Можете што сакате да ми пишете,можете да ми изигравате богородици до сабајле ама факт е дека заради Кире моментално имаме 1 бод а не 4 бода.
Заради Кире ? Кире го утна зицерот на крај кој во ракометот 95% е реализиран ? Кире е крив што примија 5 гола по одбрана на Диви ? Кире ли е крив кога со играч повеќе во последни 10 минути два зицера беа промашени, едниот на Наумче другиот не ми текнува кој ракометар беше ...
Ја тука Кире не го гледам, а ова се ситуации кои и те како се одразија деструктивно врз нашата репрезентација, поготово промашувањето на Манасков и оние 5 гола примени од втора шанса, еј, 5 ебани гола, стварно не треба да се објаснува што претставува и таква контра во ракометот а и оние 5 гола од втора шанса против ракометен великан како Германија.
Eве еден постар мој пријател, прееска на фејс што напиша
СУм играл долги години ракомет.Голем дел од репрезентативците ми се врсници и пријатели од некогашната младинска репрезентација сеуште.Ги знам како дишат дадоа максимум од себе,но....но на таква контра како Манасков ќе влезам со голманот во голот.Нема опуштање една секунда.
Тука не беше одбранет ударот, тука целиот гол беше промашен, а не треба ниту да се објаснуваме што ќе значеше тој гол и водство за нас.
Како може покрај овие работи човек да каже дека заради Кире изгубиле ?!?
Дап, нема никаква логика вината да се префрла на негов грб, никој не негира дека е надвор од форма, но не треба ниту да се занемари фактот дека Шундо го читаат многу лесно, играта ни е прочитана и одбраната врз Лазаров што ја играа и германците и швеѓаните беше одлична па и тоа, сакал ти или не, влијае врз Лазаров и неговата игра.