"Бесплатен" одмор од туристичките агенции

  • Креатор на темата Креатор на темата Linux
  • Време на започнување Време на започнување
ТИ си еден од среќниците, кои добија можност да користат ПЛАТЕНО СМЕСТУВАЊЕ во ХОТЕЛ 4* во Банско!! И тоа само затоа што Вашиот пријател од FB играше кај нас.
Убаво си прочита! Да Да!

Не се збунувај, сега ќе ти објаснам!

На Facebook игрите поставени од Јупитер Македонија,твојот пријател те препорача за наградното барабанче во кое тој учествувал за да добие повеќе обиди за вртење. Нашата апликација системски избира 5 негови пријатели кои ги наградува со привезоци, шољи за чај и маици за да и они учествуваат во играта.
Но, ТИ не мораш да вртиш како него,ТИ одиш директно на зимовање :)…Честиткииии!
**Наградата е дел од ПРОМОТИВНИТЕ викенди за нашатa нова програма“WINTER BREAK -BANSKO” и вклучува платено сместување 4 дена во хотел со 4* во БАНСКО
Вака сега:
Терминот за патувањето е 19.01-22.01.2012год.- 4 дена лудории во најдобриот зимски центар во Бугарија.
Бидејќи сум сигурна дека сакаш да ја искористиш наградата, во повратна порака , можеш да ми го испратиш твојот телефонски број за да можам подетално да ти објаснам како да ја искористиш оваа награда и бенефициите што следуваат со неа.

Имај најубав ден, се слушаме.

Поздрав


Ана Марија Алексова
тел.02 520 19 69
моб.077 527 693
Оддел за наградни игри
Туристичка агенција Јупитер

Фала ти Марија, јас сум запрепастен!
 
И јас добив награда за во Банско и тоа на фејсбук ми пишаа.
Јас бев љубезна и ги замолив да ме поштедат од спам
 
Исто и јас добив понуда за во Банско.. Има некој што ќе оди сигурно ? :-)
 
Може им даваат на некои жени беспари да одат бидејќи обично не одат мн. жени на вакви работи (иако Јупитер користат лажен маркетинг за да ве натераат да мислите дека одат..)
 
Само што ми стигна во инбокс ова знае некој што е? Чисто сумњам дека е награда некоја ама сепак да прашам да не знае некој пред да ги отерам у пм.Или е заебанција или е од оние наградите каде ти плаќаат сместување а ти патот си го плаќаш :pos:


Конечно....MTV OFFICIAL SPRING BREAK 2012-PAG од сега и за Македонија!

Дали знаеш дека ТИ си еден од среќниците, кои добија можност да користат ПЛАТЕНО СМЕСТУВАЊЕ во ПРИВАТНИ АПАРТМАНИ на островот ПАГ во ХРВАТСКА?!

И тоа само затоа што Вашиот пријател од FB играше кај нас.

Убаво си прочита! Да Да!

Не се збунувај, сега ќе ти објаснам!

На Facebook игрите поставени од Јупитер Македонија,твојот пријател те препорача за наградното барабанче во кое тој учествувал за да добие повеќе обиди за вртење. Нашата апликација системски избира 5 негови пријатели кои ги наградува со привезоци, шољи за чај и маици за да и они учествуваат во играта.

Но, ТИ не мораш да вртиш како него,ТИ одиш директно на PAG …Честиткииии!

**Наградата е дел од ПРОМОТИВНИТЕ викенди за нашатa нова програма “MTV SPRING BREAK -PAG 2012” и вклучува платено сместување 5 дена во приватни апартмани

Вака сега:

Терминот за патувањето е 27.04.-01.05.2012год.- 5 дена незаборавна забава на фамозниот MTV SPRING BREAK PAG 2012

Бидејќи сум сигурна дека сакаш да ја искористиш наградата, во повратна порака на оваа е-маил адреса, можеш да ми го испратиш твојот телефонски број за да можам подетално да ти објаснам како да ја искористиш оваа награда и бенефициите што следуваат со неа.

Имај најубав ден, се слушаме.

Поздрав

Оддел за наградни игри
Туристичка агенција Јупитер

т.ц. Беверли Хилс 1 кат лок 43
1000, Скопје Македонија

Тања Зотиќ

Тел: 02 5201 969
Моб: 077 757 783
е-Маил: tanja.zotik@jupiter.mk
 
Само што ми стигна во инбокс ова срање, знае некој што е? Чисто сумњам дека е награда некоја мора да е некоја заебанција ама сепак да прашам да не знае некој пред да ги отерам у пм


ne e zajbancija stvarno postoi agencijata i mene mi stigna vakov email no za praga...edinstveno treba da si go platis prevozot koj sto oni go organiziraat nekoj taksi od po 3*33evra i toa bi bilo toa nekoj 110=120 evra ke imas troskovi javi se informiraj se :))
 
На другар вакво му дојде за Банско, seems legit.
 
Распитај се кај ќе те сместат ако е вистина, да не спиеш во шатор после у Хр. :D
 
Ќе си го платиш патот и ќе те остават таму на улица ако немаш пари за престој :icon_lol:, ти само отиди таму за враќање после ќе му ја мислиш :icon_lol:.
 
маркетинг трик....ти наплаќаат САМО превоз, а сместување бесплатно...но доколку отидете во агенцијата и прашате за ист таков аранжман....ќе видите дека ќе ви датат иста цена за превоз + спиење без никакви наградни игри
 
маркетинг трик....ти наплаќаат САМО превоз, а сместување бесплатно...но доколку отидете во агенцијата и прашате за ист таков аранжман....ќе видите дека ќе ви датат иста цена за превоз + спиење без никакви наградни игри

Не верувам иста да биде ама сепак мислам дека нема да ми се фати баш гратис сместувањето таму.Си имаат смислено тие, и пак накај 30-40% минимум поскапо ке ми се фати патувањето или нешто ке смислат за таму па ке си извадат добар дел од парите ако не сите.Вреди да се проба ама сепак не ми беше во плановите ова сега така да ке си пропадне "наградата" :pos:
 
Агенција Јупитер за кејф на лајковите што ги има на фејсбук дава гратис одмори надвор од Македонија...
Е стварно seems legit.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom