Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Приметив приметив, еден од најепик постовите на форумов е, кој не го прочитал, нека го прочита.
Kaков epic пост,кафето од стомак ми излезе од смеење :pos:

Io, zosto vo KAM marketite ne pustaat muzika? Vo Tinex ima muzika, vo Vero ima muzika, samo vo KAM nema... depresivno e, neli Io? A, Io?
И мене не ми е јасно ова сеуште :pos:
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
949
Јас знаев дека ќе биде бетер по 2 одиграни натпревари за Интер. Тоа никој од тука не го знаеше и сите викаа дека е најбољи, али ете без кловнот на терен 5 победи по ред ги имаме. Го викав истото и за Бјамбјани по 2 натпревари, вие(и некој од миланезиве се убави ми текнува) ми викавте да му дадеме шанса... (не, не сакам да ме препорачате кај Морати)

Друго, јас очекував дека ќе биде добро засилување(од тоа што си замина Ето и што не дојде никој посебно), али јас го имав гледано 0 утакмици за Лацио претходната сезона, а некој зема по 1 милион евра(или 100.000 сеедно) за да ги следи тие играчи и нивната форма. Зашто ги плаќаме тие скаути?

И сеа, се согласувам со тебе. Никој технички директор не е непогрешлив, али проблемот е што кај нас техничкиот е одговорен и за изборот на играчи. Така да секој лош играч паѓа на товар на техничкиот директор. Затоа јас не можам да разберам од кај тоа ни викате да не го критикуваме Бранка, кога он ги донесе Нагасаки, Каржа, Бјамбјани, Зарате, Форлан, Кастињос, Џонатан, Поли...(не дека некој нема да се развие, али засега ништо посебно)

А Милан го донесоа Ибра за никаква сума. Дали треба да го величиме тој што го донесе? Не. Знаеш зашто? Зашто Барса мораше да се ослободи од него и неговата плата, Виља веќе беше договорен итн... Дај нека го донесат Меси за тие пари... Затоа и кажав дека не треба да се величи Бранка бидејќи Милан даваат понуда што мора да се одбие, ако се вклучи ПСЖ со 30 милиони во кеш ние отпаѓаме по брза постапка...

Муабетот ми е, и ми беше, клањање кога ќе им шитнат пак на Милан 2 пропаднати таленти и еден акутелен талент за 6 милиони, вака не...
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 02:46 ---

Се беше вклучено тука, 2.7-3 милиони беше почетно што им платија, плус платата, заокружив на 5 милиони...
Најлесно е да се критикува откако времето ќе покаже кој потег е вистински, а кој не. Тоа време, ниту еден фан на Интер не беше против Зарате, колку и да троламе тука дека Бранка направил лош потег. И верувам дека 50% и повеќе биле повеќе за Зарате него ли за Тевез од истите причини кои што сега ги читаме како негова негативна страна.

Да, секој лош играч паѓа на вина на техничкиот директор, но и на тренерот. Кој му е крив на Раниери што Киву добиваше шанса пред Џонатан или Станкович пред Алварез? Бранка? Јас од новите засилувања не можам да препознаам еден флоп, освен Зарате.

Контрадикторен си. Ме мрзи да се навраќам неколку десетина страни наназад и да ти вадам постови каде го критикуваш Бранка дека спиел зошто Милан го договорил Тевез, а сега лесна му била работата демек Милан и ПСЖ испратиле смешни понуди.

Бар досега, со овие ограничени ресурси, Бранка одлично си ја врши работата. Океј, освен неаганжирањето на Санчез уште ланската зима, но и барањата на Удинезе беа ненормални и Зарате, кој никој не би можел да претпостави дека досега ќе има само еден гол дадено.

Го видовме што направи пред две години со малку повеќе пари од ова со што сега располага Интер.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Киву пред Џонатан :D

Дечкото со пуканките пишуваше за спиењето на Бранка врз основа на изјава на Агентот(ми се чини) на Тевез дека Интер закасниле и дека веќе се во понапредна фаза со Милан. И не знам што е контрадикторно тука. Мене пак не ми е јасно и не ми објаснивте зашто да му се клањаме на Бранка. Што направи посебно? (Да му се клањаат на Галиани ако го донесе Тевез со плаќање во 2013 со иста сума како таа од Интер, ако не ви е јасно зашто, ќе ви објаснам)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.336
Поени од реакции
47.015
Бранка на сите им чинеше до летото 2010, од 2005 до тогаш беше перфектен и еден од најдобрите технички директори, сите тоа го признаваа, сите му симнуваа капа за Ибра кој доколку завршеше во Милан прашање е дали едно Скудето по Калчополи ќе освоеа Интер, сите му симнуваа капа за летото 2009.
Дојдоа финансиски проблеми на тимот, односно, тенкиот, претенкиот буџет кога е во прашање Интер во споредба со минатото и Бранка оп, не чинел, коинциденција е ваљда фактот што кога клубот трошеше ( и тоа не претерано, во споредба на пример со 50те милиони на Јуве за Мело и Диего, или милионите на Челзи, Сити, Реал па и Барса , он беше феноменален, а сега наеднаш не чинел, аматер бил или што ти ја знам.
Не треба многу да се објаснува што значат финансиските ограничувања во денешно време.

Се полесно кога се има пари, и Галијани не им чинеше на фановите на Милан до лани, ама со тие пари претходно тие беа можностите, Бориело, Хунтелар, Лео на клупа, Сендерос и ред други промашени и глупави трансфери, дојдоа до дереџе Мансини од Интер да го позајмуваат. :tapp:

До душа, кога ќе видиш, Бранка дојде во 2005 а максимум за едно лето никогаш не потрошиле над 50м евра ако не се лажам, до неговото доаѓање скоро секое лето над 50 трошеа.

Интер се еден од ретките клубови во Светот кои по продажбата на својот најдобар играч и лидер на екипата, кој многу значеше за тимот, успева за едно лето да состави тим кој подоцна освојува тројна круна, и тоа за главен напаѓач да им е играч ко Милито кој до тој момент никад не се докажал на такво ниво и никогаш не играл во ЛШ.
Далеку е од Мурињо само работава кога беше во прашање составувањето на екипата, да се прашуваше Мурињо тоа лето, Ибра никогаш немаше да замине, а исто и Лусио никогаш немаше да дојде, туку ќе дојдеше оној ќелешон Карваљо.
Што е најважно, освоија тројна круна а летото кога го составуваа тимот за истата, беа во финансиски плус, а не минус, продажбата на Ибра > oд се што донесоа.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
949
Не, туку речиси 70% од интерашиве во фан клубов ми личат на оние на Милан и Јуве до пред некоја година. Се живо испоплукаа и они бараа шеици да го купат тимот од Берлускони, Галијани не чинел, овие им го земаа Ибра, Робињо, Боатенг и Касано и пак се светци.

Кај нисколигашине, иста приказна. Се испоплукаа по Ањели и Марота како со 100 милиони не знаат тим да направат, им донесоа неколку добри играчи оваа сезона и сега се богови.

Не сте јасни. Сакате засилувања, ама сакате засилувања со 5-6 милиони евра. Па ни Алиса такви чуда не видела.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Знаеме историја, али не кажавте зашто да му се клањаме ако го донесат Тевез со вакви понуди од Интер и Милан?
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.336
Поени од реакции
47.015
Никој не треба да му се клања, ако успее да го договори само ќе потврди дека кога ќе има одврзано ќесе со пари од горе, може многу лесно да носи играчи кои се класа во фудбалот, ко што можеше многу лесно Алексис да го донесе, или Маскерано, Кајт.
т.е., он го договори Инлер летото 2009 на 31ви Август, Морати удри кочница на трансферот од нему познати причини, не дека нешто ќе променеше драстично Инлер таа сезона но во секој случај ќе претставуваше долгорочно решение за средината, и во еден конкурентен Интер без сомневање ќе имаше првотимски статус.

Пак ќе кажам, се е до парите, нека ги има само он на располагање, без проблем ќе создаде конкурентна екипа, бар кога е во прашање играчкиот кадар. И тоа не зборам за 100м евра, од 35 па нагоре, после многу лесно е да се одржува тимот со максмум 25м евра потрошени во секое наредно лето ( може и помалку, во зависност од тимот ).
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
949
Па после толку плукања за неактивност, за шетање, шопинзи, плажи, коктели успева да го донесе Тевез за кого еве и Ибра се плаши ако дојде во Интер... Што правиме доколку загриземе за титула ако евентуално (што не верувам) го тепаме Милан у недела? Кој ќе биде најзаслужен? Раниери и Бареси?

И зошто да не би му се клањал, кога до пред неколку дена логиката „ако играчот сака да игра таму и таму, таму и ќе игра, а клубовите ќе се договорат меѓусебно“ важеше на фан клубов и секаде низ нетов, па за еден ден пресврт како Милан-Ливерпул во Истанбул? Одеднаш неактивниот Бранка и цицијата Морати носат класа и пред се универзален напаѓач, со што нападот се дига до тоа ниво што и носоњана грда на уште недојден Тевез почнува да се плаши.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Никој не треба да му се клања, ако успее да го договори само ќе потврди дека кога ќе има одврзано ќесе со пари од горе, може многу лесно да носи играчи кои се класа во фудбалот, ко што можеше многу лесно Алексис да го донесе, или Маскерано, Кајт.
т.е., он го договори Инлер летото 2009 на 31ви Август, Морати удри кочница на трансферот од нему познати причини, не дека нешто ќе променеше драстично Инлер таа сезона но во секој случај ќе претставуваше долгорочно решение за средината, и во еден конкурентен Интер без сомневање ќе имаше првотимски статус.

Пак ќе кажам, се е до парите, нека ги има само он на располагање, без проблем ќе создаде конкурентна екипа, бар кога е во прашање играчкиот кадар. И тоа не зборам за 100м евра, од 35 па нагоре, после многу лесно е да се одржува тимот со максмум 25м евра потрошени во секое наредно лето ( може и помалку, во зависност од тимот ).
Се согласувам во се со тебе.

Па после толку плукања за неактивност, за шетање, шопинзи, плажи, коктели успева да го донесе Тевез за кого еве и Ибра се плаши ако дојде во Интер... Што правиме доколку загриземе за титула ако евентуално (што не верувам) го тепаме Милан у недела? Кој ќе биде најзаслужен? Раниери и Бареси?
Еј неактивност, колку земји прошета, ние толку на гугл не можеме да најдеме :)
Во овој случај одлучуваат парите, а не менаџерските/лидерските способности на Бранка, затоа реков дека нема потреба од клањање, џабе го затеравме муабетов во истории и што-би-било-кога-би-било муабети. Она што го кажа Син погоре е она што го кажував и јас претходно.

А за титулата, па дефинитивно Раниери и никој друг, бидејќи на Бранка беше одлуката за Гасперини :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.336
Поени од реакции
47.015
Чекај бе докторЕ :), да не заврши у Милан Тевез па да те цитираат тука. :icon_lol:
Ќе те откорнат од нотификации и постови на латиница. :pos:
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
949
Ти викам контрадикторен си.

Одеднаш историјата не е важна, ама кај и да е ако некое засилување не се покаже како треба, вади историјата пред нас, и листај за Санчез, Маскерано и Кајт. ;)
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 17:14 ---
Чекај бе докторЕ :), да не заврши у Милан Тевез па да те цитираат тука. :icon_lol:
Ќе те откорнат од нотификации и постови на латиница. :pos:
Хипотетички збориме, а за латиницава се надевам дека хипотетички нема да биде употребена. :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.336
Поени од реакции
47.015
Кога фејспалмот не е доволен за Матриксот



:pos: Која петарда.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.966
Поени од реакции
116.591
Абе а шо бидна со грдиот? Сеуште нигде не е отиден? Нека каже некој нешто повеќе не сум у тек со настаниве деновиве поради некои обврски.
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Абе а шо бидна со грдиот? Сеуште нигде не е отиден? Нека каже некој нешто повеќе не сум у тек со настаниве деновиве поради некои обврски.
Спроред Газета овие денови во Милано ќе има состанок помеѓу агентот на Грдиот и Бранка со компанијата. Комплицирана е работава. Иако се очекува пред тоа Сити да ја прифати понудата на Интер од 25М, и плус можеби 5М како бонуси во следните 3 години.

пс. Престанете да го величите Бранка, бидејќи и мене да ми даде Морати 50М на располагање ќе ги донесам тие играчи што он ги донесе. Силата е во парите дечки, не е во Бранка.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
949
Прочитав дека Морати покрај таа понуда, спремен е да опрости и некаков долг од трансферот на Балотели кои што Сити го имале кон Интер. Така да, горе-доле, цената испаѓа 30-тина милиони евра со се бонуси.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom