Колку ми е криво само за момците,можам само да замислам какво им е расположението нив после еден ваков несреќен пораз,после една невидена херојска битка која ја одиграа.
Значи,германците влегоа во овој дуел со сета своја сила,да не бидат понижени,да не го напуштат првенството после само два натпревари.Ама им се спротистави силен тим,мотивиран,веројатно затоа на крајот радоста им беше како да добија финале.Многумина од дечките кај нас имаа животни натпревари,Стоилов пред се,иако промаши два зицера радува како делува незаприливо на шесте метри и тоа во дуел со едни Рогиш,Кауфман...Каков скептик бев за него,на најдобар можен начин ме демантира.Ангеловски и Маркоски столбови во одбрана,Диви непробоен на голот.Манасков не можам да го обвинам,влезе детето со невидена желба да стори нешто,постигна и два гола кога се кршеше резултатот,промашувањето на зицерот е сепак резултат на неискуство.Добро е и тој да се промовира на првенствово како материјал за во иднина,тоа ќе е најголема придобивка.
За Кирца што да кажам,човекот можеби направи два-три избрзани шутеви кон крајот,можеби и делуваше тоа почетнички,ама човекот е сепак лидер,од него се бара одговорност,и самиот тој тоа го чувствува,па некако желбата кај него да стори нешто повеќе со оваа генерација може и да е најголема.Колку и да има обвинувања врз него,факт е дека овој тим дише на шкрги без Лазаров,оти неговото влијание и капитенскиот однос,импактот врз соиграчите е незаменлив.
Да резимирам,поразов делува и тоа како психолошки,а и физички секако,ако се знае само колку ќотек изедија нашите од швабите.Имаме слободен ден утре,а со тоа и можност за релаксација и разработување на тактички варијанти за мечот со Чешка.Сигурен сум оти нашите ќе распалат,ќе проработи и Кирца,па ќе го добијат и тие тоа што го заслужија,пласман во понатамошната фаза.