Значи одам во теретана со еден вработен во Вардар, вика нема земено уште плата уште ниеден спонзор не е влезен а вика Денес на конференцијава ќе кажат како демек имаме.... Се се лаги мислам, сеуште нема денар донесено во тимот. а Горан Битола и Прилеп сами се уништија, како и Вардар, кој ви дојде на врв краде се а вие седите со скрстени раце, ми се плаче што нема јак Пелистер и ПОбеда, но вие како навивачи седите на гз и не реагирате епа Миравци - Миравци битно се заангажирале луѓето, вашава општина што!?
Нема ниту еден вработен што нема земено плата во Вардар од прв до последен и од играчи и од вработени. Од администрација до играчи и тренери и на прв тим и на младинските категории. Провери во УЈП ќе ти биде јасно сите се пријавени во Агенција за вработување. И премии и бонуси им се исплатени на сите. Срамота за дезинформации.
Се си е ОК финансиски само неколку проекти се одложија пошто сме сред преминување во АД и претседателот денес на прес конференција наведе дека дел од активностите што беа превземени пред нова година се стопирани до добивање документ од Централен регистар. Процедура е во тек и за неколку денови ќе заврши. Тоа го тера управата или дел од неа а другиот дел обезбедува спонзорства, а другото какви ѕвезди какви бакрачи тоа ќе си се искорегира и ќе се гледа да не се прават веќе такви работи.
Сега за сега ниту еден медиум не го пренесе пресот во целост а во кој беа запазени и дел од работите што ги спомна и Saber Rider а тоа се:
1. Ивановски останува во Вардар
2. Има план за засилувања и тоа Илчо го кажа ама не кажа заради дискретноста до потпис.
3. Нема да продадеме ниту еден играч заради плати или слични глупости зошто сите си добиваат навремено плата па дури исплаќавме и добар дел од досегашните долгови на Вардар. Погоре кажав зошто е тоа така и вакумот кој е настанат заради формирањето на АД-то кое е при крај.
4. Просториите се готови и на дирекцијата и делот што е на јужна останати се собата за трофеи и некои ситници. Буџетот е 1 милион евра без спонзорите, а средствата од спонзорите ќе се користат заради доведување екстра квалитетни играчи во летниот период зошто другото е финансиски покриено. Амбициите се двојна титула и што подобар настап во Европа.
5. За ревијата знам дека се одложи да биде по формирањето на АД од правно финансиски причини.
6. Самокритични сме во однос на маркетингот и тоа ќе биде главна работа на АД во видоизменет состав на управата. Сами признаваме во кој дел сме потфрлиле и што сега ќе се правдаме или ќе ги објаснуваме причините за тоа секој си одговара за својот дел од работата. На крај краева ќе има и промени во самата управа.
7. За АД беше кажано дека за 10-на дена ќе се заврши, со документи како што најавив и претходно, навистина сме во завршна фаза и тоа беше јавно изнесено. А во однос на долговите друже никој жив не знае ама добар дел се исплатени а за во иднина ќе кажат правниците и институциите.
8. Од спонзори беше најавен ЕВН а другите ако се се заврши како што треба се надевам пред почеток на пролетниот дел од сезоната.
Две работи што не беа изнесени на пресот како информации што ќе земам за слобода да ги изнесам:
- ќе има минимум 3 од кои едниот е холанѓанец и тоа екстра играч барем по тоа што успеав да го добијам како информација и да видам како игра;
- за тренинг на фудбалерите се планира да се среди споредното игралиште и за тоа веќе има изготвен проект и финансиска конструкција, нешто слично на тоа што го има работнички од другата страна, само се надеваме на подобро (здравје боже);
Толку од мене, ќе пишам кога ќе биде целосно формирано АД-то а во меѓувремено тука сме и за критики и за пофалби