Клише реченици кои сите ги мразиме

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Идеш на факултет? Како е, иде?

Што ти е гајле што праам и какви планови имам во животот :tapp:
 
He's not fooling anybody!


On> Она ради реда: Кај си? Добра си? (не дека го/ја интересира како си)
Па ако не ти рече ништо,ќе си речеш-шо му е филмот на вој,не ме поздравува веќе,се праи кураципол..и сл. :D
Абе си размислуам,(стариве викаат),поарно опцуј ме,отколку да си поминеш ко на турски гробишта,вајда сите сакаме внимание јбг
 
Она што нема да те убие, ќе те направи посилен.*

*Оо, имаше мозочен удар на возраст од 80? Одлично, тоа ти додаде плус 20-30 години живот.
 
Што има ново? :tapp: Срцево ме стега помалку кога ќе го чујам прашањево. Ај на луѓе што ги знам сум им рекла, таква глупа работа да не ме прашуваат, нити ќе им изнакажам што има ново, нити па нешто ги занима. Е на другиве што ги гледам еднаш годишно, морам да им го истрпам моментот.

А и има една што често ја слушам во последно време: Леле сите се испомажија. Кои бре сите, два тројца чуле и опа паника:cool:

И број три но не и помалку омразена: Кога се сака се се може. Посебно кажана кога си апсолутно поразен и немаш никаква шанса за успех, за било што да се работи. Во животов мој мислам дека нема да сретнам понаивни луѓе од оние кои ја тресат оваа зелена. А може и не се наивни, и човечка злоба работи во момент на туѓа слабост.
 
ДА живее Македонија да ЖИвее ВЕМЕРЕО...................и со пиштол да пукаме.
 
Ми се десило неколку пати истиов муабет, сега последно за св. Никола кога бевме кај еден другар на слава и баба му не начека на одење:
- Ај до година со невести (на дијалект доаѓаше: со неести) да идате.
- А бабо Благуна, за тоа рано ни е.
- Епа ај до година со девојки ко така...
- А бабо Благуна, за тоа пак касно ни е сега.

:tapp:
 
Кој како си ја наредил ..... ме иритира кога некој ќе ми каже.
 
Не се нервирај ќе биде.... :tapp: си заглавил скроз а овој те теши да не се нервираш ќе бидело ццц
 
Пофали се, има ли нешто ново? - како може да има нешто за фалење коа секој ебан ден ме прашуваш!?
 
1.Епа сеа тоа е јебига - значи косата ми се крева кога ќе ја чујам оваа
2.На факултет како? - ка*ано...
3.Кој како си ја наредил...
4. Што ќе се пофалиш?
5. Кој го/ја е*е - во исти кош со - Кој те шиша -Маре што има фризерница долу во зградава...
6.Сите можни досетки, поговорки, пословици на српски не можам да ги поднесам. Ми се чини на нив сум најалергична.
 
Колега - Помалце од месец требаше за да фатам аверзија спрема зборов на факс

Не баш, ама да - o_O Сечи, полека, ај од почеток !

Нешто ново ? - ..... :cenzura:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom