Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.

toiise

Паско Кузман
Член од
17 декември 2007
Мислења
661
Поени од реакции
94
Кире е светска класа играч, ама ракометов е тимска игра, а не one man show па да се понаша така.
 
В

Вори

Гостин
Не ги бива македонците слаби се, нема план за напад нема дисциплина, мака ми е за парите од буџетот што одат за нив...а и вие што сте таму во Ниш вратете се назад, заштедете некој денар, слушам 50 евра била карта на врата, а цела сала полна македонци......мх мх србите тријат раце на вас.....германските 10 навивачи биле со гратиси.
Како бе не ги бива?Пред неколку години да се спомнеше дека ќе му извадиме нерешено на Шведска,која била светски и европски шампион,која жареше и палеше по првенства во изминативе години,ќе го направев будала.А сега за малку ни избега победата.
Истото важи и со Германија,која е светска сила во секој поглед.Фудбал,кошарка,ракомет и тако даље.Им се држевме до последна секунда и изгубивме поради наши грешки.Направивме од готово вересија.Душа им извадивме,ќе не памтат.

Факт е дека после подвигот на кошаркарите,дигнато е нивото на репрезентациите во кошарка и ракомет.А очекувам и други слични успеси,за да не биде дека се е случајно.
Само во фудбал ќе останеме дрва секогаш,за жал.
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Леле го критикуваат Кире!!!! Па да молиме господ да ни го чува Кире жив и здрав уште многу време - чоекот е пола репрезентација... Кај се сеа Наумче и компанија коа се водат тешки битки -целата тежина паѓа на Кире- чоекот на грб ни ја носи репрезентацијата...
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
8.097
џабе го плукате кире луѓеее...македонија нема да има таков спортист во блиска иднина
туку шо прајме за голо
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Заради Кире ? Кире го утна зицерот на крај кој во ракометот 95% е реализиран ? Кире е крив што примија 5 гола по одбрана на Диви ? Кире ли е крив кога со играч повеќе во последни 10 минути два зицера беа промашени, едниот на Наумче другиот не ми текнува кој ракометар беше ...
Да заради Кире се изгубени тие бодови.Реално човеков е дигнат во облаци на европсково што никако не го очекував тоа од него.Кире е мозокот на тимот,мозок кој што на 2 утакмици по ред шутира без врска од никакви позиции во ситуација кога не сме под никаква закана од пасивен напад.Со Швеѓаните во ситуација кога имаме играч повеќе на терен и се решаа крајниот резултат он оди на удар од неизградена позиција што е недозволиво на вакви натпреварувања.Денес при +2 имаме напад и Германци кој што незнаат кај се наоѓаат и ни се отвара шанса да ја решиме утакмицата со добро организиран напад ама не бе он пак сам тргнува против сите.
За одбраната кажав дека и они направија пропусти кај тие 6-7 топки ама како и да ја вртиш ГИ ИМАВМЕ ВО РАЦЕ Германциве.За Наумче си во право а другиот беше Манасков само срамота е да се потпреме на 19 годишно момче кое што нема никакво искуство во големи натпревари.

п.с Нека се оди на шут преку Кире ако така решиле ама тој шут да биде од изградена позиција па тогаш и да промаши ретко кој ќе му замери.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.765
@ Syn
не ме заебавај. Го браниш Кире а го критикуваш Манасков !? Да ги браниш/критикуваш двајцата, океј, ама вака, не зезај...

Точно промаши клучен зицер, но и Кире промаши зицери при кои ќе имавме гол предност по кои (значи кои, не кој оти беа множина) можеби ќе се свртеше се’ у наша корист.
Сеа не ми ставај зборови у уста, ја не го критикувам малиот никаде туку само кажувам колку не кошташе тоа промашување, што е факт, поготово ако се земе во предвид што значи таква шанса во ракомет, поголеми се шансите пенал да промашиш во фудбал а да брани некој аматер, отколку ова на Манасков. Ова не е критика, ова е само спомнување на еден ракометен факт.
Ја само потенцирам дека констатацијата '' задари Кире изгубивме '' не е точна и благе везе нема со реалноста, тоа само човек кој денес почнал да гледа ракомет може да го тврди.

Објаснив кои други работи влијаеа на овој пораз, а промашувањето на крај и 5те голови од втора шанса, повторувам, 5те голови од втора шанса, дефакто се каде-каде поголема причина за овој пораз од промашувањата на Лазаров, и покрај сите тие останати негативни карактеристики на тимов од дуелов со Германија, со кој памет се бутка ставот дека поради Лазаров сме изгубиле ?! :eek:

Срамтоа е да се фрла 1 тон кал врз капитенов, да му препишеш пораз неосновано такоџе е тешка навреда за него.
 

toiise

Паско Кузман
Член од
17 декември 2007
Мислења
661
Поени од реакции
94
Леле го критикуваат Кире!!!! Па да молиме господ да ни го чува Кире жив и здрав уште многу време - чоекот е пола репрезентација... Кај се сеа Наумче и компанија коа се водат тешки битки -целата тежина паѓа на Кире- чоекот на грб ни ја носи репрезентацијата...
А брат му е другата половина
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Кога шутна Кире му викам на татко ми, гол е, гол, чист гол и тој ми вели: И да беше гол, излезе топката, нема шанси ЕХФ ова да го признај.
А бе не ми е гајле дали еден милиметар влегла или еден метар, чим е зад линија треба да е гол. Пируети да правела топката битно влегла. Е сега, татко ти, за жал е во право. Да беше Германија на наша позиција, не само што ќе го признаеја туку и да не беше гол ќе речеа дека е гол.
 
М

Мартин`

Гостин
И што ако ЕХФ речи дека голот е важечки ..
- Ќе се смета за нерешено ?
- Ќе се преигра или ?

Што за кладилниците на пример тие што ја имаме нерешено ? :)
 
Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
добро бе вие глупи сте или глупи? Кире не ви чинел, е ај кој чини за вас? Видовте кој беше прв стрелец на натпреварот? Кој му асистираше на Стојанче? Или ако и без то пак ќе беше ваков резултат, односно нерешено, како шо треба да биди? Сега ако го признат голо, Кире ќе ви стани херој, зато шо погодил гол за нерешено.... ај избришете си го профилот од кајгана!
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Сеа не ми ставај зборови у уста, ја не го критикувам малиот никаде туку само кажувам колку не кошташе тоа промашување, што е факт, поготово ако се земе во предвид што значи таква шанса во ракомет, поголеми се шансите пенал да промашиш во фудбал а да брани некој аматер, отколку ова на Манасков. Ова не е критика, ова е само спомнување на еден ракометен факт.
Ја само потенцирам дека констатацијата '' задари Кире изгубивме '' не е точна и благе везе нема со реалноста, тоа само човек кој денес почнал да гледа ракомет може да го тврди.

Објаснив кои други работи влијаеа на овој пораз, а промашувањето на крај и 5те голови од втора шанса, повторувам, 5те голови од втора шанса, дефакто се каде-каде поголема причина за овој пораз од промашувањата на Лазаров, и покрај сите тие останати негативни карактеристики на тимов од дуелов со Германија, со кој памет се бутка ставот дека поради Лазаров сме изгубиле ?! :eek:

Срамтоа е да се фрла 1 тон кал врз капитенов, да му препишеш пораз неосновано такоџе е тешка навреда за него.
Колку што не е „заради Лазаров изгубивме“, толку не е и „заради Манасков изгубивме“. :)

Многу работи се поклопија, за жал несреќно.

Но тоа со зицерите не беше (не)среќа. Спомна некој пред ова, „среќа е толку пати да им се одбие топката у раце на Германците“.

Не, не е среќа, среќа е еднаш, двапати... кога 5-6 пати се случува тоа значи дека не штима нешто кај нас.

Сигурно дека тоа го приметија нашиве и дека ќе му обрнат внимание...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom