Околу Манасов мали,мислам дека Пепи нема толкаво влијание шо тој е во репката..
И така Пепи не се мириса многу со Металург(знаеме како заврши неговата тренерска кариера таму)...
Металург како клуб репрезентација притиска нивниот играч да биди таму,како замена за Аљушот.....(не дека ќе добива некоја голема минутажа),но сепак ќе билда искуство,зошто го спремаат за наредните години....
Ако се одеше по квалитет требаше Ојлески да добие предност..
Да не беа малерите со повредите на Бутинот тогаш ако се гледаше реално тој беше прва опција...
Дечкото има неверојатен талент,+страшен дефанзивец.....(идеална замена за Аљушо,ептен наликуваат во својата игра еден на друг)....
Нешто шо не можи да се добие од ни од Ојлески,а уште помалку од Манасков...
Околу Павловски,добар пикер е,ама нема висина и тежина за едно вакво натпреварување против
ГОРИЛИ....
ЌЕ ГО ИЗЕДАТ....
Столе е во моментот најдобра варијанта за пикер,има предиспозиции,доста напреднал во играта последните години,и мора да ја добие целосно својата шанса...
Ванчо(ако се опорави)...нека влегува од клупата,да го одмори малку...
Штета шо Марковски не е уште изделкан за врвна одбрана,ако имавме јаки(дефанзивни) тренери Македонија ќе го имаше во него својот Доминиковиќ или Јаков Гојун....
Времето е пред него....очајно ни требаат такви џинови во одбрана...Јоноски веќе остаре за делкање
Тука сме слаби,ете да речиме со исклучок на Велко,кој го трансформираа во класичен дефанзивец,но повеќе тој би користел доколку игра како халф,за на средина ќе ни треба нешто далеку
ПОМАСИВНО И ПОВИСОКО...
Среќа шо душманите немаат некои пикери од врвна класа,па ќе можиме некако да парираме....
Мора да имаме играчи во ротацијата кои ќе играат исклучиво одбрана,така ќе се зачуваат другите играчи од мачењата во одбрана,пред се мислам на Аљушо и Миркуловски,па тие колку шо се измачени никој не е....ај шо се потребни во напад,туку главниот товар паѓа на нив и во одбраната....+Темелков,ова се тројца клучни играчи кои носат огромен товар во одбраната...кога играш јака одбрана,тогаш паѓа и кондицијата и нападот трпи....
Колку добро би ни дошле сега уште еден,двајца јаки играчи во одбрана,штета шо се повреди Мите Стоилов.....сеа ќе треба со Јоноски да се проба(да видиме дали Звонко ќе го пушти во игра,ќе ни треба неговата висина)...
А не да се мачиме и да играме со Миркуловски,кој со 188 см,треба да чува бекови од 2 метра...