ЕП во ракомет 2012 - група Б (Ниш)

Кој три репрезентации ќе одат во втората фаза?

  • Вкупно гласачи
    193
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.424
Поени од реакции
16.710
Дечки дај некој интересно сликиче нека среди за првенствово, мене не ме бива нити пак ми иде некоја инспирација моментално :)
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
има многу подобри играчи од георгиевски и од манасков и од столе, кои поголемиот дел од јавноста и не ги познава освен ние овде поупатените во ракометот, пример перица петрушевски од пролет, павловски пикер од свети николе, гоце ојлески на лево крило во сѐ е подобар од дејан манасков, и плус негова позиција е лево крило, а природна позиција на манасков е центар, а ради место во составот принудно се гура на крило, а факт е дека техниката на изграден шут од крило ја нема, во споредба со ојлески да речеме, и уште редица други играчи, еден бутин, (недановски), со сила го избришаа од врвот во македонскиот ракомет, перфеткно крило, јак одбрана, како ке дојдеше сеа топ, но тоа кој како зашто стига до место во репрезентација се долги приказни. додека нашите тренери сметаат дека играчите со 24-25 години се млади и сега им се дава шанса да стекнат малце искуство, демек тие се нашите надежи, нивните врсници по светот веќе имаат долга кариера за себе, како палмарсон, дувњак, хансен, михаил шпет пикерот на германија, гејншајмер, штрлек, кауфман...редица од врвни млади(врсници или помлади од нашиве 'млади') ракометари играат и се борат за медали додека гоце горгиевски и ојлески и компанија куковски гледаат само на телевизија
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Чесите изгубиле 8 разлика од Србија. Со нетрпение го очекувам дуелот со нив, за да му ја видам фацата на селекторот после дадената изјава.
Ако се игра со срце, и кога зад нив ќе има голема подршка може да се оствари и 3/3 :D.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653

Павловски подобар од Столе??? :pos:
Мислам се сложувам со поголем дел од текстот, ама Манасков си е заслужено дел од ЕП. Таму исто така требаше да биде и Ојлески и Георгиески за сметка на Златко Мојсоски.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931

Кај го спомна Перо формула па и Бутин го забораив него.
Знаеме кој и како диригира во репрезентација и затоа досега немаме позначителен успех иако реално возможен бил.
Павловски подобар од Столе??? :pos:
Мислам се сложувам со поголем дел од текстот, ама Манасков си е заслужено дел од ЕП. Таму исто така требаше да биде и Ојлески и Георгиески за сметка на Златко Мојсоски.
Манасков заслужено? Со што? Со славата на тато?
Жити се колку си ти упатен во ракометов незнам ама со ова погоре не ми делуваш нешто многу.
За пикер позиција нема да зборам ама се друго си е на место.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Околу Манасов мали,мислам дека Пепи нема толкаво влијание шо тој е во репката..:unsure:
И така Пепи не се мириса многу со Металург(знаеме како заврши неговата тренерска кариера таму)...
Металург како клуб репрезентација притиска нивниот играч да биди таму,како замена за Аљушот.....(не дека ќе добива некоја голема минутажа),но сепак ќе билда искуство,зошто го спремаат за наредните години....
Ако се одеше по квалитет требаше Ојлески да добие предност..
Да не беа малерите со повредите на Бутинот тогаш ако се гледаше реално тој беше прва опција...
Дечкото има неверојатен талент,+страшен дефанзивец.....(идеална замена за Аљушо,ептен наликуваат во својата игра еден на друг)....
Нешто шо не можи да се добие од ни од Ојлески,а уште помалку од Манасков...
Околу Павловски,добар пикер е,ама нема висина и тежина за едно вакво натпреварување против ГОРИЛИ....
ЌЕ ГО ИЗЕДАТ....
Столе е во моментот најдобра варијанта за пикер,има предиспозиции,доста напреднал во играта последните години,и мора да ја добие целосно својата шанса...
Ванчо(ако се опорави)...нека влегува од клупата,да го одмори малку...
Штета шо Марковски не е уште изделкан за врвна одбрана,ако имавме јаки(дефанзивни) тренери Македонија ќе го имаше во него својот Доминиковиќ или Јаков Гојун....
Времето е пред него....очајно ни требаат такви џинови во одбрана...Јоноски веќе остаре за делкање:D
Тука сме слаби,ете да речиме со исклучок на Велко,кој го трансформираа во класичен дефанзивец,но повеќе тој би користел доколку игра како халф,за на средина ќе ни треба нешто далеку ПОМАСИВНО И ПОВИСОКО...:)
Среќа шо душманите немаат некои пикери од врвна класа,па ќе можиме некако да парираме....
Мора да имаме играчи во ротацијата кои ќе играат исклучиво одбрана,така ќе се зачуваат другите играчи од мачењата во одбрана,пред се мислам на Аљушо и Миркуловски,па тие колку шо се измачени никој не е....ај шо се потребни во напад,туку главниот товар паѓа на нив и во одбраната....+Темелков,ова се тројца клучни играчи кои носат огромен товар во одбраната...кога играш јака одбрана,тогаш паѓа и кондицијата и нападот трпи....
Колку добро би ни дошле сега уште еден,двајца јаки играчи во одбрана,штета шо се повреди Мите Стоилов.....сеа ќе треба со Јоноски да се проба(да видиме дали Звонко ќе го пушти во игра,ќе ни треба неговата висина)...
А не да се мачиме и да играме со Миркуловски,кој со 188 см,треба да чува бекови од 2 метра...:eek:
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
одамна не сум пишал... дали бидејки дел од ракометарите, ги познавам како неракометари, шо се вика од чаршија.. ама ако германците ги гледаме како машини, голем дел од нашиве ракометари се присобрани :) позитивно искажано, имаат некаков осет и талент-донекаде :). додека пола од просперитетните млади надежи се пијанчеа а марковски, на пример трудољубиво работел, иако не се гледаше дека има некакви спортски афинитети.. и наместо дрес добивал маичка од локалниот клуб бидејки бил 5 постава, еве детето па би рекол и заслужено дотуркал до репрезентација.(Не за друго не сум налетал на некој по спремен од таа позиција) да скратам
Мојсоски малиот.. не е ни 5-тина од брат му. На негово место георгиевски дефинитивно. А можеби па и мојсоски може да дојде наместо темелков кој игра во Луксембург ебаго :)
Ојлески не сум го гледал ама гледам дека во домашно првентво некое време е еден од подобрите стрелци изминатите години. И да играл боље од манасков..се знае кој ке во репрезентација.
Кукоски е добар, можеби и треба да е во репрезентацијата, т.е. би требало да се проба.
Ја на првенствово се надевам дека ке тргне некоја комбинација мегу мојсоски и миркуловски и дека ке фатат серија на голови, и така ке ги разбиеме екипите, и ке го тргнат фластерот од Кире. Ако тоа не проработи на сите 3 утакмици...следува пораз. Бидејки барем мене ми се чини дека повеке од сигурно сите ке играат обрана 5-1.
Ми текнува:ракомет- Фластер на манасков, ние губиме. ми текнува кошарка: фластер на Пеце наумовски, губиме.
Ми се чини дека мојсоски му фали висина. Дека е подобар како играч од Лазаров...ама поради висината неможе и многу слабо оди со високи играчи.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Чесите изгубиле 8 разлика од Србија. Со нетрпение го очекувам дуелот со нив, за да му ја видам фацата на селекторот после дадената изјава.
Ако се игра со срце, и кога зад нив ќе има голема подршка може да се оствари и 3/3 :D.
да и Шведска ја прегази Русија 7 разлика водеа при крајот незнам точно како заврши..
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Околу ..........
Претседател на РФМ е Михајло, ако некој игра улога околу составот на репрезентацијата мислам дека е он Металург нема некое големо влијание по мое мислење за играњето на Манасков.
Бутин игра сега некаде или?
Што подразбираш под тоа јаки дефанзивни тренери? Јас како што знам не се делат тренерите на дефанзивци и офанзивци може да ги поделиме на некој што повеќе милува одбрана да форсира некој напад.
Јас познавам еден таков кај кого имам тренирано покрај целиот тренажен процес одбрана имаше поголем акцент толку "ќотек" нема изедено ни Кире до сега колку што јадевме на тренинзи.
Ракчевиќ е исто така низок ама напад е ѕвер само што е паднат бааѓи во форма.
Велко повеќе би бил за на центар-халф од причина што нема толкава брзина за на халф малце потромав е, иначе нема забелешки за неговото играње одбрана.
Модерниот ракомет е атомски ракомет мораш да бидеш 100% спремен и исто толку да дадеш во одбрана и напад зашто на брз центар нема ни време да се изврши замена.
Се сложувам Мите Стоилов и те како фали во одбрана, да се надеваме дека Ацо добро ќе го замени на таа позиција барем со висината која ја има.
Миркуловски срцето го остава на терен како во напад така и одбрана едино замерка што многу рано искача во одбрана и тука паѓа.
 
Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547
Jaс мислам дојде време да почниме сите да ги смениме сликите па да ги клајме на нашите ракометари !
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.006
Поени од реакции
9.776
opaa gleam Chesive go papale kao mali deca od srbija:D Edvaj cekam da dojde 19 da mi se pojavi pred faca toa cheskoto trenerce da mu kazam 2 zbora... I on i toa negovite rakometari ima da se userat u Cair... Nema da znae kaj se naogja!
 
Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547
4 дена до Европското првенство и првиот натпревар на македонската репрезентација- Карти за Чаир- Ниш за 3 утакмици на македонската репрезентација 0 . Секоја ни чест и ВИП картите ги откупивме !
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
^ Aбе, тешко дека „сите ние“ ги откупивме. Ги откупиле шиткачи, кои сеуште ги немаат шитнато... :)
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 12:28 ---
бтв...

Навивај за македонскиот ракометен тим!

Во пресрет на Европското првенство во ракомет стани Вип корисник и навивај за македонскиот ракометен тим!

Сите нови корисници на Вип оператор, кои во периoдот од 9-ти до 13-ти јануари ќе склучат нов или ќе го обноват својот постоечки постпејд договор, или пак, ќе купат нова Vip припејд картичка во еден од 19-те Вип центри ширум земјата, добиваат инстант изненадување со кое можат да станат добитници на влезница за еден од натпреварите на македонската репрезентација во рамките на првата фаза од Европското првенство во Ниш како и бројни ракометни изненадувања како навивачки реквизити, официјален дрес на македонските репрезентативци, Вип маичка, македонско знаме, навивачка труба...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom