Бранка на сите им чинеше до летото 2010, од 2005 до тогаш беше перфектен и еден од најдобрите технички директори, сите тоа го признаваа, сите му симнуваа капа за Ибра кој доколку завршеше во Милан прашање е дали едно Скудето по Калчополи ќе освоеа Интер, сите му симнуваа капа за летото 2009.
Дојдоа финансиски проблеми на тимот, односно, тенкиот, претенкиот буџет кога е во прашање Интер во споредба со минатото и Бранка оп, не чинел, коинциденција е ваљда фактот што кога клубот трошеше ( и тоа не претерано, во споредба на пример со 50те милиони на Јуве за Мело и Диего, или милионите на Челзи, Сити, Реал па и Барса , он беше феноменален, а сега наеднаш не чинел, аматер бил или што ти ја знам.
Не треба многу да се објаснува што значат финансиските ограничувања во денешно време.
Се полесно кога се има пари, и Галијани не им чинеше на фановите на Милан до лани, ама со тие пари претходно тие беа можностите, Бориело, Хунтелар, Лео на клупа, Сендерос и ред други промашени и глупави трансфери, дојдоа до дереџе Мансини од Интер да го позајмуваат.
До душа, кога ќе видиш, Бранка дојде во 2005 а максимум за едно лето никогаш не потрошиле над 50м евра ако не се лажам, до неговото доаѓање скоро секое лето над 50 трошеа.
Интер се еден од ретките клубови во Светот кои по продажбата на својот најдобар играч и лидер на екипата, кој многу значеше за тимот, успева за едно лето да состави тим кој подоцна освојува тројна круна, и тоа за главен напаѓач да им е играч ко Милито кој до тој момент никад не се докажал на такво ниво и никогаш не играл во ЛШ.
Далеку е од Мурињо само работава кога беше во прашање составувањето на екипата, да се прашуваше Мурињо тоа лето, Ибра никогаш немаше да замине, а исто и Лусио никогаш немаше да дојде, туку ќе дојдеше оној ќелешон Карваљо.
Што е најважно, освоија тројна круна а летото кога го составуваа тимот за истата, беа во финансиски плус, а не минус, продажбата на Ибра > oд се што донесоа.