Шведска - Македонија [26:26]

Статус
Затворена за нови мислења.
Некои линкови за тоа што викаат странциве за лавовите?
 
Тоа е можевмо да земемо 2та бода ама на неколку пати кога трбаше да ја зголемиме разликата судијета ни исклучуваа играч а инаку задоволен сум од играта само не знам што му беше денеска на лазаров многу слабо изигра
 
Браво момци !

Одличен резултат иако мислам дека можевме да ги добиеме.

Според мене слаба игра на Кирчо. Тој како капитен треба да ја смити играта, а не толку да избрзува со удари. И треба малку посигурно да ги шутира седмерците.

Борко и Стојанче :cuc:
 
Мене ништо не ме нервира како шо ме нервират некој наши новинари кои сеуште се во „мало куре„ комплекс и се избацуват со вакви наслови „Бод како победа за Македонија„ никако неразбирам зошто бодот е како победа , БОД си е БОД и Македонија не се извлече на овој натпревар туку со побрза завршница можевме да победиме, што ќе рече колку што важи насловот за нас најмалку толку важи и за Швеѓаните. Искрено преку глава ми е од радување на трошки особено што знам и сигурен сум дека нашите момци секого можат да победат.
 
Абе ја претера и селекторот требаше барем малце да го клај Диви ко не фати борко топка
Сепак добро е БРАВО
Одиме на победа со Германците

Кире ама ич не се согласувам со тебе. Борко да не речам беше човек на мечот. Ако он не беше на гол, не знам баш дали ќе извлечевме нерешено.
 
Одлично за почеток!
Публика пред Ниш: Воа ке направме тоа ке направме.....
Публика во Ниш: Играјачте ги молаа за подршка срамота
 
Германија ќе ја тепаме ??? :pos::pos:
gtfo.png
 
МЕ РАЗОЧАРАА НАВИВАЧИВЕ... АБРЕ ЛУЃЕ СКОРО БЕШЕ ПОЛНА САЛАТА ОД МАКЕДОНСКИ НАВИВАЧИ ТРЕБА ДА ГОРИИИИИИИИИИИ ТАА САЛА СО ТОЛКУ НАВИВАЧИ. ДЕФИНИТИВНО МЕ РАЗОЧАРАА
 
Лазаров Лазаров ама на -3 сите беа скриени во глувчја дупка, не него се бесеа како мајмуни ама тој пак наоѓаше место да шутне, и што е најбитно имаше асистенции, така и дојдоа оние голови на Столе.Очигледно дека Мојсовски и Кире ги имаа проучено максимално, среќа што го имавме расположен Аљушот и Миркуловски кој изнуди 3,4 пенали.

п.с Луѓе го видовте ли Темелков бе, 2 пати ја фати топката цел натпревар, ама го даде тој решавачкиот да му еб*м.:pos:
 
Можевме да победиме, ама и нерешено не е крај на светот.
Не е фер да се плука овој беше најдобар, онај беше најлош, секој играч има придонес, ракометот е тимска игра, верувам дека момците ќе дадат се од себе во следните 2 натпревари
Публиката - , аманннннн кога водиме сите урлаат, пеат, се дерат,кога им треба поддршка кога резултатот е во тесно, нив никаде ги немаше,,, верувам дека има и такви кои таму отишле колку да кажат ‘‘ете бев ‘‘ демек фан,а во животов погледнале помалку од 2 натпревари во ракомет, но се надевам дека и публиката ќе го даде својот максимум ;)

Игорче - ми недостасуваа неговите ‘‘гафови‘‘, натпревар не е натпревар без легендата Игорче и без неговиот полузарипнат глас пред крајот на утакмица:vozbud:

П.С..Петиција до Сител,,Игорче за КОМЕНТАТОР
 
Абе ја претера и селекторот требаше барем малце да го клај Диви ко не фати борко топка
Сепак добро е БРАВО
Одиме на победа со Германците
И гроб му праевте, ама неможете без вашиот Диви. Мала шала Кирца, не се нервирај. Диви е квалитетен голман, требаше да добие шанса денеска. :)
 
Ја сум задоволен од бодов. Од една Шведска губевме 3-4 разлика на крај и се изборивме за бод. А : судиите не ебеа ненормално; оној-што го-ставила-Рокенрола-на-аватар немаше свој ден; голманите исто; одбраната слабo; со играч повеќе примавме голови а обратно со играч повеќе во критични моменти не користевме (и по 2 напади по ред), зицери, и пенали...и то. Да се надеваме дека Кире ќе се разбуди на некоја од наредниве и да тепаме барем една.
Што е ова прво кошарка сега и ракомет...
Напред Македонија :vozbud:
 
Сите викаме дека требаше да победиме ама заборавате дека губевме на 7 мин. пред крај?Дека претпоследниот напад на Шведска завши во пречката?Треба да сме задоволни и со нерешено.
--- надополнето: 15 јануари 2012 во 21:55 ---
Зошто не може натпревариве порано да се играат?Сега сум полн со емоции од натпреваров нема да можам да спијам до утре сабајле.Вака беше со кошарката ...
 
оф мори мајко... сега неможеме да кењаме против играчите и ќе кењаме против публиката !?

За навивање без навивачка група, со многу деца и постари у публика навивањето беше ОДЛИЧНО !!! Воопшто не им замерам на нив. Им замерам само на оние кои се у млади години а ќутеле, ако има такви.

Ама крајно глупо е да серете против публиката, сите ни се восхитуваат ние самите себеси се понижуваме... Срамота !!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom