Клише реченици кои сите ги мразиме

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Уште колку испити имаш?
Еее, сега ми фалит ова прашање едно месец дена :D

Ама па тука се ваквите прашања:
Ми се десило неколку пати истиов муабет, сега последно за св. Никола кога бевме кај еден другар на слава и баба му не начека на одење:
- Ај до година со невести (на дијалект доаѓаше: со неести) да идате.
- А бабо Благуна, за тоа рано ни е.
- Епа ај до година со девојки ко така...
- А бабо Благуна, за тоа пак касно ни е сега.

:tapp:

СТАРЦИ ПИП'Л!
Следува :
Каде за Водици/оган за Василица?Ќе се начукаме уште од сабајле, брааат!
Локално:
Кај да се најме?Ај кај Охридска во --:--.
Зошто?
- З'ш така!
Абе не продолжвиш Парк / Еспана одовде, не ти е рано да си бегаш?
Ма да ти го закачам в уста ко Кили, немој да ме јебеш!
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.572
Поени од реакции
6.701
Добредојдовте во нова емисија на легендата Жаре Берберот.

Шала на страна :

Остај тоа цигарите! (обично од луге кој абсолутно не се грижат за своето здравје)
 
S

Stivie G

Гостин
НЕ МЕ ЗАМАРИ
Од недостиг на други зборови многумина овој израз го користат
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Повеќе е навика отколку реченица меѓутоа чудно е и иритира кога ќе се сретнеш со некој а не си се видел подолго време муабетот е стандарден.
Еј како си бе брат шо правиш.... АРЕН ( и сите стандард одговарат)
Еве бе ништо арен сум ти шо праваиш ???
Која е целта подобро нешто поиновативно да измислиме
 
Член од
10 декември 2011
Мислења
16
Поени од реакции
5
2. (на свадба од страна на бабите) "Ти си следен! :):):)"
Ако си ладнокрвен можеш на некој погреб hardcore да и вратиш: " Ти си следна! " (секако доста нечовечки е)

инаку он топик:
Епа ај и не! - И добро сеа фраер си? -.-
Никогаш нема да најдеш некоја како мене! - Ова обично по раскинување и и' велам That's the point!
Ај не замарај!
Кај си бе пеер?


Моментално ова ми текна..
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Кога ќе ми рече некој “Надежта последна умира„ ми иде да му ја лупнам една, троа посилно. Се осеќам ко идиот шо го тапшаат по рамо и меѓу редови му викаат, ахам, надевај си се ти.
И „Не се нервирај“, ко шо рече Крејзи ин лав, а ти сакаш покољ да напраиш од нервоза. Иако ијам навика и ја да го кажувам ова, јез да секогаш се трудам после ова да наведам причини зошто личноста не треба да се нервира. Логички причини, а не „губиш на лепота“.
Или окако ќе разберат дека студирам психологија: “Ај анализирај ме мене“ Ајдееееее, :vozbud: пошо тоа не учат на факултет, да анализираме рандом личности!!!

Aх да, и текстот на Адел „Never mind, I'll find someone like you“ .
Nope, nope, nope. Not even in a freaking million years, you'll never ever find person like that! NO!
И кога ќе го видам тоа да фејсбук у некој статус, ми иде
 
B

Borg_Drone

Гостин
„Ќе биде, мора да ја биде“ - рече тој и овој си помисли:„Ако одјебеш само тогаш ќе ја биде“.
Па дај бе човече, ова веќе секојдневие ми стана.Секој ден го слушам ова од луѓето.Мислам дали ќе биде или нема да ја биде тебе ич кур да не те боли!Може!
Друго, ако сум кажал дека сум на работа па после на факултет (како пример еве го посочувам тоа не мора да е тоа, има и други работи), не ми требаат вакви реченици колку да се пројде редот или пак индиректно „кој те ебе ме боли кур“.Замолчи да те ебам.
Вулгарен коментар, ама колку ме нервира ова кога ќе го чујам ова што го напишав горе од некого абе ми оди да излезам од кожа и да го плукнам и да р'ѓоса.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Дефинитивно:
- "Те нема, те нема па ќе се изгубиш"
- "Жив си?"
- "Кафе-мафе"
- "Важи ќе те барам деновиве"
- "Кај си, се изгуби"
Гарант има уште многу, само не ми текнува сега
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Ќе ти ги префрлам парите до 5ти.
Да продајме стан сеа, имат заинтересирани и одма добиваш.
Ало.. добар ден Господине од банка ви се јавуваме.....- ова последново најмногу го мразам
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
1. ПЕЕР - Најглупаво нешто, незнам кога некој ќе ми сврзе реченица со ова ми доаѓа да се убијам.
2. ЗНАЧИ - Кога некој одговара на час и секој втор збор му е Значи, значи, значи .......... Значи. НЕ ЗНАЧИ !
^ Е овие на живци ми одат

+ прашањето Како во школо? - стандард прашање на роднините и старите пријатели. Зошто мислат дека ми се збори за школо -.-
Со здравје да си го носиш - уфф реченицава е нешто што од секогаш ме нервирало. Ако ти се свиѓа искоментирај ми, ако не не ми викај ништо, ама стварно не можам да ја сватам реченицава, ептен ми е глупа.
Кај си бе? - а пред него/неа стојам. И што треба сега јас да одговорам? -.-
Еј си се шишала/фарбала? - не бе не косата преку ноќ ми смени боја и ми стана пократка
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.054
Поени од реакции
24.887
Еве неколку, не дека и јас некогаш не ги користам значи и за мене исто си важи

-Кога бев мал оваа ми беше хит-Расте курето? (прашај ја ќерка ти, пизда ти матер)
-Денот по утрото се познава-Оваа сигурно потекнува од РХМЗ, само они можат да ме испосерат да тргнам накај Матка во сончевото сабајле, и таман да седнам во Мечкина Дупка на пијалок пред прошетка да се истури од дожд.
-Кој рано рани, две среќи граби-рекоа единствено и само бурекџиите. И да ги прашам јас мнозинството од јунаците што ја користат оваа узречица дали во сабота и недела стануваат во 6.
-Како е? Ај замислете го ова на англиски How is it?
-На коњ сум. Ај и ова замислете го на англиски I'm on horse. Има смисла само ако си еден од фаците во Треинспотинг или ако си од бандата Франко Неро, Били Д Кид, Сирма Војвода, Бан Јелачич енд ласт бат нот лист идолот на Дандар Паша Форумски-Ѓорѓија Кастриот Скендербег.
-Немој да генерализираш/не треба да се генерализира. Секако дека не треба, во НБА најдобрите играчи се Узбекистанци, Црногорците прво ја изградиле Јапонија каква што сега ја знаеме, Албанците се експерти за пополнување на ПеПе10 образци и за персонални даноци, жените уопште не прават злобни сплеткарошии (поздрав Леандра :) а Техеран се гордее со своите прочуени стриптиз барови.
-Не иде вино со салата, црни пантолони со зелена кошула, кафе со млеко (му се губел вкусот) итн... Баш ви благодарам на препораката господа Џан Франко Фере и Џејми Оливер, а сега макнете ми се скурца да си се облечам и јадам како што ми е ќејф.
-Да го поздравиш татко ти. Биди сигурен дека тоа ќе ми биде најважната работа за памтење и обавување денес.
-Триста људи, триста чуди. Океј до некаде ќе се сложам. Ама ако во соба со триста луѓе фрлам граната да видам дали ќе ми се избаци некој Бруно Марс или сите ко пилци ќе испобегаат.
-Тоа што нема да ве убие ќе ве направи посилен (Меган убаво си објасни).
-Има дана за мегдана-рече Гај Јулије Цезар на Мартските Иди.
-Абе слушај ме кога ти викам. Да господару мој! Не е работава дека не во право тоа што го збори. Муабетот дека сака да ти наметне позиција на авторитет.
-Капка по капка-вир-Анонимен научник експерт за водата и се околу неа како на пример испарување, или впивање во почвата.
-Испод Мира триста вира-Слободан Милошевич
-Брат брата не рани ама тешко кој го нема. Не сум сигурен дали ова го кажа Каин, Авел, Дмитриј, Иван и Алексеј Карамазови или Лиам и Ноел Галагер.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.157
Поени од реакции
30.292
Можеби најклише реченица користена на популарните манифестации како Оскари, Евровизија, Мис на светот.
-Вечерва сите сте победници.
Е како? Додека мис Индонезија се смешка со круната на глава и додека Мис Бразил и Мис Луксембург се смешкаат со појас втора и трета придружничка и два букета, додека останатите победнички мисици се смешкаат и си одат дома со празни раце. Победнички мај ес.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.039
Можеби најклише реченица користена на популарните манифестации како Оскари, Евровизија, Мис на светот.
-Вечерва сите сте победници.
Е како? Додека мис Индонезија се смешка со круната на глава и додека Мис Бразил и Мис Луксембург се смешкаат со појас втора и трета придружничка и два букета, додека останатите победнички мисици се смешкаат и си одат дома со празни раце. Победнички мај ес.
„Битно е да се учествува“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom