Serie A 2011/2012

Кој ќе биде шампион?

  • Вкупно гласачи
    463
Статус
Затворена за нови мислења.

Жути*

Kévin Constant за победа !
Член од
20 јули 2009
Мислења
794
Поени од реакции
275
За на страна ок, али на домашен терен нема шанси ти гарантирам да изгуби ... Ептен голема мотивација добиваат играчите, играат ко луди не за џабе фактот у просек 70% посед на топка и минимум 20 шанси ;) си го пратам ја Јуве знам како игра ... ;) ( знам дека нејќеш вакво смајли :P )
19. Round Atalanta - Juventus 21.01.2012
20. Round Juventus - Udinese 29.01.2012

Послем овие две утакмици малце другачие ќе глеаш на работите, премногу високо летнавте во облаци а заборави дека твојот Јуве спаси глава и против Рома и против Наполи на кој два натпревари требаше да искочи како поразен ( али јбг не се случи) и за тоа Јуве е рамо до рамо моментално со Милан. А и на последново гостување кај Лече можам да кажам не бевте нешто најсјани затоа што и последниот во Сериа А создаде бајаги шанси за да стигне до израмнување. Искрено јас првиот пораз на Јувентус го глеам во некој од овие два горе споменати натпревари ќе видиме колку ќе се деси у најмала рака 2 кикса ( нерешено ).
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.246
Поени од реакции
8.150
^ Не знам за Аталанта (ми се гледаат јаки сезонава) ама за Удинезе не збори жити се. Срамота е што се на трето место. Па нема месец дена како им гостувавме и можам да кажам дека одиграа најпичкарски од сите екипи со кои играше Јуве до сега. Според мене срамота е екипа која котира така високо да игра на контранапади на свој терен и да е задоволна со 0-0. Кутрите му се бранеа на Јувентус со 9 играчи и беа комплетно надиграни на домашен терен така да мислам дека во Торино нема што да бараат.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.567

Ако го има некој претходно стаено, се извинувам за repost-от. Мрзата е крива не сум јас.
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.771
Поени од реакции
8.034
Ае отварајте тема за Милан - интер за во недела, па да пишам дека прв пат во животот ќе навивам за интер :vozbud: :drk:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.878
Поени од реакции
116.168
Сите зборат за тоа како Милан е зависен од Ибра, но и сите забораваат дека Милан сезонава е константно со 5-6 повредени играчи на страна (сега за дуелот со Аталанта 7 беа повредени). Е сега таков и е фудбалот и овие работи се неизбежни, меѓутоа ете Јувентус како што приметувам сезонава повеќе од 1-2 повредени играчи нема, најверојатно заради послободниот календар. Милан да беше во таа ситуација сигурен сум дека бар во најмала рака исто ќе играа како моменталниот Милан. Касано беше играч со најголем број на асистенции за 2011 година, и страшно фали во нападот. Па еден напад сочинет од Пато-Касано-Робињо/Боатенг би бил страшен ко за серија а. Знаејќи и дека останатиот дел од тимот е здрав и жив поради минималниот број на повреди.

Сето ова е реторички меѓутоа неможете да зборите дека Милан е апла зависен од Ибра (еве не ти, но некои други и тоа го викаат) кога тимот е далеку од комплетен. Дури и Барса, Реал и останати големи тимови кога би биле осакатени со повреди би зависеле од некој клучен играч кој без него би биле ко пола тим од тоа што се.
Ќути брат не ги спомнувај тие повредите у курац, до вчера Интер подвижна болница беше, али шта је ту је. Иначе се слагам со цел твој пост и истото го мислам, Ибра не би функционирал така доколку ги нема Боатенг/Касано/Пато/Робињо/Бомел/Сидорф до него, ипак нели колективот победува, не е тенис ова па сам да победува Ибра. :)
Јуве ради тоа што не игра во Европа игра константно и добро, али не се слагам со некои Јувенташи дека ќе тераат во исто темпо и дека нема да кикснат на домашен терен т.е. да изгубат. Али секој со свое мислење јебига крајот ќе каже кој бил во право.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.246
Поени од реакции
8.150
Се сложувам со тоа дека неиграњето во Европа му е мала предност на Јуве ама не и пресудна. Еве и Палермо , Киево, Катанија... не играат во Европа па што не играат добро во Серија А. Факт е дека Јуве по две-три сезони склопи добар и конкурентен тим и тоа е најголемата причина што вака котираат во првенството.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947

Јас мислам дека неиграњето на Јуве во Европа му е огромна предност во однос на Милан и Интер која што до сега не ја користи поготово кога се работи за Милан.Со вторава реченица Јуве го споредуваш со Палермо,Катанија и Киево ...Дека Јуве склопи добар тим склопи но кога би играле во ЛШ мислам дека не би котирале вака добро во Италија.(мое мислење)
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.246
Поени од реакции
8.150
Јас мислам дека неиграњето на Јуве во Европа му е огромна предност во однос на Милан и Интер која што до сега не ја користи поготово кога се работи за Милан.Со вторава реченица Јуве го споредуваш со Палермо,Катанија и Киево ...Дека Јуве склопи добар тим склопи но кога би играле во ЛШ мислам дека не би котирале вака добро во Италија.(мое мислење)
Како прво, Јуве до сега има само два реални кикса, нерешените дома со Болоња и Џенова при што скорот дома е 8 6 2 0. Не е реално некој да одигра 17 меча без да киксне. Другите нерешени се на гости од кои 3 се кај Удинезе, Наполи и Рома и другите две се кај Катанија и Киево со скор 9 4 5 0. Победени се на гости Интер и Лацио. Дома е победен Милан. Не би рекол дека Јувентус не одиграл добро во досегашниот дел. Според тебе испаѓа дека Јувентус требал да му бега на Милан 7-8 бода.
Како второ, по што тоа е Удинезе подобар од Јуве па да може да игра во Европа и да биде на 2 бода од прво место а Јуве доколку играл во Европа немало да котира така високо?
 
Нигде јас не реков дека Јуве лошо изиграл до сега напротив мислам дека до сега супер ја тераат сезонава.
Да мое мислење е дека Јуве требаше да му бега на Милан макар и бод со оглед на тоа што не играат во ЛШ плус повредите што го зафатија Милан ....
Удинезе е сега на 2 бода од Милан и Јуве само заради добрата воиграност на играчите но таа бодовна разлика со тек на време ќе се зголеми.Немаат они капацитет до крај вака да се држат па на крај знак прашалник е дали ќе биде во топ 3 плус ЛШ со ЛЕ не се споредува.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Абе баталете го Удинезе , не може цело време со тие играчи да игра на високо ниво ... Топ 3 по подолго време (едно 3-4 години можеби) ќе бидат Јуве,Милан и Интер, али каков ќе биде распоредот за местата на крајот ќе видиме :icon_lol:
 
Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Sky: Milan have locked Muntari up for next season. He is joining them in June at zero cost
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom