ ова да го признај.
Колку што не е „заради Лазаров изгубивме“, толку не е и „заради Манасков изгубивме“.Сеа не ми ставај зборови у уста, ја не го критикувам малиот никаде туку само кажувам колку не кошташе тоа промашување, што е факт, поготово ако се земе во предвид што значи таква шанса во ракомет, поголеми се шансите пенал да промашиш во фудбал а да брани некој аматер, отколку ова на Манасков. Ова не е критика, ова е само спомнување на еден ракометен факт.
Ја само потенцирам дека констатацијата '' задари Кире изгубивме '' не е точна и благе везе нема со реалноста, тоа само човек кој денес почнал да гледа ракомет може да го тврди.
Објаснив кои други работи влијаеа на овој пораз, а промашувањето на крај и 5те голови од втора шанса, повторувам, 5те голови од втора шанса, дефакто се каде-каде поголема причина за овој пораз од промашувањата на Лазаров, и покрај сите тие останати негативни карактеристики на тимов од дуелов со Германија, со кој памет се бутка ставот дека поради Лазаров сме изгубиле ?!
Срамтоа е да се фрла 1 тон кал врз капитенов, да му препишеш пораз неосновано такоџе е тешка навреда за него.