Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.
H

HITCH

Гостин
Ова од Столе:

WINNERS NEVER QUIT and QUITTERS NEVER WIN ! ! ! ! !

И имате еден поздрав од него и фала за комплиментите ;)
Ти да му кажеш на Столе, да се живи и здрави, ги сакаме и поддржуваме кога играат вака фанатично за Македонија. Доколку играат вака и против Чешка ние нема да имаме никакви проблеми за во следната фаза.

(И кажи му на Столе нека стават малку пудричка, за да не им се гледаат модриците од денес. :pos: )
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Среќата не паѓа од небо, на ја собираме од друмот сами си ја кроиме а овој пат ја скоривме троа погрешно.
И никако нема да се уважи жалбата од страна на ЕХФ, едино нешто што може да добиеме е некоја минимална санкција за судиската двојка ама и ова ќе го видиме кога ќе може тилот да си го видам.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
ЕКИПА дознава дека Ракометната Федерација на Македонија упатила официјална жалба до ЕХФ поради материјална повреда на правилата бидејќи по прегледување на видео-снимката од натпреварот е забележано дека при последниот шут на Кире Лазаров топката ја минала гол-линијата, но судиите сепак покажале играта да продолжи.

Во таборот на македонскиот национален тим пред натпреварот се стравуваше од влијаење на судиите врз конечниот исход на мечот, но никој не ни можеше да претпостави дека тоа влијание ќе биде изразено на ваков начин, со недосудување на регуларен гол, и тоа во последните секунди од натпреварот. Претставниците на РФМ се разочарани од развојот на настаните, но истовремено и немаат преголема верба бидејќи одлука во корист на Македонија сериозно би ја оштетила Германија, која важи за милениче на ЕХФ.

Ја прегледавме видео-снимката и очигледно е дека топката ја мина гол-линијата. Не разбирам како можеше судиите да не досудат гол во наша корист, тоа е материјално кршење на правилата и ние веќе поднесовме официјална жалба до ЕХФ. Иако правдата е нашата страна, морам да бидам искрен дека шансите жалбата да ни биде прифатена се мали бидејќи се знае дека многу тешко се носат вакви одлуки против Германија“ - изјави Драган Начевски, координатор на македонската ракометна репрезентација.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Еве го клипот. Клучниот момент е 6;58 ама тешко се приметува од овој кадар.
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
На РТС 2 излезе еден од ЕХФ и 5 пати ја пуштија снимката и рекоја дека голот е регуларен и дека утакмицата треба да се преигра
Чекаме официјална одлука утре, и утакмицата ќе ја гледа комисија!!!
 
П

Паспарту

Гостин
Се согласувам дека никој нема муда како Кире да ја превземе одговорноста во свои раце, меѓутоа денес тие што даваа реални критики а не се сељачеа и вреѓаа, сигурно не мислеле на последниот негов шут туку општо на неговата игра, на неколкуте клучни а исфорсирани шута, неговата тврдоглавост да шутира пенали и покрај тоа што гледа дека не му иде баш најдобро реализацијата.
Како и да е, дај боже да проработе машината и да ги искине Чесиве макар и само он пуца цела утакмица, греота е ваква генерација да не направи позначаен успех како Репрезентација.
Сето тоа го разбирам, но одредени луѓе (НЕ ГИ ЧИТАВ ПОСТОВИТЕ ТУКА НА КАЈГАНА, ЗА ДА НЕ МЕ СФАТИТЕ ПАК ПОГРЕШНО) претераа со критиките. Треба да се знае дека ако немаше шутеви ќе немаше и голови, ќе имаше поголем пораз итн. Значи сето тоа си е поврзано, и се согласувам дека кога не одат пеналите треба да се промени човекот што ги шутира. Доколку победевме против Шведска и денес против Германија, сигурен сум дека на прсти ќе се броеја оние во државата кои плукаат по Кире иако ќе имаше толку многу шутеви и промашувања...
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
336
Поени од реакции
88
Da bideme realni, nie imame dobra igra, ali premnogu e zalno so ovie igraci da promasuvame cisti kontri, kako so Svedska, taka i so Germanija i na krajot se gleda deka tie napadi odlucuvaat za ishodot.Mene mi e premnogu krivo , a veruvam deka i na site vas(Makedoncite) isto taka vi e krivo.Sepak imame popraven protiv Ceska i da sobereme sili za ponatamu i veruvam deka ke gi pobedime.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Веста дека било гол не значи ништо оти без разлика дали е стварно гол или не никогаш ама никогаш нема да ни го признаат така да....
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 22:38 ---
Веста дека било гол не значи ништо оти без разлика дали е стварно гол или не никогаш ама никогаш нема да ни го признаат така да....
 
K

kalimer0

Гостин
Добро е што РФМ поднела официјална жалба која доколку постои правда во ЕXФ истата треба да биде прифатена бидејќи шутот на Лазаров беше гол.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.822
Поени од реакции
5.628
На РТС 2 излезе еден од ЕХФ и 5 пати ја пуштија снимката и рекоја дека голот е регуларен и дека утакмицата треба да се преигра
Чекаме официјална одлука утре, и утакмицата ќе ја гледа комисија!!!
јас на А1 баш сега видов браво за ЕХФ :)

иначе шта је ту је
Mоментална табела

Шведска = 3
Чешка = 2
Германија = 2
Македонија = 1
-------------------------

Четврток
= Шведска - Германија 18:15 ч
= Mакедонија - Чешка 20:15 ч

четврток прво славиме Водици кој скока по крстот скока, па навиваме за Шведска и на крај НАВИВАМЕ за МАКЕДОНИЈА и славиме четвртфинале

п.с давајте слика од моментот кога ДИВИ ја "изеде" ЖИВА топката
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.050
Поени од реакции
45.774
Можете што сакате да ми пишете,можете да ми изигравате богородици до сабајле ама факт е дека заради Кире моментално имаме 1 бод а не 4 бода.
Заради Кире ? Кире го утна зицерот на крај кој во ракометот 95% е реализиран ? Кире е крив што примија 5 гола по одбрана на Диви ? Кире ли е крив кога со играч повеќе во последни 10 минути два зицера беа промашени, едниот на Наумче другиот не ми текнува кој ракометар беше ...

Ја тука Кире не го гледам, а ова се ситуации кои и те како се одразија деструктивно врз нашата репрезентација, поготово промашувањето на Манасков и оние 5 гола примени од втора шанса, еј, 5 ебани гола, стварно не треба да се објаснува што претставува и таква контра во ракометот а и оние 5 гола од втора шанса против ракометен великан како Германија.

Eве еден постар мој пријател, прееска на фејс што напиша
СУм играл долги години ракомет.Голем дел од репрезентативците ми се врсници и пријатели од некогашната младинска репрезентација сеуште.Ги знам како дишат дадоа максимум од себе,но....но на таква контра како Манасков ќе влезам со голманот во голот.Нема опуштање една секунда.
Тука не беше одбранет ударот, тука целиот гол беше промашен, а не треба ниту да се објаснуваме што ќе значеше тој гол и водство за нас.


Како може покрај овие работи човек да каже дека заради Кире изгубиле ?!? :eek:

Дап, нема никаква логика вината да се префрла на негов грб, никој не негира дека е надвор од форма, но не треба ниту да се занемари фактот дека Шундо го читаат многу лесно, играта ни е прочитана и одбраната врз Лазаров што ја играа и германците и швеѓаните беше одлична па и тоа, сакал ти или не, влијае врз Лазаров и неговата игра.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
На РТС 2 излезе еден од ЕХФ и 5 пати ја пуштија снимката и рекоја дека голот е регуларен и дека утакмицата треба да се преигра
Чекаме официјална одлука утре, и утакмицата ќе ја гледа комисија!!!
Џабе е Кирка, не се можи против мафијата.
Мене ми одговара да го признат, па и да се преигра утакмицата :)
 
В

Вори

Гостин
Ова од Столе:

WINNERS NEVER QUIT and QUITTERS NEVER WIN ! ! ! ! !

И имате еден поздрав од него и фала за комплиментите ;)
Да му пренесеш дека е прав ѕвер.Тој е иднината на нашава репрезентација.Не ни се познава отсуството на Димовски поради неговите одлични партии.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Абе што кењате без везе, ако бил гол бил да му еем.
Морална победа е тоа и да не го признаат голот.

Гледавте Чешка како падна со Шведкса, И ?

Кире бил крив, како бе крив, прв стрелец е, 7 гола дал.

Малиот Манасков бил крив, како бе крив, два гола даде за 1,5 мин.

Децата се шампиони, играат врвен ракомет, даваат 120% на терен, ги респектирам, и мило ми е што се наметнаа вискои вредности кога се игра за репрезентација.

Респект.

Ако ја тепаме Чешка, без разлика на исходот Германија - Шведска одиме понатаму.
Единствено не се знае со колку бодови.

Со среќа нека им е.

Честитки и за публиката.
Ме заболе ако фрлиле некое јајце, нема боља публика од македонската.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom