Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Пошто нема никакви битни официјални новости од клубот (ЕП во ракомет им дојде како порачано), тоа што успеав да прочитам од медиумиве е дека во Анталија најверојатно ќе има контроли со полските Lech Poznan и Jagiellonya Bialystok, норвешки Odd Grenland и белоруски Shakhtsyor Salihorsk. За нови имиња во екипата, и понатаму сме во исчекување.
 
Денес од 15 часот ќе се одржи ждрепката за полуфиналните двојки од купот на Македонија.
 
Извлекувањето ќе се одржи во просториите на ФФМ, нема информација сеуште дали во живо ќе биде пренесуван настанот.
Како и да е, наши можни противници се Работнички, Ренова, или Турново.

Ги посакувам сега Турново, или Ренова, за да на крајот во финале ги плеснеме комшиките пред 15,000 публика на арената. Што викате ?:)
 
Вардар - Ренова 1/2 финале куп на РМ

Првиот натпревар се игра во Скопје.
 
Уф лоша ждребка, мада кој и да ни паднеше исти курац, можеби со Турново само ќе поминевме полесно...
Ти ебам Реновата :facepalm:
Мада сите противници се мртви екипи, никаква атракција не нудат...
Турново-мртовци
Ренова-мртовци
Едино со комшикиве ќе беше интересно само затоа што е градско дерби...
Али океј, подобро со нив во финале, отколку полуфинале :D
 
Ќе беше подобро Турново да ни се падне,али тоа е.
Мислам дека ни се падна најтврдиот противник,редно е веќе да ги тепаме.
Па у финале да играме со комшиките,да им приредиме уште една тортура.:)
 
На 25 Јануари играме пријателска со Локомотив од Пловидив (бар така пишува на страната на Вардар).
Да не има некој инфо за извесен Македонец од Австралија кој бил на проба во Вардар?
 
Зошто лоша ждрепка??? Ждрепката е одлична баш како што нас највеќе ни одговара, бидејќи мислам дека сите сакавме финале со Работнички у мај. Тоа што изигравме 2 пати нерешено со Ренова ама уопште не ме плаши бидејќи 2 пати со гзлачка среќа извадија реми (во Скопје со дрвото Али во напад, таму шансата на Ивановски во 90 кога промаши празен гол од 3 метра)плус сигурно ќе влеземе засилени на пролет. Да паднеше Турново лесно ќе стигневме во финале ама Работнички тешко ќе се провлечеше поред Ренова и замислете да има финале на куп со Џепчиште мафија на кој би дошле 2-3 000 гледачи. Вака ние сме големи фаворити исто како и комшиите па многу е реално да гледаме финале на куп во атмосфера како што му доликува со полна јужна и се надевам запад со бројка од 2 000 Комити.
 
Вардар од денес на подготовки во Дојран

Фудбалерите на ФК Вардар денес заминаа за Дојран каде ќе го имаат вториот дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната. Откако тренерот Илчо Ѓорѓиоски го одработи првиот дел со своите фудбалери овде во Скопје сега на ред е зголемување на темпото и тоа во Дојран.
26 фудбалери на Вардар предводени од стручниот штаб од денес до 26-ти јануари ќе бидат во Дојран каде ќе тренираат двапати во денот (од 9 и 15 часот). Исто така Вардар договори одигрување на еден пријателски натпревар со Тиквеш во Дојран и тоа на 25-ти јануари.
Од друга страна досега се договорени две контролни средби во Анталија каде фудбалерите на Вардар ќе бидат на подготиовки од 2-ри до 16-ти февруари.
Досега се договорени две средби со Солигорск (Белорусија) на 05.02.2012 и со Јагиелонија (Полска) на 11.02.2012., но се преговара и со други екипи со кој Вардар би играл во Анталија

http://fkvardar.mk/vesti/142-2012-01-20-11-42-47
 
Еве една слика од Дојран, кој играч е овој првиот од лево? Изгледа тој е новиот...
408037_277068152355858_100001580268539_775272_597360850_n.jpg
 
Повеќе овој третиот ми изгледа како нов играч, пошто ако не се лажам прв пат го гледам во животов :D А некако ми има дебилска Австралијанска фаца :icon_mrgr:
А и овој првиов не ми е познат...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom