Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.
Туку што е муабетов дека нашава репрезентација ќе поднесе жалба за повреда на правилата. Наводно последниот шут на Кире ја поминал линијата и било гол???????
Така се збори...во жарот не го ни видовме тоа. Треба да се види репетицијата

Oд 6:57, не коментирам за мојот впечаток - уште не ми се нервите средени...
 
Стигнавме до фаза да почне да се размислува за goal line technology и во ракометот :facepalm:

Добро им оди на Швабите и на Светското со Англија имаше фрки околу голот :)таа технологија е повеќе од потребна но ако се воведе како ќе се делува врз помалите држави кои знаат да им прават беља на форсираните нации ;)
 
Тука не беше одбранет ударот, тука целиот гол беше промашен, а не треба ниту да се објаснуваме што ќе значеше тој гол и водство за нас.
Aма 19 години имал...
 
Да му пренесеш дека е прав ѕвер.Тој е иднината на нашава репрезентација.Не ни се познава отсуството на Димовски поради неговите одлични партии.
Не само што не се познава отсуството на Димовски... туку ова се најдобрите партии на некој пикер од Македонија, бар јас не паметам некој наш пикер да дал шест гола на натпревар и да изнуди уште два-три седмерци. Секоја чест, се надевам дека наредниот меч таквата игра ќе ни донесе победа.
 
На РТС 2 излезе еден од ЕХФ и 5 пати ја пуштија снимката и рекоја дека голот е регуларен и дека утакмицата треба да се преигра
Чекаме официјална одлука утре, и утакмицата ќе ја гледа комисија!!!

Озбилен ти?
 
Пак за влакно ни кидна победата.Не знам што е сево ова бунење против Лазаров.Да бидеме искрени само и он имаше муда да го упати последниот шут.За Манасков и нема што да има нервози пошто има искуство 0 и можеше да се очекува некој промашај.Само не ми е јасно зошто Алушевски не играше на крајот.Најверојатно тоа ќе да е уморот.Стоилов,момаков се повеќе и повеќе ме воодушевува.После трите промашувања се попраи.И не ми е јасно зошто не се игра со Темелков.Топка не фати цела утакмица.
 
Не ги бива македонците слаби се, нема план за напад нема дисциплина, мака ми е за парите од буџетот што одат за нив...а и вие што сте таму во Ниш вратете се назад, заштедете некој денар, слушам 50 евра била карта на врата, а цела сала полна македонци......мх мх србите тријат раце на вас.....германските 10 навивачи биле со гратиси.
 
@ Syn
не ме заебавај. Го браниш Кире а го критикуваш Манасков !? Да ги браниш/критикуваш двајцата, океј, ама вака, не зезај...

Точно промаши клучен зицер, но и Кире промаши зицери при кои ќе имавме гол предност по кои (значи кои, не кој оти беа множина) можеби ќе се свртеше се’ у наша корист.

Манаксков колку е со врски, толку овие другиве пробуваат да го кењаат штом ќе им се укаже шанса... (n)
 
Драган Начевски е еден од официјалните лица на репрезентацијата, на времето почитуван судија на светско ниво: "Тешко ЕХФ да донесе одлука да се признае голо против Германија!" Ама сами сме си криви шо со таков гол сакаме да спасеме пораз, наместо да славевме со 2-3 разлика
 
Ќе го осетите вие одсуството на Лазаров коа ќе отиде у пензија или недајбоже се повреди. Ја немам видено некој млад добар што би можел да го замени него, ако има бујрум нека го викнат у репрезентација.
 
Добро, може некој поупатен во правилата да каже што би се случило доколку се признае голот ? Корекција на резултатот ?
 
До денот е, така ни тргна утрово не потопија и вечерва немавме ич спортска среќа. На таква одбрана 10 пати да ти фаќаат одбранети топки тоа е да се обесиш во среде сала. Тоа не е знаење тоа е чиста среќа! А игравме феноменална одбрана. Да си касне човек од патиките, гастритис да закачиш за 60 минути.
 
Не ги бива македонците слаби се, нема план за напад нема дисциплина, мака ми е за парите од буџетот што одат за нив...а и вие што сте таму во Ниш вратете се назад, заштедете некој денар, слушам 50 евра била карта на врата, а цела сала полна македонци......мх мх србите тријат раце на вас.....германските 10 навивачи биле со гратиси.
Сериозен си во постов или ироничен си ?
 
Кога шутна Кире му викам на татко ми, гол е, гол, чист гол и тој ми вели: И да беше гол, излезе топката, нема шанси ЕХФ ова да го признај.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom