Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
За Божиќ немавме струја 5 сати.
Пред и по Божиќ снемуваше струја од 15 минути до сат, сатипол. Не знам дали е во прашање застареноста на опремата, недостаток на искосен кадар, преоптовареност на системот.... али струја немав 5 сати и тоа од кај еден ипол попладне па скоро до 7 вечер. Јас ги живеев и рестрикциите на струја во СФРЈ кога плански се исклучуваа цели региони по неколку сати, и мислам дека не треба да се врзиш само за еден начин на греење без да имаш алтернатива. Што ќе биди в година, што ќе биде ако испадне поголем дефект во системот па останеш и 2 дена без струја?? Јас сум за комбинација камин и систем на клима/инвертер.
Потполно се согласувам со тебе и на сите ја препорачувам оваа комбинација. Во сегашни услови тоа е најдобро решение.
 
Сам себе, без потреба, се навредуваш со вакви тврдења. Инверторот не е техничко усовршување со кој климата ќе грее на пониски надворешни температури или со поголема топлотна моќ, туку уред со кој се овозможува рамномерна работа. Климите со инвертор не се исклучуваат кога ќе ја постигнат саканата температура, туку со промена на бројот на вртежи на моторот на компресорот ја намалуваат моќта.
Тоа што некој мисли или чувствува ова или она, е сосема друга работа.

:tapp:

Што се не трпи форумов..
 
станвам сабајле и што ке видам. во дворот пингвинте на ред чекаат за топол чај. прилично ладничко ми се виде, на кабловска гледам -17.
images
 
Кога би ставал Инвертер клими би ставил 3 или 4 клими и тоа 2 од 12000 бту за дневниот простор и по една во останатите две соби да речеме и таму двете да бидат по 12000 бту. Макар што за во најмалата соба би било доволно и 9-10000 бту клима уред.
Целата таа инвестиција би ме коштала 2700 еур со се монтажа од ХИДРО СЕТ (климите се Fujitsu 670 еур една со вклучена монтажа) за 4 клими верувам дека ке добијам и попуст...

Секоја од нив во спецификацијата вели дека троши максимум 900W и е со COP од 4,04 или вкупно кога сите би работеле 3.6Kw на час.
Кога истите би биле уклучени постојано ефективно да би работеле 17 часа дневно тоа би било 60Kw дневно или 1800Kw месечно
Кога веќе планираш да ставаш 3-4 инвертора, зошто не ги земеш во предвид мулти-сплит инверторите, со една надворешна единица и повеќе внатрешни. И фуџитсу и тошиба имаат такви модели, распрашај се. Или централен систем со топлинска пумпа, мислам дека имаше едно такво искуство, само не се сеќавам дали некаде порано на овој форум или на некој друг форум на ваква тема. Погуглај ќе го најдеш.
...и да ти предочам дека ниеден инвертор нема да работи со 800 вати на час. тоа се податоци на мерења направени кога инверторот одржува темпратура а не кога грее. тоа е исто како и последниве реклами за незнам која кола, дека троши 3,4 литри нафта на 100 испитувања направени во идеални услови, без никакви препреки и возење цело време без престан (немање семафори, гужви и слично) и тоа со 60 км на час под дефолт со топ исправно гориво... е сега сето тоа преточи го вофактороите на работење на климите и ке сватиш дека нема теоретски шанси да биде таа снага....
За ова не си во право. Инверторот при вклучување (ова го кажувам од конкретно искуство со мојот 3,5, ама не би требало да е многу различно и кај другите) работи со максимална сила 1,4 киловати и тогаш дува не топол, туку врел воздух. Меѓутоа така работи само првите десетина минути. После преоѓа во режим на 900-950 вати, а кога ќе ја постигне бараната температура, за одржување на истата троши околу 400 вати и во тој режим работи поголемиот дел од денот.
Во последниве две недели, поради празниците, се вртевме по цел ден дома и инвертерот дуваше нонстоп. Дневната потрошувачка се движеше од 6-8 киловати, вклучување 6-7 сабајле, исклучување после 22-23ч. Па ти сега пресметај колку троши просечно на час...
-климата дува и е бучна и секако цело време имаш мини “промаја“ на воздухот
И за ова неможам да се сложам. При греење има многу помала промаја отколку при ладење и воопшто не се приметува, освен ако не седиш баш под климата. А и буката е неприметна, особено дење ако има луѓе или работи телевизор или радио, нема шанси да ја слушнеш, фрижидерот кога работи е погласен. Можеби друга работа е ноќе, за спиење ако се користи, ама за тоа не можам да кажам, бидејќи во дневна е ставена, спалната со друго се грее.
значи, тука ке прекинам више да зборам за кано системите, затоа што не сакам да бидам баниран, и како што реков, изјавете желба соберете се неколку заинтересирани и ке направам една презентација кај мене у офис... мој контакт имате на нашиот веб сајт,
Спецификации и технички карактеристики повеќе пати ти бараа членови на форумов, и стално не ги објавуваш со истиот изговор. Зошто барем на сајтот не ги објавиш, гледаш дека се барани ;)
 
...а бе не ми е јасно што тука се препукувате ко последни пацери....играат три-чртири елемента: степен на искористување на енергенсот, волуменот и коефициент на термичка пропустливост на просторот, , цена на енергенсот сведена на KW...................
Се друго е само релација на овие три елемента + договорента величина наречена амортизација на опремата...:)
..најнормално дека греење со УКРАДЕНИ дрва е најефтино дури и во двор, ако ги горите...:)..а дека струјата за која: копате јаглен, го горите,арчите турбини и генератори, ја пренесувате на растојание со загуба.....за да на крај ја петворите во ТОПЛИНА е најскапа....па незнам какви сметки да праите , ако сите трошоци до ниво на топла соба РЕАЛНО ги наредите и соберете... :)
 
.
..најнормално дека греење со УКРАДЕНИ дрва е најефтино дури и во двор, ако ги горите...:).. :)
Не сме во можност сите да грееме со „ украдени “ дрва. Секој не го бива за крадење, плус за тоа казнуваат.
 
За ова не си во право. Инверторот при вклучување (ова го кажувам од конкретно искуство со мојот 3,5, ама не би требало да е многу различно и кај другите) работи со максимална сила 1,4 киловати и тогаш дува не топол, туку врел воздух. Меѓутоа така работи само првите десетина минути. После преоѓа во режим на 900-950 вати, а кога ќе ја постигне бараната температура, за одржување на истата троши околу 400 вати и во тој режим работи поголемиот дел од денот.
Во последниве две недели, поради празниците, се вртевме по цел ден дома и инвертерот дуваше нонстоп. Дневната потрошувачка се движеше од 6-8 киловати, вклучување 6-7 сабајле, исклучување после 22-23ч. Па ти сега пресметај колку троши просечно на час...
И за ова неможам да се сложам. При греење има многу помала промаја отколку при ладење и воопшто не се приметува, освен ако не седиш баш под климата. А и буката е неприметна, особено дење ако има луѓе или работи телевизор или радио, нема шанси да ја слушнеш, фрижидерот кога работи е погласен. Можеби друга работа е ноќе, за спиење ако се користи, ама за тоа не можам да кажам, бидејќи во дневна е ставена, спалната со друго се грее.Спецификации и технички карактеристики повеќе пати ти бараа членови на форумов, и стално не ги објавуваш со истиот изговор. Зошто барем на сајтот не ги објавиш, гледаш дека се барани ;)
пријателе, ти збориш од искуство кај тебе... патем речено како го измери моментот дека работел со 400 вати? ај не е битно тоа, нај битно е дека збориш за кај себе дома и вадиш просек од еде стан и евентуално искуството на “комшијата“ или можеби некој “пријател“.... друже, не заборавај дека сум термичар и малку повеке ги знам проблематиките отколку што ти имаш искуство со 2-3 клими... јас имам бааги повеке клими низ раце пројдено...

понатака за прашањето зашто не давам податоци поготово не на форум, а уште помалку на сајтот... ако си го прочитал убаво сајтот наш, сигурно на неколку места ја имаш прочитано фразата: СИСТЕМОТ НЕ Е СО ФИКСНА СНАГА И Е СО ВАРИЈАЦИИ ОД ОБЈЕКТ ДО ОБЈЕКТ, т.е. за секого е различно... и сега како и зашто да дадам податоци на сајт или форум... едноставно не постои генерализирање на податоци за сите исто... јас не продавам клими со фиксни снаги... снагите се штеловаат на објект на лице место...
 
Следнава ноќ, се очекуваат ниски температури, кои можеби оваа сезона нема да се повторат
Вистински момент да извршите проба дали Вашата клима вечерва ќе работи на вакви екстремно ниски температури.
Исчистете го филтерот на внатрешната единица, подесете на греење со најсилно дување, поставете 26 степени и после 22 часот пуштете ја климата да работи цела ноќ.
Оваа проба ќе Ве чини помалку од 10 KWh потрошена електрична енергија.
 
Следнава ноќ, се очекуваат ниски температури, кои можеби оваа сезона нема да се повторат
Вистински момент да извршите проба дали Вашата клима вечерва ќе работи на вакви екстремно ниски температури.
Исчистете го филтерот на внатрешната единица, подесете на греење со најсилно дување, поставете 26 степени и после 22 часот пуштете ја климата да работи цела ноќ.
Оваа проба ќе Ве чини помалку од 10 KWh потрошена електрична енергија.
да да... дефинитивно ке биде добар тест... потенцијални рекордери за нај ниска температура, се прогнозираат да бидат битола, прилеп, крушево, и виница, каде ке иде темпратурата и под -20... за скопје се спомиња -15 и подоле.. за скопје јас ке ви кажам колку било нај ладно... имам мерачи на сите страни... и офис и магацина и работилница и дома...
 
понатака за прашањето зашто не давам податоци поготово не на форум, а уште помалку на сајтот... ако си го прочитал убаво сајтот наш, сигурно на неколку места ја имаш прочитано фразата: СИСТЕМОТ НЕ Е СО ФИКСНА СНАГА И Е СО ВАРИЈАЦИИ ОД ОБЈЕКТ ДО ОБЈЕКТ, т.е. за секого е различно... и сега како и зашто да дадам податоци на сајт или форум... едноставно не постои генерализирање на податоци за сите исто... јас не продавам клими со фиксни снаги... снагите се штеловаат на објект на лице место...

Skepar даде многу добро објаснување на просторот во кој ќе живее,

"Пример просторот во кој ќе живеам откако ке се преселам е околу 100 м2 имам отворена дневна+трпезарија+кујна во форма на Г со површина од 40м2, останатите соби се една спална 20м2 и една децка соба 10м2 и две купатила+салон околу 30м2. Имам двојна изолација сендвич зидови + демит фасада со 5цм стиропор. Додека дограмата ми е дрвена Леснина словенска со термопан стакла.
Дневниот простор е Југо-Исток , спалната е Југ едното купатило и децката соба се на Запад додека на север немам ништо или на север е практично само надворешниот салон во куќата."

Никој не прашува колку пари ќе чини системот, нити колку пари ќе троши месечно корисникот, туку техничка карактеристика за потрошувачката на системот. Ако си термичар тогаш нема да ти биде проблем за овој простор да кажеш колку kW инсталирана снага се потребни и колку системот би трошел при 7 оС надворешна температура. Сите уреди кои работат на принцип на топлинска пумпа инвертер имаат потрошувачка зависна од оптоварувањето (надворешна температура, посакувана внатрешна температура, јачина на дување на вентилатор, итн..) но сите производители даваат COP, EER или ESEER фактор при одредена температура и/или крива на потрошувачка при различни надворешни температури. Се развива стварно интересна дискусија и добро би било и оваа "енигма" за факторот на искористување на Кано системот да се открие. Секој кој би сакал да инвестира во нов систем или да направи споредба меѓу два типа на системи би му бил потребен овој податок и тој не би требало да биде никаква тајна.
 
Да ли некој од вас има котли базирани на електрочиза или пак што мислите за ваков вид на котли?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom