"Бесплатен" одмор од туристичките агенции

  • Креатор на темата Креатор на темата Linux
  • Време на започнување Време на започнување
Откажавме една резервација со јупитер пред извесно време затоа што не ги почитуваа договорените услови и не сакаа да ни ги вратат уплатените пари неколку месеци. Најдовме адвокат ги тужевме и ни ги вратија и парите и плус платија судски трошоци. Да си ќутевме ќе си останевме со прст у уста. Не сакам ни да ги прочитам више а не па да одам некаде со нив.
 
кој ти дава бесплатен одмор алооооо нека не ве прават глупи и будали
 
Да ве прашам..дали има некој патувано и добиено гратис 6 ноќевања во Крф преку Јупитер агенцијата? И дали се коректни како агенција..зошто прочитав многу позитивни ама и негативни критики, па би сакала некој што го искусил тоа да ми каже? Фала однапред !
Мене ме контактираа денес дека сум добил гага одмор на ипсос плус 3-5 мои пријатели кои си го плаќаат само патот. Гага и јас не одиме некако во иста реченица, па решив да се обратам кај пријатели во Фибула да ми објаснат што е целава работа со Јупитер кои освен еден мобилен од Јасмина која ми се јави, нема никакво друго инфо. Останува да видиме :icon_mrgr:
 
Мене ме контактираа денес дека сум добил гага одмор на ипсос плус 3-5 мои пријатели кои си го плаќаат само патот. Гага и јас не одиме некако во иста реченица, па решив да се обратам кај пријатели во Фибула да ми објаснат што е целава работа со Јупитер кои освен еден мобилен од Јасмина која ми се јави, нема никакво друго инфо. Останува да видиме :icon_mrgr:

и јас го имам истото ми се падна исто ко тебе на истиот остров и тоа со пријателите истата понудај ја имаме значи ...
Ама праев муабет со две девојки од таму со работат и некако не ми се сигурни некако се изгубени прво едната ми се јавува па другата и ми вртат некои филмови па втората ме прашува што те праша првата што ти објасни .... има нешто несигурно тука
 
не коментирам повеќе...ама ништо во денешниот свет не е бесплатно. Има некоја финта а што е само тој што ќе отиде ќе дознае :)
 
Последен пат есеноска ми се јавија, баш на неколку дена пред да заминам низ Европа на пат и ми нудат сити-брејк во Прага. А мене веќе резервиран хотелот во Прага и картите купени за пат...
И ја оставив госпожата да ми ја испофали понудата едно печес минути и на крај ја прашувам, а за кој датум тоа ми нудите... епа тој и тој. Е жалам, и’ викам, ама на тој датум јас веќе секако ќе бидам Прага, така да не ми треба вашата понуда... и заќути на неколку секунди.
По некое време ете ја, ааа епа добро ко така, тогаш убаво поминете си, а за наредни понуди ко ќе има да ве побараме?
Да, слободно барајте ме (т.е. немој да сте се јавиле, оти ви ибав мамата).
Па за среќа уште еднаш оттогаш не се јавија. Давежи невидени се.
Иста случка беше и летото. Ми нудат за Крф понуда, а мене баш за таму резервиран и хотел и зелен картон изваден, траекти испланирано се’... Се прашував напати, да не ми го прислушкуваат телефонот па да знаат шо планирам. :D

И им ја иба мамата кога ти се јавија за Крф?
И не ми е јасно зошто си им рекол слободно да те бараат, а си го напиѓал она во заградана.
 
И им ја иба мамата кога ти се јавија за Крф?
И не ми е јасно зошто си им рекол слободно да те бараат, а си го напиѓал она во заградана.
Затоа што културата не ми дозволува да им се распичкарам. Simple as that.
 
И мене ми се јавија пред некој саат дека сум добитник на 7 дневнен одмор во Крф. Решив да изгуглам прво и 90% прочитав негативни коментари. Веројатно нема да идам зашто имам некои други планови. Поефтино и поубаво ќе си поминам во Црна Гора. :)
Инаку пред неколку години имам добиено БЕСПЛАТНО патување за во Бугарија преку едно детско списание Наш Свет се викаше (може има некои што го памтат:)) И тогаш све буквално све беше бесплатно. И превоз, сместување, јадење, во хотел со 5 ѕвезди, дури и имав алка за возење на се што сакам во тој паркот. (Софијаленд) Значи парите ги трошев само за мои потреби, облека, сувенири и сл. Ама не ми текнува со која агенција одев.. одамна беше тоа. :)
 
Стара финта е ова со покани демек вие сте "одбрани". Мора претходно да се плати голема сума на пари и плус превозот сам си го плаќаш до местото...
 
Агенција Пет преку Драган Вучиќ квизот за турски серии дели доста бепслатни патувања. Кога бев на Крф негде од 26јуни-6јули имаше една пола автобус што се безпари дојдени, другата половина беа last minute и некои 2-3ца узбутани си платиле по 210евра :D
 
и мене денес ми се јавија :)
ги видовте апартманите крш дрвени кревети ....ах ах ама сликите на нивната страна од тие што биле со забавите се ок
сепак ова се понуди за помлади, друштво, ја со дете....сигурно не би се вклопила таму
има некој идено од форумот....

а не е бесплатно превозот ти е дупло тракт 20 евра по човек, па траект е 3 евра .....се си плаќаш тоа се апртманчиња кој што ретко кој иде
 
Оние Јупитер спамираат уште?
Незнам дали спамираат ама затоа денес ја прочитав следнава вест?

Заглавените туристи од Истанбул ги добија пасошите и се враќаат во Македонија


Дванаесет часа траеше неизвесноста на повеќе од 400 македонски туристи кои денеска останаа повеќе од планираното во Истанбул, Турција. Пасошите им биле вратени, туристичката агенција најверојатно го платила долгот од околу 14.000 евра за сместувањето во хотелите и тие се на пат за дома.Организатор на оваа првомајска тура беше туристичката агенција „Јупитер“.
Извор
 
Легендарна тема еј :D
И јас сум имал искуство со вакви бесплатни патувања, и за среќа не сум поминал многу лошо кога споредувам искуства на други луѓе. Баш тој период коа беа најјактивни Јупитер, и тоа мислам пред да почнат дубари да праат, имаше на фб да се пријавиш нешто за бесплатен одмор отпосле сфатив дека од Јупитер било, и гледам ми се јавуваат, ова беше август втора половина 2013, и ми викаат извлечени сте на наградната игра блабла бесплатен одмор, ако сум викнел од 2 до 6 луѓе мене се ми е бесплатно, а тие плаќаат само патот нешто така. И сега стварно ова се деси, само неколку детаљи да напоменам:
- искочи на наградна игра сме извлечени сите патници, а и уште толку биле извлечени а што не дошле
- бевте сместени во Ипсос, Крф ако некој бил таму ќе знае за што крш место зборам
- смештајот беше со поглед во трски во мочуриште, на дваесет минути од плажа, на излез на градот, пола соби немаа тераса, ние бевме на вториот кат па среќа гледавме во врвот на трските и малце смрдеше, тие под нас гледаа баш во трските и жаби им скокаа.
- сфатив дека уствари профитот си правеа со продажба на некој алки што чинеа 30 евра и со нив имаше некој мочани попусти од 5% во таверни, дискотеки не знам што, откако не земав нормално такво нешто не им падна убаво веројатно мислеле дека сите ќе сакаат тоа да земат, па пробаа да убедуваат уште малку, секако не успеаа да си продадат алките.

Стануваше збор за 7 ноќевања и ако не се лажам терминот од 23ти август. Значи мене стварно ми беше бесплатно, крш ама бесплатно, жал ми е за сите други што биле измамени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom