Зошто бившите не се враќаат?

  • Креатор на темата Macedonian-Sun
  • Време на започнување
Член од
13 септември 2011
Мислења
143
Поени од реакции
469
...
жената која има агенда знае дека времето е на нејзина страна.
...
Каков новак ли е тој што навистина верува во ова !

Како голема иронија, ова директно се коси со целиот текст на третата страна (на Sussaro),
кој е имплицитано базиран на фактот дека времето /НЕ/ е на страната на жената.

Освен очигледната примитивност и вулгарност, поентите во текстот се точни.
Ова, како и да е, не е ништо ново.

Генерално, ќе се покаже како точно правилото:
Доколку некој ни значи, тоа мора да го скриеме од него.
Без исклучок, дознавањето е проследено со ароганција и безобзирност.
Бидејќи темава (иако насловот ѝ звучи навистина глупаво) е поврзана со љубов, таа е поврзана и со следното, признавам, обопштување:

Жените, како носачи на следната генерација, секогаш ќе ги стават интересите на потомокот, пред индивидуалните.
Консеквентно, тие не чувствуваат морална тегоба бранејќи го потомокот, на каков и да е начин.
Според тоа, не (би требало да) нѐ изненадува текстот.
Нивната совест, иако очекувано да не им прости, не ги малтретира колку што би очекувал некој.
Се поставува прашање дали и воопшто ги допира.
Ниту ова е нешто ново (ова е позната хипотеза од еволутивна (некаде и еволуциона) биологија).

Natura non facit saltum, или „Природата не прескокнува“.

Природата води грижлива економија, без прекини; таа им дава потребни и доволни услови на своите чеда, колку да ја продолжат расата.
Сѐ останато е илузија. Во потполност. (cf. љубов). Ние сме само дел од чедата; некои веруваат.. казнети со својата сентиентност !
Ние веруваме (поточно, /сакаме/ да веруваме) дека не е така.

Познато е дека после фекундација, сите суштества (па и жената) драстично губат од својата привлечност.
Како последица на тоа, жената мора да се осигура, во согласност со хипотезата, и да го избере најсигурниот пат за следната генерација, но тоа се случува претходно !
Тогаш сигурно нема да ја запрат моралните закони, на кои ние тука преќутно се освртуваме (и, како последица на грешни постулати, ги очекуваме!).
Да бидам фер, не познавам жена со вградени морални закони.

Иако навистина изгледа суров текстот, секојдневните примери ќе го потврдат.
Пред да коментирате, ве молам секогаш имајте во вид дека Вистината не е задолжена да се држи до нашите очекувања.
Забелешка: Нафрлани се различни согледувања, но после внимателно читање, тие навистина имаат директна врска со темава и текстот.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
105
Поени од реакции
37
Не треба да се вратам бившите, затоа што ако навистина вределе немале да бидат бивши така? :)
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 01:35 ---
Не треба да се вратам бившите, затоа што ако навистина вределе немале да бидат бивши така? :)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Точно, во најголем број случаи е така. Тоа е само дел од играта на егото и неговите проекции. Какви резултати носи таа игра е друго прашање, on the long run...it`s fail at failing.

Жените, како носачи на следната генерација, секогаш ќе ги стават интересите на потомокот, пред индивидуалните.
Консеквентно, тие не чувствуваат морална тегоба бранејќи го потомокот, на каков и да е начин.
Според тоа, не (би требало да) нѐ изненадува текстот.
Нивната совест, иако очекувано да не им прости, не ги малтретира колку што би очекувал некој.
Се поставува прашање дали и воопшто ги допира.
Ниту ова е нешто ново (ова е позната хипотеза од еволутивна (некаде и еволуциона) биологија).

Natura non facit saltum, или „Природата не прескокнува“.
Дури и ако потомокот не постои?!
Го бранат непостоечкиот потомок?
Да не си го проектирал малку концептот на “алфа мажјак“ во твојот опис на женската мотивација...

Природата води грижлива економија, без прекини; таа им дава потребни и доволни услови на своите чеда, колку да ја продолжат расата.
Сѐ останато е илузија. Во потполност. (cf. љубов). Ние сме само дел од чедата; некои веруваат.. казнети со својата сентиентност !
Ние веруваме (поточно, /сакаме/ да веруваме) дека не е така.
Човековите активности се само делумно одредени од биологијата, иако е привлечно гледањето преку биолошка призма пред се поради едноставноста,претендирањето на сеопфатност (bullshit) и за наоѓање на оправдувања и неодговорност за своите постапки, главен фактор во животот на поединецот или групата се различните програми кои се даунлодирани во мозокот. Така и примерот од постот, колку што сфатив се работело за некаква врска од која женската излегла поради “живеење живот дури е време“ т.е. премлада за нешто посериозно. Тоа нема никаква врска со никаква биологија бидејќи жената е плодна од влегување во пубертет, одложувањето (или не) на небулозниот “биолошки императив“ за штанцање потомство зависи од програмирањето. Затоа некоја жителка на Калкута го дои 12-тото дете, некоја во Манила четвртото или петтото, во исто време во кое овдешна жена или некоја од Љубљана или Келн “го живее животот“. Се зависи од програмата, сопругата на рандом Раџив не верувам дека помислила дека нешто пропушта со женачка по договор на 17.

Познато е дека после фекундација, сите суштества (па и жената) драстично губат од својата привлечност.
Како последица на тоа, жената мора да се осигура, во согласност со хипотезата, и да го избере најсигурниот пат за следната генерација, но тоа се случува претходно !
Тогаш сигурно нема да ја запрат моралните закони, на кои ние тука преќутно се освртуваме (и, како последица на грешни постулати, ги очекуваме!).
Да бидам фер, не познавам жена со вградени морални закони.
Ниту е познато ниту е точно.
Како што напоменав, жената влегува во фертилен период на некои 12-14 години, што значи дека се земе твојава теза како точна (човечките постапки детерминирани од биологијата, физичко опаѓање после трудноча) жената као мора да обезбеди стабилен набавувач за потребите на потомството...на 16 години...
Нема некоја врска со реалноста дека жените губеле привлечност поради оплодување ако губат тоа е поради мрза, денешниот начин на живот, генетика, психологија...најмалку поради оплодувањето. Или сите кои не биле оплодени се со топ изглед? :icon_lol:Свашта...
А можеби и поимот Milf не ти е познат...:icon_lol:

Иако навистина изгледа суров текстот, секојдневните примери ќе го потврдат.
Пред да коментирате, ве молам секогаш имајте во вид дека Вистината не е задолжена да се држи до нашите очекувања.
Забелешка: Нафрлани се различни согледувања, но после внимателно читање, тие навистина имаат директна врска со темава и текстот.
Напротив, секојдневните примери го побиваат ова што го нафрлаш.
Ouch......:(
Не ја видов големата В во Вистината....ah nevermind...
 
А

Антоние

Гостин
Каков новак ли е тој што навистина верува во ова !
Hello there

Дел од пристојноста на интернет е пред да почнеш да критикуваш нечие мислење, првин да се осигураш дека го сфаќаш тоа што го напишал авторот.
Во случајов, ти комплетно ја занемаруваш суштината на текстот, вадејќи една додавна реченица надвор од контекст.

"Интелектуалниот џагор" изваден од книги по биологија и воведна антропологија наведува да помислам дека ти воопшто немаш практично искуство со кое би допринесол на темата, а ова е воедно и најверојатно истата причина поради која неуспеваш да ме сфатиш.

Е сега, бидејќи немаш практично искуство на темава тоа го прави твојот начин на резонирање фаличен, и оттука го прави било кој твој донесен заклучок погрешен.

Меѓутоа, гледајќи дека си нов во виртуелното дискутирање, је мој доброчин учтиво да те упатам на правата патека по која би дискутирале и би дознавале нови вистини.

поздрав
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Останува фактот дека мнозинството од оние што се држат до мислењето „бившите треба да остана бивши...“ и слично срање, барем еднаш молеле бивш/а да се врати со нив.
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 17:03 ---
Иначе, и сум сакал да се вратам со бивша, исто и сум трпел молење да се вратат со мене. Почесто сум бил одбиван, и почесто одбивав соодветно.... the point being, зависи од ситуација.
 
Член од
13 септември 2011
Мислења
143
Поени од реакции
469
Здраво,
бидејќи тука се суди по тоа што е напишано, а не тоа што авторот го мислел, не те наоѓам вреден за дискутирање;
твојот напишан став е можеби почетнички. Не повеќе од тоа. Тоа што си го мислел (под услов да постои) останува твоја тајна.
Учтивоста сѐ цени. Јас сѐ уште го немам добиено твоето упатство,
за кое ќе бидам однапред благодарен, ако има било каква важност.
Поздрав.
1. Го бранат непостоечкиот потомок?
...2. колку што сфатив...
3.Тоа нема никаква врска со никаква биологија
...
4. бидејќи жената е плодна од влегување во пубертет,
...
5. Ниту е познато ниту е точно.
...
6. Како што напоменав, жената влегува во фертилен период на некои 12-14 години,
што значи дека се земе твојава теза како точна... физичко опаѓање после трудноча)
жената као мора да обезбеди стабилен набавувач за потребите на потомството...на 16 години...
7. Нема некоја врска со реалноста дека жените губеле привлечност поради оплодување
...
ако губат тоа е ... најмалку поради оплодувањето.
8. Или сите кои не биле оплодени се со топ изглед?
Иако имаш суштинско непознавање на работите (3), кои можеби погрешно ги сметам за општо познати (очекувам барем тој кој одговара, да знае што зборува),
се решив да го напишам ова, со добри намери. Ова ќе го направам точно еднаш, не повеќе.
Контрадикција е да кажам дека твојата логика од прв ред те изневерила (4, па 6), бидејќи доколку е така, ти ова не можеш сам да го разбереш, иако би ти било кажано. Затоа, ќе ја покажам твојата фаличност во логиката на останатите.
Во однос на (1), иако прашањето е така поставено да биде апсурдно (инцидентно, ова кажува многу за твојата логика), не треба да се има страв од апсурд;
одговорот е да. Да забележиме дека темата на која јас се фокусирав е одличниот за читање текст на Sussaro, останатиот дел од темата е никаков.
(5) - повторно, твојата логика го допира дното и нешто подолу. Бидејќи тебе не ти е познато, не е следствено неточно.
И на крај, како крај на комедијата, тврдиш 7 и повторно 8. (бидејќи оплодените губат привлечност, тие кои не се оплодени се „со топ изглед“).
Тоа е урнебесна комедија !
Мислам дека следново тврдење ќе те потсмири, а тоа е: секој човек ги наоѓа своите ограничувања (2) за ограничувања на светот (и на сите други).
Кога влегуваш во дебата, ти треба да имаш ставови, макар грешни; ти немаш никакви ставови. Да забележиме дека „не“ не формулира став.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.431
Поени од реакции
11.348
Не треба да се вратам бившите, затоа што ако навистина вределе немале да бидат бивши така? :)
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 01:35 ---
Не треба да се вратам бившите, затоа што ако навистина вределе немале да бидат бивши така? :)
да кажеме така :)
ама не си се запрашала некогаш можеби дека и некој твој бивш ова го мислел истото го пишал со што автоматски те прави тебе невредна м?
сакаш да ми кажеш дека секогаш тие биле кои нечинеле?
тука осеќам совршенство само уште да го видам и осетам ;)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Здраво,
бидејќи тука се суди по тоа што е напишано, а не тоа што авторот го мислел, не те наоѓам вреден за дискутирање;
твојот напишан став е можеби почетнички. Не повеќе од тоа. Тоа што си го мислел (под услов да постои) останува твоја тајна.
Учтивоста сѐ цени. Јас сѐ уште го немам добиено твоето упатство,
за кое ќе бидам однапред благодарен, ако има било каква важност.
Поздрав.

Иако имаш суштинско непознавање на работите (3), кои можеби погрешно ги сметам за општо познати (очекувам барем тој кој одговара, да знае што зборува),
се решив да го напишам ова, со добри намери. Ова ќе го направам точно еднаш, не повеќе.
Контрадикција е да кажам дека твојата логика од прв ред те изневерила (4, па 6), бидејќи доколку е така, ти ова не можеш сам да го разбереш, иако би ти било кажано. Затоа, ќе ја покажам твојата фаличност во логиката на останатите.
Во однос на (1), иако прашањето е така поставено да биде апсурдно (инцидентно, ова кажува многу за твојата логика), не треба да се има страв од апсурд;
одговорот е да. Да забележиме дека темата на која јас се фокусирав е одличниот за читање текст на Sussaro, останатиот дел од темата е никаков.
(5) - повторно, твојата логика го допира дното и нешто подолу. Бидејќи тебе не ти е познато, не е следствено неточно.
И на крај, како крај на комедијата, тврдиш 7 и повторно 8. (бидејќи оплодените губат привлечност, тие кои не се оплодени се „со топ изглед“).
Тоа е урнебесна комедија !
Мислам дека следново тврдење ќе те потсмири, а тоа е: секој човек ги наоѓа своите ограничувања (2) за ограничувања на светот (и на сите други).
Кога влегуваш во дебата, ти треба да имаш ставови, макар грешни; ти немаш никакви ставови. Да забележиме дека „не“ не формулира став.
Доктор Хипстер или Мистер Мозок...:icon_lol:

Многу врева, малку содржина. Нормално дека на твојата интелектуална инертност најмногу и одговараат теории за биолошка предодреденост. Лесно е. Готов производ и лесно се голта. Тоа што ти ги сметаш своите небулози за “општо познати“ а можеби и општо прифатени е твој проблем. А добронамерноста, лику форумски, чувај си ја за оние на кои им е потребна.
Мојот став е јасен а тоа е дека постапките на луѓето (постапките на жената/жените во случајот) најмалку се детерминирани од биолошко условување.

Што не ми е познато, дека сите суштества (!?) губеле привлечност после оплодувањето и демек заклучок жената мора да се обезбеди со домаќин пред да ја оплодат пошто после никој нема да се пали на неа? И тоа е аксиома некаква, која само заради тоа што тука ја постирал некаков си виртуелен лик треба да се земе at face value? Ти беше објаснето зошто се губи привлечноста (кај женките на хомо сапиенсот), ако тоа не можеш да го свариш...тоа си е повторно твој проблем.

Напротив, ти немаш никаков став, само нафрлено копи-пејстирање на некакви преџвакани мисли за наводна биолошка предодреденост на постапките на жената (!?) секако збогатено со употреба на “високо интелектуални“ изрази кои треба да дадат тежина на постот, а даваат само смрдеа на хипстеризам, ништо повеќе.
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Зошто треба или не треба да се вратат поранешните?
Треба, ако си виновен за раскинот. Ако си ја утнал работата, а го сакаш и вреди да се бориш. Ако може да ти прости и ако не можеш ниту да сакаш, ниту да се замислиш со друг. Ако знаеш дека нема да утнеш никогаш повеќе.
Не треба, ако сте раскинале поради тоа што не ви одело. Ако сте имале толкави разлики помеѓу вас, кои го ваделе најлошто од вас. Ако се надевате дека ќе се смени, а вистината е дека нема. На 25-30 години, возрасен човек, наравот не може да се смени, колку и да се труди. Можеби првата недела, месец или два, ќе биде ок, ама после се враќа се. Многу побрзо почнуваат да нервираат ситниците. Уште повеќе ако ви ветил дека ќе ги смени баш тие. Оти се изгубени уште неколку месеци надевање, а се пак ќе се врати на истото.
А па ич, ако помислите дека нема да најдете друг или го заслужувате баш тој. Има други, има подобри и полоши, финатата е кој можете да го сакате за ситници и на кој нема да му се нервирате за ситници. Ако попуштите и се смирите, ќе се окуражи дека не можете без него. Има можност да стане полош. Му давате моќ.
Никогаш од жал. Никогаш од осаменост. Никогаш бидејќи нема кој.
Имало зошто дошло крај. Истата причина ке се повтори.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
105
Поени од реакции
37
да кажеме така :)
ама не си се запрашала некогаш можеби дека и некој твој бивш ова го мислел истото го пишал со што автоматски те прави тебе невредна м?
сакаш да ми кажеш дека секогаш тие биле кои нечинеле?
тука осеќам совршенство само уште да го видам и осетам ;)
Mожеби сум совршенство од каде знаеш :) :P
Стојам на мојот искажан став... можеби и јас не сум вредела во очите на некој мој бивши дечко, имало ситуации каде што јас сум била таа што била повредена и обратно. Но, сепак.. ако требало да трае и се да биде во ред, нема да ни бидат бивши туку сегашни :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.431
Поени од реакции
11.348
Mожеби сум совршенство од каде знаеш :) :P
Стојам на мојот искажан став... можеби и јас не сум вредела во очите на некој мој бивши дечко, имало ситуации каде што јас сум била таа што била повредена и обратно. Но, сепак.. ако требало да трае и се да биде во ред, нема да ни бидат бивши туку сегашни :)
точно али ти како кажуваш испаѓа демек сите твои дечковци не биле ок додека ти идеалната :P
само сакам да кажам дека некогаш и до нас самите е и ете некогаш у иднина може да ни се врати некоја бивша љубов. или пак од ред други околности сте прекинале (одење у странство итн) и не ги прави тоа невредни демек :) ајт чао
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
105
Поени од реакции
37
точно али ти како кажуваш испаѓа демек сите твои дечковци не биле ок додека ти идеалната :P
само сакам да кажам дека некогаш и до нас самите е и ете некогаш у иднина може да ни се врати некоја бивша љубов. или пак од ред други околности сте прекинале (одење у странство итн) и не ги прави тоа невредни демек :) ајт чао
Бивша љубов се враќа исклучиво ако многу сте се сакале во минатото и љубовта сеуште трае во сегашноста., но одењето во странство не треба да прави прекин за една врска ако премногу ти значи таа личност ќе најдеш начин да комуницираш и да се бориш за неа иако си многу километри одалечен од саканата.. ајде поздрав! :)
 
Член од
16 јануари 2012
Мислења
11
Поени од реакции
2
pa valjda zatoa so se bivsi i deka da sakavme da bideme seuste so niv ne ke ni bile bivsi neli?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom